„Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство, бидејќи е напишано: „Секој да е проклет што виси на дрво!“, така што благословот даден на Авраам да дојде преку Исуса Христа врз незнабошците, за да Го добиеме ветениот Дух преку верата.“
Проклетството на законот, сите проклетства што некогаш биле или некогаш можат да бидат, се едноставно поради гревот. Ова е силно илустрирано во Захарија 5,1-4. Пророкот видел „свиток како лета; должината му е дваесет лакти, а ширината десет лакти.“ Тогаш Господ му рекол: „Тоа е проклетството што ќе се излие врз целата земја.“ Всушност, овој свиток ги претставува сите проклетства кои се по лицето на целата земја.
И што е причината за овие проклетства над лицето на целата земја? Еве ги причините: „И секој што краде, ќе се истреби, како што е напишано на едната страна; и секој што се колне лажно, ќе се истреби – како што е напишано на другата страна.“ Всушност, овој свиток е Божјиот закон и се наведува по една заповед од секоја страна, што покажува дека и двете страни на законот се вклучени во свитокот. Секој што краде – секој што ќе го наруши законот во она што се наоѓа на втората страна/плоча – според него ќе биде истребен од оваа страна на законот , и сите што се колнат – секој што ќе го наруши законот на првата плоча – ќе биде истребен според таа страна од законот.
Така, небесните писатели не треба да напишат изјава за секој поединечен грев на секој човек, туку едноставно да укажат на свитокот кој се однесува на секој човек на конкретната заповед која е прекршена во секој престап. Дека ваквиот свиток на законот оди со секој човек, каде и да оди, па дури и кога престојува во неговата куќа, е јасно од следните зборови: „Јас го пуштив – вели Господ – и тој ќе влезе во домот на крадецот и во домот на оној, што се колне лажно во името Мое, и ќе остане во домот негов.“ И ако не се најде достоен, таму ќе остане свитокот на законот додека проклетството не го уништи тој човек и неговата куќа „и ќе ги истреби него, и дрвјата негови и камењата негови.“ што значи, додека проклетството не ја проголта земјата во тој голем ден, кога самите елементи ќе се стопат со жестока топлина. Зашто „Законот“ е „силата на гревот“ и проклетството. 1. Коринтјаните 15,56.
Но, благодарение на Бога, „Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство.“ Целата тежина на проклетството дојде врз Него, бидејќи „Господ ги натовари врз Него гревовите на сите нас.“ Тој бил создаден и „не знаеше грев, Бог за нас Го направи грев.“ И секој што Го примил, добива слобода од сите гревови и слобода од проклетството, бидејќи е ослободен од сите гревови.
Значи, целосно Христос го сносел сето проклетство, зашто кога човекот згрешил, проклетството дошло на земјата, и таа родила трње и бодлики (Битие 3,17.18), Господ Исус, во спасението на сите нешта од проклетството, носел круна од трње и така ги откупил и човекот и земјата од проклетството. Благословено да е Неговото име. Работата е завршена. „Христос нè откупи од проклетството.“ Благодарете му на Господа. Тој за нас беше проклетство, бидејќи Тој висеше на дрво.
И бидејќи ова сè е остварено нешто, слободата од проклетството преку крстот на Исус Христос е бесплатен Божји дар на секоја душа на земјата. И кога еден човек го добива овој бесплатен дар на откуп од сите проклетства, тој свиток сè уште оди со него; сепак, благодарение на Господа, повеќе не носиш проклетство, но сведочиш дека „пред Бог можеме да се здобиеме со праведност само преку вера во Исуса Христа. Тоа важи за секој што верува, бидејќи меѓу луѓето нема никаква разлика.“ Римjаните 3,21.22. Зашто самиот предмет на неговото откупување од проклетството е „така што благословот даден на Авраам да дојде преку Исус Христос врз незнабошците.“ Овој благослов на Авраам е Божјата праведност, која, како што веќе откривме во овие истражувања, може да дојде само од Бога како бесплатен дар од Бога, добиен преку вера.
И „сите оние, што се од делата на Законот, под клетва се; и како што „Христос нè откупи од проклетството на Законот,“ тогаш Тој исто нè откупи и од делата на Законот, бидејќи како наши дела тие се само грев; и преку Божјата благодат, Тој ни ги додели делата на Бога, кои, како дела на верата, која е дар Божји, се само праведност, како што е напишано: „Божјото дело е ова: да поверувате во Оној Кого Го испрати Тој.“ Јован 6,29. Ова е навистина одмор – небесен одмор – Божји одмор. И, кој ќе влезе во спокојот Негов, тој ќе се одмора од делата свои, како и Бог од Своите.“ Евреите 4,10.
Така, „Христос нè откупи од проклетството на Законот“ и од проклетството на нашите дела, за благословот на Авраам, кој е праведност и Божјо дело, да може „да дојде преку Исус Христос врз незнабошците.“ И сето тоа со цел „за да Го добиеме ветениот Дух преку верата.“ Затоа „сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос. Кои живееме не по телото, туку по Духот. Зашто законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. И „она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото, за да се исполни заповедта на Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.“ Римјаните 8,1-4.
Да му благодариме на Бога за неискажливиот дар на Својата праведност, кој е наместо нашите гревови, и за неговите дела на верата кои се наместо нашите дела на законот, што нè доведоа во искупението кое е во Христа Исуса, Кој „нè откупи од проклетството на Законот, откако поради нас стана проклетство.“
A. T. Jones
Advent Review and Sabbath Herald, Dec. 19, 1899