„Се распнав заедно со Христос; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и себе се предаде за мене.“
За да не разбереме погрешно, ајде да нагласиме што вели тука Писмото, со забележување на она што не го кажува.
Не вели, сакам да бидам распнат со Христос. Не вели, сакам да бидам распнат со Христа, за Он да може да живее во мене. Тоа вели: „Се распнав заедно со Христос.“
Исто така тоа не кажува, Павле бил распнат со Христос; Христос живеел во Павле, и Божјиот Син го засака Павле и се предаде Себеси за Павле. Сето тоа е вистина, но тоа не е она што Писмото вели, ниту е тоа што значи, зашто тоа значи само она што тоа го кажува. Но, вели: „Се распнав заедно со Христос; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и себе се предаде за мене.“
Така, овој стих е убава и цврста основа на христијанската вера за секоја душа во светот. Со тоа е овозможено секоја душа да каже со целосно уверување на христијанската вера: Тој „ме возљуби.“ „Се предаде за мене.“ „Се распнав заедно со Христос.“ „Христос живее во мене.“ Прочитајте исто така 1. Јов. 4,15.
Кога секоја душа ќе каже: „Се распнав заедно со Христос,“ нема да зборува за потфат. Тоа не е верување во претпоставка. Тоа не зборува за нешто за кое нема сигурност. Секоја душа во овој свет може да каже во сета вистина и искреност: „Се распнав заедно со Христос.“ Тоа е само прифаќањето на фактот, прифаќањето на нешто што веќе е направено, бидејќи ова слово е изјава на тој факт.
Факт е дека Исус Христос бил распнат. И кога беше распнат, исто така и ние се распнавме, бидејќи Тој беше еден од нас. Неговото име е Емануел, што значи „со нас е Бог!“ – не: Бог е со Него, туку: „со нас е Бог!“ Кога Неговото име не е: Бог е со Него, туку: „со нас е Бог!“ тогаш кој е Тој ако не е како нас? Тој морал да биде како „нас“ за да може Бог со Него да не биде: Бог со Него, туку: „со нас е Бог.“ И кога бил распнат, кој бил тоа ако не ние, „нас“ самите?
Ова е силната вистина објавена во овој текст. Исус Христос бил „ние.“ Тој бил од истото месо и крв со нас. Тој бил од нашата природа. Тој бил во сите точки како нас. „Затоа Тој мораше во сè да личи на браќата.“ Тој се ослободил од Себе, и бил направен во човечко обличје. Тој бил „последниот Адам.“ И токму онака како што првиот Адам бил еден од нас, така Христос, последниот Адам, бил еден од нас. Кога првиот Адам умрел, ние, учествувајќи во него, умревме со него. И кога последниот Адам умрел, ние, учествувајќи во Него, умревме со Него. И кога последниот Адам бил распнат, бидејќи Тој бил како еден од нас и бидејќи ние сме Негови учесници, ние сме распнати со Него. Како што во првиот Адам била целата човечка раса, така и во последниот Адам била целата човечка раса, и така, кога последниот Адам бил распнат, целата човечка раса – старата, грешна човечка природа – била распната со Него. Така е и напишано: „Знаејќи дека нашиот стар човек Е РАСПНАТ СО НЕГО, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот.“ Така, секоја душа во овој свет навистина може да каже, во совршениот триумф на христијанската вера, „Се распнав заедно со Христос,“ мојата стара грешна човечка природа е распната со Него за ова тело на гревот да биде уништено, па отсега да не робувам на гревот. Римјаните 6:6. Сепак живеам, но не јас, туку Христос живее во мене. И секогаш во телото наше ја носиме смртта на Господ Исус – распнувањето на Господ Исус, – така што и животот Исусов да се открие во телото наше. Зашто ние, живите, постојано се изложуваме на смрт заради Исус, та и животот Исусов да се открие во нашето смртно тело. 2. Коринтјаните 4,10.11. „А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и себе се предаде за мене.“
Во овој благословен факт на распнувањето на Господ Исус, што било постигнато за секоја човечка душа, не е поставена само основата на верата за секоја душа, туку во неа е даден дарот на верата за секоја душа. И така, Христовиот крст не е само Божјата мудрост прикажана од Бога за нас, туку тоа е токму самата Божја сила манифестирана да нè избави од сите гревови и да не доведе до Бога.
О грешнику, брате, сестро, поверувајте. Примете го. Предадете се на оваа силна вистина. Кажете; кажете го тоа во целосна сигурност на верата велејќи го засекогаш. „Се распнав заедно со Христос; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене. А тоа што сега живеам во тело, живеам со верата во Синот Божји, Кој ме возљуби и себе се предаде за мене.“ Кажете го, зашто тоа е вистината, вистината и мудроста, и силата на Бога, која ја спасува душата од сите гревови.
A. T. Jones
Advent Review and Sabbath Herald, Oct. 24, 1899