„Благодат и мир вам од нашиот Бог Отец и од Господ Исус Христос, Кој се даде Себе за нашите гревови, за да нè избави од сегашниот зол свет, по волјата на Бога, Кој е наш Отец. Нему нека Му е слава во вечни векови. Амин!“
„Благодат и мир вам од нашиот Бог Отец и од Господ Исус Христос.“ Таков е поздравот во секое послание од Павле, освен тоа до Евреите; исто, малку различни, и во двете посланија од Петар.
Сепак, тоа во никој случај не е само форма. Овие посланија кои се во вистината, дојдоа кај нас како Божјо слово. Тогаш, иако многу често се повторува ова поздравување, дури и поради тоа што често се повторува, ни доаѓа како Божјо Слово во поздрав и целосна гаранција за Неговата милост и мир што постојано се принесува на секоја душа.
Милоста е благонаклоност. Тогаш, ова Божјо слово ја проширува Неговата благонаклоност кон секоја душа која некогаш го чита или го слуша тоа слово.
Неговото име е Милостив – проширување на благодатта. Неговото име е само она што Тој е. И она што е Тој, Тој е „истиот и вчера и утре, и во вечноста“. Во Него „нема промени ни сенка од измена.“ Затоа, преку Него, благодатта, бескрајната милост, секогаш е достапна за секоја душа. О, кога само сите би поверувале!
„И мир“. Тој е „Бог на мирот“. Нема вистински мир, освен оној од Бога. И „нема мир за грешниците, вели Господ Бог.“ „А нечесните се како разбрането море, кое не може да се смири.“
Но, целиот свет лежи во зло, а сепак Бог на мирот зборува за мир на секоја душа. Бидејќи Христос, Кнезот на мирот, „нашиот мир“, го направи Бога и човекот едно, со тоа што во Неговото тело се укина непријателството, да се направи Себеси две – Бог и човек – еден нов човек, – „творејќи мир со крвта на Неговиот крст“ (Ефесјаните 2,14.15; Колосјаните 1,20). „Творејќи мир со крвта на Неговиот крст,“ Тој „дојде, ви благовести мир вам далечни и блиски,“ мир на сите вам. Затоа, секогаш и засекогаш, неговото поздравување на секоја душа е: Мир вам. Сето тоа, од нашиот Бог Отец и од Господа Исуса Христа!
О, кога секој би верувал во тоа; па Божјиот мир, кој го надминува секој разум, може да го држи твоето срце и ум преку Исуса Христа.
„Мир Божји да владее во срцата ваши.“ Дозволете му; тоа е сè што Тој бара од вас. Не го одбивајте и протерувајте; дозволете му.
„Кој се даде Себе за нашите гревови.“ О брате, сестро, грешник, кој и да сте, вие сте натоварени со гревови, Христос се предаде Себеси за вашите гревови. Дозволете Му да ви ги земе. Тој ги купил твоите гревови со страшна цена, со Неговото распнување. Дозволете Му да ви ги земе.
Тој не ве тера да ги оставите сите ваши гревови пред да дојдете кај Него и да бидете целосно Негови. Тој ве тера да дојдете со гревовите и сè што имате, и да бидете целосно Негови со гревовите и сè што имате; и Тој ќе ги одземе од вас сите ваши гревови и ќе ги отстрани засекогаш. Тој се даде Себеси за вас, за гревовите и сè што имате; Тој ве купи со гревовите и сè што имате; дозволете Му да го земе она што го купил; дозволете Му да го земе тоа што Му припаѓа; дозволете Му да ве земе со гревовите и сè што имате.
Тој „се даде Себе за нашите гревови, за да нè избави од сегашниот зол свет.“ Забележете дека за да нè избави од овој сегашен злобен свет, Тој се даде Себеси за нашите гревови. Тоа покажува дека сето она што постои од овој сегашен злобен свет се нашите гревови.
И тие беа „нашите гревови“. Тие ни припаѓаа нам. Бевме одговорни за нив. И што се однесува до нас, овој сегашен злобен свет лежи во нас самите, во нашите гревови. Но, благослови Го Господа, Тој се предаде за нас, за гревовите и сè што имаме; Тој се предаде Себеси за нашите гревови, за нас самите и сè што имаме, и тоа го стори за да може да нè избави од овој сегашен злобен свет.
Дали сакате да бидете ослободени од овој сегашен злобен свет? Дозволете Му да ја земе вашата личност, гревовите и сè што имате, кои Тој ги купил и кои, според тоа, со целосно право му припаѓаат Нему. Ве молам, не крадете Го она што Му припаѓа Нему, останувајќи во овој сегашен злобен свет, кога во исто време сакате да бидете ослободени од овој сегашен злобен свет. Ве молам, не правете дополнителен грев со чување на она што не ви припаѓа вам.
Тоа беа наши гревови и Тој се даде Себеси за нив, од тоа доволно јасно следи дека Тој се даде за нас, за нашите гревови. Тогаш, кога Тој се предаде Себеси за вашите гревови, вашите гревови станаа Негови, и кога Тој се предаде за вас за вашите гревови, Тој стана ваш. Дозволете Му да ги има вашите гревови, кои се негови, и земете Го Него во замена, Кој е ваш. Благословена размена, зашто во него имате, како своја сопствена, целосната полнота на божеството во тело, и сето тоа „по Неговата волја.“ Благодарете му на Господа.
Зошто не треба да „Му е слава во вечни векови“? и зошто да не кажете вие и сите луѓе, Амин?
A. T. Jones
Advent Review and Sabbath Herald, Aug. 29, 1899