Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.9 Лекции за верата (деветти дел) – 14 февруари 1899
„И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос.“ (Рим. 5,1).
Бидејќи верата е зависност само од Божјото слово, на тоа што вели тоа слово, да се биде оправдан преку вера е едноставно да се сметаш за праведен преку зависење само од словото.
И бидејќи словото е Божјо слово, зависење само од словото е зависење само од Бога, преку словото. Тогаш, оправдување преку вера е оправдување – да се сметаш за праведен преку зависноста само од Бога, и само од Него, затоа што Тој ветил.
Сите ние заедно сме грешници – грешни и безбожни. Затоа, сите ние сме предмет на Божјиот суд. (Рим. 3,9-19). Сепак, за сите нас има излез од Божјиот суд. Но, единствениот начин да го избегнеме Божјиот суд е да веруваме во Бога.
Кога Давид згрешил со пописот на луѓето и така станал пример на Божјиот суд, Господ му дал свој избор за тоа дали треба да има глад од седум години или да бега три месеци од неговите непријатели или да има три дена помор. Но Давид не сакал да одбере ниту едно. Тој го дал сето тоа на Господа, за Он да избере, велејќи: „Но, нека паднам во рацете на Господ, зашто големо е Неговото милосрдие.“ (2. Сам. 24,11-14).
Кога за праведност зависиме само од Бога, во Неговото слово, имаме мир со Бога, зашто на тој начин навистина се стекнуваме со праведност и „Делото на правдата ќе биде мирот и плод на праведноста – трајно спокојство и сигурност.“ (Исаија 32,17).
Кога за праведност зависиме само од Бога и Неговото слово, имаме мир преку нашиот Господ Исус Христос, „Зашто Тој е нашиот мир, кој од двата народи“ (Бог и човекот) „направи еден“ „откако со телото свое го уништи непријателството“ „за да создаде во Себе од двата“ – од Бог и Човекот – „еден нов човек, воспоставувајќи мир.“ (Ефес. 2,14.15).
Понатаму: кога за праведност зависиме само од Бога, во Неговото слово, имаме мир со Бога преку нашиот Господ Исус Христос, бидејќи Бог „направи мир преку крвта на својот крст, преку него да помири се… било на земјата или на небото. И вас, кои некогаш бевте отуѓени од Бога, и непријатели поради помислите кон лоши дела, сега ве примири во телото на Неговата смрт, за да ве претстави пред себе свети, непорочни и без вина, САМО ако останете во верата“ – ако продолжите да зависите само од Бога и Неговото слово. (Кол. 1,20-23).
Кога Тој го направил патот толку едноставен, оправдувањето толку целосно, и мирот толку сигурен, и ги повикува сите луѓе само да го примат со тоа што едноставно ќе го прифатат од Него и зависат од Него за тоа, зошто тогаш секоја душа на светов не би била со ова оправдана за да има мир со Бога преку нашиот Господ Исус Христос?
Ова е „значењето на повиците од Писмата кои се однесуваат на нас, дека постои неопходност од негување на верата.“ Дали ја вежбаш верата? Дали си оправдан преку верата?
Имаш ли праведност преку верата? Имаш ли мир со Бога преку нашиот Господ Исус Христос? „Имајте вера во Бога.“ (Мар. 11,22).
(продолжува)