Alozo. T. Jones
Објавени во продолженија во списанието „Review and Herald“
2.8 Лекции за верата (осми дел) – 7 февруари 1899

„додека на оној, кој не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, неговата вера му се засметува за праведност,“ (Римјаните 4:5)

Ова е единствениот начин за било кој на овој свет да може да постане праведен: Прво мора да признае дека е безбожник; потоа да поверува дека Бог го оправдува безбожникот т.е. го смета безбожникот за праведен, и дека тој е праведен со самата Божја праведност.

Секој на овој свет е безбожник. „Безбожник“ значи „не наликувајќи на Бога“. А напишано е: „сите згрешија и лишени се од славата [добрината, карактерот] Божја“ (Римјаните 3:23).

Според тоа, секој кој ќе признае дека во ништо не е налик на Бога, со тоа признава дека е безбожен.

А  вистината е дека секој, и тоа во сè, не е налик на Бога. Бидејќи „сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.“ (Римјаните 3:12)

Така, бидејќи нема ниту еден на земјата кој не е безбожник, и бидејќи Бог го оправдува безбожникот, тоа од Божја страна го чини оправдувањето – праведноста, спасението – потполно, бесплатно и сигурно за секого на земјата.

А она што секој треба да го направи, да сето тоа го осигура за себе, е да го прифати тоа – да верува дека Бог го оправдува, лично и индивидуално, оној кој е безбожен.

Од тоа следува дека, без разлика колку чудно звучи, единствената квалификација, и единствената подготовка, за оправдување, е личноста да прифати дека е безбожник.

А потоа, имајќи ја таа квалификација, извршувајќи таква подготовка, сè што се бара од личноста да би добила оправдување, потполно, бесплатно и сигурно, е да верува дека Бог ја оправдува, и тоа таква каква што е – безбожна.

За мнозина е лесно да веруваат дека се безбожни, и дури и да го признаат тоа; но да веруваат дека Бог ги оправдува, тоа е премногу за нив.

А единствена причина зошто тие не можат да веруваат дека Бог ги оправдува е тоа што тие се безбожни, многу безбожни.

Кога само би можеле да најдат нешто добро во себе, или кога би можеле да се подобрат и да чинат подобро, тие би можеле да имаат малку храброст, да се надеваат дека Бог ќе ги оправда. Да, тие би да се оправдаат себеси со делата, а подоцна да изјават дека веруваат во оправдание по вера!

Но тоа би било само за да ја отфрлат секоја основа за оправдание; бидејќи ако човек може да најде добро во себеси, тој веќе го има и не му е потребно да го добие од некој друг извор. Ако може да се подобри и да чини подобро, нему не му е потребно било какво оправдување од друо место.

Според тоа, контрадикторно е да се каже дека сум толку безбожен што не гледам како Господ би можел да ме оправда. Бидејќи ако не сум безбожен, тогаш нема потреба да бидам сторен праведен, бидејќи јас веќе сум тоа. Не постои средина помеѓу побожноста и безбожноста.

Но кога личноста се гледа себеси толку безбожно, што не гледа можна основа за надеж за оправдание, тоа е момент да се појави вера; всушност само тогаш вера и може да се појави.

Вера е потпирање единствено на Божјиот збор. Сè додека човекот се потпира на себеси, сè додека постои некоја замислена основа за надеж дека човекот може да се потпре на себеси или на било што друго, овде нема место за вера, бидејќи вера е потпирање „само на зборот“.

Но, кога секоја замислена основа за надеж дека човекот може да се потпре на себеси или на било што друго ќе ја снема; кога сè што може да се види е спротивно од секаква надеж за оправдание, и кога тоа го признае, тогаш фаќајќи се за Божјото ветување, само за зборот, надевајќи се спротивно од надежта, верата доаѓа и преку верата тој наоѓа потполно и бесплатно оправдување, без оглед на тоа колку безбожен бил.

Бидејќи засекогаш стои запишано: „додека на оној, кој не работи, а верува во Оној, Кој го оправдува безбожникот, неговата вера му се засметува за праведност,“ (Римјаните 4:5). „и тоа Божјата правда (праведност), преку верата во Исуса Христа “ (Римјаните 3:22). „Кого Бог Го постави… за да се покаже Неговата правда (праведност) во опростувањето на поранешните гревови.“ (Римјаните 3:25)

Тоа значи да се покаже вера. Покажуваш ли ти вера? Бидејќи, да разбереме како да покажеме вера е наука на евангелието.

(продолжува)

Pin It on Pinterest