„А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од Законот и од Пророците. Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите оние што веруваат. Зашто нема разлика, сите згрешија и лишени се од славата Божја.“
Пред се, она што секој човек треба да го бара е Божјата праведност. „Но, барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда.“ На патот на праведноста постои живот. Невозможно е да се оддели Божјиот живот од Божјата праведност. Како што ја имате Божјата праведност, со истата сигурност го имате Божјиот живот.
А сега „се јави Божјата праведност.“ Сега се јави во овој момент, во овој момент додека читате. Тогаш, во овој момент, Божјата праведност се манифестира „во сите и врз сите оние што веруваат.“ Дали сега веруваш во Исуса Христа, во овој момент? Дали? Ако кажете: Да; тогаш „сега“, во овој момент, Божјата праведност се јавува во вас и врз вас. Дали верувате во тоа? Божјото Слово вели дека е така; дали ти велиш дека е така? И да не речете дека е така, дали му верувате на словото? Кога Господ јасно вели дека Неговата праведност „сега“ се манифестира во вас и врз вас, а вие велите дека тоа сега не се манифестира кај вас и врз вас, дали тогаш навистина Му верувате на Господа? Кога Тој јасно ви кажува нешто, а вие нема да кажете дека тоа е вистина за вас, тогаш дали навистина Му верувате?
Господ сака да кажеш дека е така она што Он го вели; дека е така „сега“, во овој момент, и дека тоа е така за вас и во вас. „А сепак, нова заповед ви пишувам – нешто што е вистина и во Него и во вас.“ Кога Господ вели нешто, тоа е вистина, па и никој во светот да не верува во тоа. Тоа би било вистина во Него, но не и во нив. Но, Тој сака да биде вистина во вас, како и во Него. И кога ќе признаеш дека она што Тој го вели е вистина „сега,“ во овој момент, тогаш тоа е вистинито и во Него и во тебе. Ова значи да се верува во Бога. Да се верува Во Бог, значи да се верува во Неговото слово. Што значи: Неговото слово да пребива во вас. И „Ако останете во Мене, и зборовите Мои во вас, тогаш, што и да посакате, барајте и ќе ви биде.“
Многу луѓе се подготвени да признаат, дека во глобала, она што Господ го вели е така; тие ќе признаат дека тоа може да биде така за други луѓе, сега, но дека тоа е така за нив, нема да кажат. Таквите луѓе навистина не знаат дека Божјото слово е вистина. „Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога.“ Ако немате вера за себе, ваша лична вера, немате вера воопшто. Ако не верувате во Господовото слово како вистинито за вас лично, сега, вие воопшто не верувате; зашто не живееш вчера, ниту утре, туку само сега, додека е сега, па ако сега не веруваш, ти воопшто не веруваш. Затоа Божјото слово вели дека е сега времето благопријатно; сега е денот на спасението; и сега „се јави Божјата праведност посведочена од Законот и од Пророците. Божјата праведност преку верата во Исуса Христа е во сите и врз сите оние што веруваат.“
Дали сега верувате во Исуса Христа како ваш личен Спасител? Можете да одговорите на тоа во еден момент; знаете дека верувате. Тогаш, во овој момент заблагодари му се на Господа дека Неговата праведност се манифестира во вас и врз вас. Тој не само што го кажува тоа, туку и ви дава сведоци на фактот дека е – посведочена од Законот и од Пророците. Тој закон што го прекршивте, законот што покажа дека сте виновни пред Бога, истиот тој закон „сега“, во врска со манифестирањето на Божјата праведност, сведочи дека имате оправдано право на оваа праведност, и затоа вие сте оправдани преку верата на Исуса Христа. Пророците исто така сведочат за овој благословен факт. „Во моментот кога грешникот ќе поверува во Христа, тој стои пред пред Бога неосуден, бидејќи Христовата праведност е и негова; Христовата совршена послушност му се припишува и нему.“ Зарем тоа не е доволно да ве наведе сега, во овој момент, како никогаш досега, да „се јави Божјата праведност“ во вас и за вас, кои сега верувате во Исуса?
„Оправданието ни е подарено преку откупот што за нашите гревови го плати Исус Христос. Него Бог јавно Го испрати да биде помирителна жртва за оние што со вера го прифаќаат. Бог ни покажа дека беше праведен во минатото кога трпеливо преминуваше преку гревовите на луѓето за потоа да ги наплати преку жртвуваната крв на Исуса Христа.“ (ДП) Дали сега повеќе сакате да ја имате Божјата праведност, отколку да ги имате вашите гревови? Велите, Да. Многу добро. Бог „сега“ го постави Христос Исус „за да ја покаже “ вам „Својата праведност во простувањето на поранешните гревови.“ Ќе ги оставите гревовите сега, овој момент; и ја земете праведноста која е наменета со намера да ви ја даде, и која Тој сега, овој момент, слободно ја дава? „Оправданието ни е подарено“ – реченица во сегашно време. „Било“ е минато, „ќе биде“ е идно; но „ни е“ е сегашно време. Затоа Господ ви вели вам, кои верувате и поверувавте во Исус: „Оправданието ни е (сега, во овој момент) подарено преку откупот што за нашите гревови го плати Исус Христос.“ . . преку Божјото трпение.
Но, Господ се уште не го отфрла предметот. Тој ја нагласува сегашната моќ и благослов на овој бесконечен факт. „За да ја покаже Својата праведност во сегашно време.“ Прво, Тој вели дека „сега“ се манифестира Божјата праведност во сите и на сите што веруваат; потоа Тој зборува за сите како „Оправданието ни е подарено,“ а потоа Тој го нагласува сето тоа: „За да ја покаже Својата праведност во сегашно време.“ О, сирота и трепетна душа полна со сомнеж, не е ли доволна оваа сигурност за сега, во овој момент, Божјата праведност да е твоја? Дека сега се оправдувате бесплатно со Неговата благодат? дека сега, „во сегашно“, праведноста се прогласува за вас за простување на сите ваши гревови од минатото?
Зарем ова не е доволно? Таа е доволна да го задоволи Господ, зашто Тој вели: „За да ја покаже Својата праведност во сегашно време, дека е Тој справедлив и дека го оправдува секого што верува во Исус.“ Тогаш, ако е доволно да го задоволи Господ, не е ли доволно да те задоволи тебе? Дали сега ќе го земете во полнота овој благословен „дар на праведноста“, кој е живот, и така Господ, гледајќи го плодот на трудољубието на Неговата душа, повторно ќе се задоволи, исто така со твоето зарадување, да биде двојно задоволство? Ова е се што Тој го бара од вас. Бидејќи „оному, кој не работи, а верува во Оној Кој го оправдува безбожникот, верата му се смета за праведност.“
Тука е Божјото слово, словото на праведноста, словото на животот, за вас „сега“, „во сегашно време.“ Дали ќе бидете праведни преку него сега? Дали ќе живеете преку него сега? Ова е оправдување со вера. Ова е праведност преку вера. Тоа е наједноставната работа во светот. Едноставно, дали зборот Божји ќе биде вистина во тебе „сега“ или нема да биде. Бог му кажа На Аврам: „Изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги изброиш.“ … „Толкаво ќе биде потомството твое.“ „И Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност.“ „Но, не само за него е напишано дека му се сметаше, туку и за нас: ќе ни се смета, ако веруваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исус Христос, нашиот Господ, предаден за нашите гревови и воскреснат за нашето оправдание. И така, оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ, Исус Христос.“
A. T. Jones
Advent Review and Sabbath Herald, Nov. 10, 1896