Како можете да дојдете до радосно и силно христијанство?
Како Светиот Дух го исполнува нашиот живот?
Во параболата за лозата Исус рекол:
„Бидете во Мене, и Јас ќе бидам во вас.“ (Јован 15:4; Библија) Што значи тоа? „Тоа значи (како прво) постојано примање на неговиот Дух, (како второ) живот на безрезервно предавање на Неговата служба.“
Ова доделено Божјо решение за нашиот основен проблем истовремено е пат кон среќно христијанство. Зошто? Исус на овие зборови рекол: „Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.“ (Јован 15:11; Библија) Низ овие два чекори (постојано примање на Неговиот Дух и безрезервно предавање) Христос живее во нас, а тоа е пат и начин за живот во совршена радост. Колосјаните 1:27 зборува за богатството на славата: Христос во вас. Зарем не е значајно што Исус оваа парабола за лозата ја внел во ветувањето за Светиот Дух во евангелието по Јован 14-та и 16-та глава, каде зборува за делувањето на Светиот Дух?
Значи, одлучувачки е (по правило) секојдневно да се посветуваме на Бога, и тоа со сè што сме и со сè што имаме, и уште со тоа секојдневно во вера да се молиме за исполнување со Светиот Дух, и да Го примаме.
Зошто е неопходно секојдневното предавање на нашиот живот на Исуса?
Исус рекол: „Ако некој сака да оди по Мене, нека се одрече од себеси и нека го земе својот крст секој ден, и нека Ме следи!“ (Лука 9:23; Библија)
Исус рекол дека е наше следбеничкото дело кое се обавува секојдневно. Да се одречеме самите од себе значи да ја предадеме на Исуса власта над целиот наш живот. Да го носиме крстот не значи дека секој ден ќе имаме потешкотии. Од една страна значи секојдневно да се одречуваме од своето „јас“ и радосно и доброволно во сè да се покориме на Исуса – на исти начин на кој Павле го рекол тоа за себе: „Јас умирам секој ден.“ (1-во Коринтјаните 15:31; Библија) Ако некој во Христовото време носел крст, тогаш тој бил осуден на смрт и одел на губилиште. Значи, овде се работи за секојдневно обновување на нашето основно предавање (посветување) на Исуса Христа. Од друга страна, се работи за тоа да ги прифатиме потешкотиите кои можат да се појават во животот на Исусовиот следбеник.
Да повториме важна мисла: својот телесен живот сме го примиле при раѓањето, и да би ги одржале животот, силата и здравјето, ние, во нормални услови, јадеме секојдневно. Духовниот живот сме го примиле при нановораѓањето и за да би го одржале во духовната сила и здравје, исто така е неопходно секојдневно да се грижиме за внатрешниот човек. А ако не се случи тоа, како во телесниот така и во духовниот живот, ќе ослабнеме и ќе се разболиме, или дури и ќе умреме. Како што со јадење на оброци не можеме да натрупаме резерва за во иднина, така не можеме ниту да натрупаме залихи од Светиот Дух.
За тоа во Делата на апостолите постои едно драгоцено упатство: „Како што е во светот на природата, така е и во духовниот свет. Животот во природата од час во час се одржува со божествената сила; сепак, тој не се одвива со некое непосредно чудо, туку со употреба на благословите ставени на дофат на нашите раце. Така и духовниот живот се одржува со употреба на оние средства кои провидението ни ги става на располагање.“ [Е.Г.В., Апостолска црква – Христовим трагом, Препород, Београд, 2004, стр. 284 (199,285).]
И цитатот од книгата „Копнежот на вековите“, исто така, остави длабок впечаток на мене: „Ние, од ден на ден, треба да Го следиме Христа. Бог не подарува помош за утре.“ [Е.Г.В., „Копнежот на вековите“.]
Е. Г. Вајт напишала:
„Да би Го следеле Исуса, основното барање кое се поставува пред нас е да бидеме обратени со целото срце и тоа обратување секојдневно да го обновуваме.“ [Francis D. Nichol (Hrg.), Adventist Bible Commentary, Vol. 1 (Hagersrown, 1976), 1113.]
„Ако нашето предавање при обратувањето било целосно и безусловно, тоа ништо не ни користи ако секојдневно не го обновуваме.“ [Ellen G. White, Review and Herald (www.egwwritings.org), 6.1.1885.] „Посвете се наутро себеси на Бога; нека тоа ви биде прва работа. Нека вашата молитва биде: ‘Земи ме, о Господи, целосно да бидам Твој! Сите свои планови ги ставам пред Твоите нозе. Употреби ме денес во Својата служба. Биди со мене, и нека целото мое дело се обавува во Тебе!’ Така треба да биде секој ден. Секое утро посветете се себиси на Бога за тој ден. Изнесете Му ги сите ваши планови, Неговото Провидение да ви покаже дали треба да ги спроведите или да ги отфрлите. И така, од ден на ден, својот живот ќе го предавате во Божји раце; така вашиот живот ќе се обликува да биде сè посличен на Христовиот живот.“ [Е. Г. В., „Патот кон Христа“.] Морис Венден (Morris Venden) напишал:
„Ако до сега не сте ја сфатиле неопходноста на секојдневното обраќање, сега тоа сознание може да доведе до вистинскиот пробив во вашиот живот.“ Е. Г. Вајт гарантира: „Ако барате заедница со Исуса и секој ден се обраќате, […] сите ваши жалби ќе молкнат, сите ваши потешкотии ќе исчезнат, а сите збунувачки проблеми кои се пред вас ќе бидат решени.“ [Morris Venden, 95 Theses on Righteousness by Faith (PPPA, 2003).]
Да се остане кај Исуса и тоа преку секојдневно обновување на нашето предавање, е исто толку важно како и она првобитно доаѓање кај Него.
Морис Венден (Morris Venden) понатаму пишува:
„Постојаната врска со Христа води кон постојано предавање – така што секој момент се потпираме на Него.“ [Morris Venden, 95 Theses on Righteousness by Faith (PPPA, 2003).]
Можеме да бидеме сигурни: ако својот живот секое утро свесно Му го предаваме на Исуса, со тоа ние го правиме она што Тој го сака, бидејќи Тој рекол: „Дојдете кај Мене […]“ (Матеј 11:28; Библија) и „Оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам.“ (Јован 6:37; Библија)
Господ е подготвен да направи големи работи за нас. Со што? „Ние не можеме да извојуваме победа преку броеви, туку само со целосно предавање на Исуса. Треба да одиме во Неговата сила и со доверба во моќниот Бог Израелов.“ (според Захарија 4:6; Библија) „Не со сила ни со снага туку со Мојот Дух!“ (Захарија 4:6; Библија)
Големото влијание кое Бог може да го направи преку нас, кога целосно ќе се предадеме себеси Нему, Џон Весли (John Wesley) го опишува со следниве зборови: „Бог може да стори повеќе со еден човек, кој Му се посветил 100%, отколку со цела восјка на луѓе, кои Му се посветиле само 99%.“ [S. Joseph Kidder, Anleitung zum geistlichen Leben (Andrews University), PPP Folie 14.]
Е. Г. Вајт напишала:
„Само оние кои сакаат да станат Христови соработници, само оние кои ќе речат – Господи, сè што имам и сè што сум Ти припаѓа Тебе – ќе бидат признати за Божји синови и ќерќи.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“.] „Сите кои ги посветуваат душата, телото и духот на Бога, постојано ќе добиваат нови физички и ментални сили. […] Светиот Дух ја дава Својата најголема сила да работи на срцето и умот. Божјата благодат ги проширува и умножува нивните способности, и секое совршенство на божествената природа им се придружува во делото на спасување на душите. Соработувајќи со Исуса тие се совршени во Него и се оспособени во својата човечка слабост да ги прават делата на Семоќниот.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“.]
Зошто е потребно секојдневно да се молиме за исполнување со Светиот Дух?
Молитвата за исполнување со Светиот Дух е молитва Исус да остане кај мене, бидејќи Тој живее во мене преку Светиот Дух. Но, зошто секојдневно?
Исус ни дал соодветен пример. Е. Г. Вајт напишала: „За посветениот Божји соработник се крие возвишена утеха во сознанието дека дури и Христос во времето на Својот живот на земјата, секој ден од Таткото барал свежи залихи на неопходната благодат, […] Неговиот пример е залог дека истрајната, искрена молитва кон Бога во вера – вера која создава целосна зависност од Бога и неограничено посветување во Неговото дело – ќе биде доволна на луѓето да им ја осигура помошта на Светиот Дух во борбата против гревот.“ [Е. Г. В., Апостолска црква – Христовим трагом, Препород, Београд, 2004, стр. 37,38 (56).]
Ако ова била Исусова секојдневна потреба, тогаш таа за нас е многу поважна.
Во 2-ро Коринтјаните е запишана една важна реченица: „[…] внатрешниот [човек] се обновува од ден на ден.“ (2-ро Коринтјаните 4:16; Библија)
Со што се постигнува ова секојдневно внатрешно обновување? Според посланието до Ефесјаните, се постигнува преку Светиот Дух: „Да ви даде, според богатството на Својата слава – да зајакнете со сила преку Неговиот Дух во внатрешниот човек, та преку вера да се всели Христос во вашите срца; да бидете вкоренети и засновани во љубовта […] за да се исполните во целата Божја полнота.“ (Ефесјаните 3:16.17.19; Библија)
Од тоа произлегува:
- По правило е потребно секојдневно да се молите за исполнвање со Светиот Дух.
- Со тоа Христос живее во вас.
- Тој ни дава сила според богатството на Својата слава за нашиот внатрешен човек. Божјата сила е натприродна сила.
- Со тоа Божјата љубов се излева во нашите срца. И Тој е пат кон животот во „Божјата полнота“. (в.Јован 10:10; Колосјаните 2:10; Библија)
Уште еден драгоцен текст наоѓаме во посланието до Ефесјаните: „Туку полнете се со Духот!“ (Ефесјаните 5:8; Библија) Потребно е да обратиме внимание на тоа дека ова е повеќе од само еден совет – ова е Божја заповед. Нашиот Бог од нас очекува да сакаме да живееме по Светиот Дух. Експертите по грчки јазик објаснуваат дека овој текст, всушност, точно цитиран гласи: „Исполнувајте се постојано и секогаш одново со Духот.“ (Овде го цитирав Јоханес Магер [Johannes Mager].) [Werner E. Lange (Hrg.), Unser größtes Bedürfnis (Lüneburg, 2011), 42.]
Во Библиската поука за тоа пишува:
„Крштевањето со Светиот Дух значи да се биде целосно под влијание на Светиот Дух, целосно ‘исполнет со Духот’. (Ефесјаните 5:18) Тоа не е искуство ‘еднаш засекогаш’ туку она кое треба постојано да се обновува.“ Оваа потреба Павле особено ја нагласува преку временскиот облик на грчкиот глагол „исполнување“. [Библиска поука, Исусови поуки, од 17.7.2014.] (в. драгоцен додаток во врска со Ефесјаните 5:18, во додатокот на стр. 129 и 130)
Е. Г. Вајт напишала:
„Секој Божји соработник треба секојдневно да се моли за исполнување со Светиот Дух.“ [Werner E. Lange (Hrg.), Unser größtes Bedürfnis (Lüneburg, 2011), 50.]
„Да би ја имале Христовата правда, неопходно е под влијание на Светиот Дух секојдневно да се менуваме, само така можеме да станеме учесници во Божествената природа.“ [E.G.White, Selected Messages 1, Seite 374.1 und RH Nov.1,1872 par.2 (egwwritings.org).]
На друго место, Господ преку неа ни кажува: „Кој се чувствува допрен од Светото Писмо, Божјата Реч, и сака да го следи Неговото учење, мора секојдневно [додатно] да научи, дневна [нова] ревност и да добие нова духовна сила, која стои на располагање на секој вистински верник со дарот на Светиот Дух.“ [Ellen G. White, Das Wirken des Heiligen Geistes (Lüneburg, 2006), 260.] Понатаму кажува: „Ние, од ден на ден, треба да Го следиме Христа. Бог не подарува помош за утре.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“.]
А на друго место пишува: „Нам ни е потребна постојана врска со божествениот Помошник за да би можеле воопшто да напредуваме. Можеби поседуваме одредена мерка на Божјиот Дух, но потребно е со молитва и вера постојано да тежнееме кон поголем удел на Духот.“ [Ellen G. White, Das Wirken des Heiligen Geistes (Lüneburg, 2006), 243.]
Исто така ги пронајдов и следниве силни зборови: „Вам ви е потребно секојдневно крштевање со љубов, која во времето на апостолите поврзувала сè како едно срце и една душа.“ [Ellen G. White, Das Wirken des Heiligen Geistes (Lüneburg, 2006), 243.]
Римјаните 5:5 ни покажува дека Божјата љубов преку Светиот Дух е излеана во нашите срца. Истото ни се кажува и во Ефесјаните 3:17. Секојдневното крштевање со Духот (исполнување со Светиот Дух) истовремено делува и како секојдневно крштевање со љубов (исполнување со Божествена љубов – агапе). Со тоа, според Галатјаните 5:16 и Римјаните 8:2 станува јасно дека со тоа се крши и силата на гревот.
Значење на личното богослужение
Какво значење има личното богослужение, ако е толку важно, секојдневно да се предаваме на Исуса и секојдневно да се молиме за исполнување со Светиот Дух?
Јас наведов текстови и цитати кои ни покажуваат дека нашиот внатрешен човек се обновува од ден на ден. Тоа фрла јасно светло на големото значење на нашето секојдневно лично богослужение.
Основата на целокупното богослужение во храмот била принесувањето на утринска и вечерна жртва. Во сабота е принесувана и уште една дополнителна жртва (4-та Мојсеева 28:4.10; Библија) Какво значење има жртвата?
„Жртвата била отелотворување на целосното предавање на грешникот на Бога. Овде човекот не задржува ништо за себе, сè припаѓа на Бога.“ [Fritz Rienecker, Lexikon zur Bibel (Wuppertal, 1964), 1017.]
„Времето одредено за утринската и вечерната жртва е сметано за свето време, па во целиот Еврејски народ е почитувано како време на богослужение. […] Во овој обичај христијаните можат да најдат пример за својата утринска и вечерна молитва. Иако Бог ги осудува формалистичките обичаи и церемонии, на кои им недостасува дух на вистинско богослужение, со големо задоволство гледа на оние кои Го сакаат и кои наутро и навечер се поклонуваат пред Него, барајќи опростување за гревовите и упатувајќи Му ги своите молби да ги добијат неопходните благослови.“ [Е.Г.В., „Патријарси и пророци“ (353.354).]
Дали сте забележале дека секојдневното богослужение е поврзано со саботата како основа за нашиот духовен живот? Дали тоа дополнително ни објаснува дека овде се работи за секојдневно предавање на Исуса Христа, Кој е повикан да живее во нас, преку Светиот Дух?
Секој ден на Бога да се дава првенство пред сè останато е најважен духовен принцип. Исус во порповедта на Гората на блаженствата рекол:
„Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.“ (Матеј 6:33; Библија)
Божјото царство значи да Го имаме Христос во срцето. Поради тоа неопходно е секојдневно предавање и секојдневна молитва за Светиот Дух во нашето време кое го поминуваме насамо со Бога. Одлучувачкиот момент ќе биде кога стоиме пред Бога: Дали сме ја имале спасоносната лична врска со Христа и дали сме останале во Него? (види Јован 15:1-17; Библија) Зарем не копнеете за повеќе – за поголемо исполнување во вашата вера?
Кој не поминува воопшто, или ретко поминува, тивко време насамо со Господа, или недоволно го одржува своето лично богослужение, во тој случај, можеби само еднаш седмично ќе биде духовно засилен на јавното богослужение. Тоа е слично со тоа како, кога некој би јадел само еднаш седмично. Зарем не би било бесмислено да се храните еднаш седмично? Дали тоа значи дека секој христијанин, кој не одржува свое лично богослужение, е телесен?
Ако остане во таква состојба, тогаш тоа би значело дека тој не е спасен. Ако сме телесни, личното богослужение треба да ни биде задолжителна вежба. А ако сме духовни, тоа сè повеќе и повеќе прераснува во основна потреба.
„Да би ја имале Христовата правда, неопходно е под влијанието на Светиот Дух секојдневно да се менуваме. Само така можеме да станеме учесници во божествената природа.“
Пред повеќе години ја прочитав џебната книга „Бев гангстер“ од авторот Џим Ваус (Jim Vaus). Тој бил криминалец, кој се обратил и кој без исклучок ги признал сите свои гревови – на пример: вероломство, кражба итн. Притоа, тој доживеал Бог извонредно да се вмеша во неговиот живот. Тоа на мене остави длабок впечаток и си реков самиот на себе: „Мене ми е добро во секој поглед, но немам такво искуство.“ Во една молитва тогаш Му реков на Господа: „Татко небесен, и јас сакам да ги признаам сите мои гревови, за кои знам и коишто Ти ќе ми ги покажеш. Освен тоа, во иднина ќе станувам саат време порано за да би се молел и да читам од Библијата. И тогаш сакам да видам дали ќе се вмешаш во мојот живот.“
Нека е слава и фала на Бога, Кој се вмеша во мојот живот. Од тоа време, моето посебно утринско богослужение е поврзано со саботниот темел на мојот живот со Бога.
Со секојдневно предавање на Бога и постојано исполнување со Светиот Дух нашиот живот се менува позитивно. Тоа се случува на нашето богослужение.
Oбожавање во Дух и вистина
Наша голема потреба е обожавање на Бога. Последната Божја порака за човештвото се однесува на поклонувањето на Создателот наспроти поклонувањето на ѕверот. (Откровение 14:6-12; Библија) Надворешниот знак на обожавањето на Бога е саботата (поклонување на Создателот). Внатрешниот став на обожавањето ни е претставен во Јовановото евангелие: „Но доаѓа час – и веќе е тука – кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.“ (Јован 4:23.24; Библија)
Да се молиме во духот сигурно значи обожавање, но исто така и исполнување со Светиот Дух. Да се молиме во вистина значи да живееме живот на целосно предавање на Исуса, бидејќи Тој е персонализирана вистина. Исус рекол: „Јас Сум […] Вистината….“ (Јован 14:6; Библија) Тоа, исто така, значи преку Исусовото живеење во нас да се живее според Божјата реч и според Неговите прописи, бидејќи Тој рекол: „Твоето Слово е вистината.“ (Јован 17:17б; Библија) „Твојот Закон е чиста вистина.“ (Псалм 119:142; Библија) Ако сега не живееме живот на обожавање на Бога, зарем тогаш не сме во опасност да паднеме во одлучувачкиот момент? Тоа ќе биде голем проблем за телесните христијани.
Мислам дека сите ние сакаме да напредуваме со Божја помош и да растеме во знаењето. Можеби следното погрешно верување за некои претставувало пречка за нивното напредување.
Крштевање и Светиот Дух
Некои мислат дека се исполнети со Светиот Дух затоа што се крстени, и тогаш со тоа е сè во ред и ништо повеќе не е неопходно. Д. Л. Муди (Moody) во врска со тоа ги напишал следниве зборови: „Голем број на луѓе мислат, кога веќе еднаш биле исполнети со Светиот Дух, со тоа се исполнети засекогаш. О, пријатели мои, ние сме пробушени садови; неопходно е цело време да бидеме директно под изворот за да би биле полни.“ [D.L. Moody, They Found the Secret, 85, 86; zitiert in “10 Days – Prayers and Devotions […]” by Dennis Smith, 23.]
Џозеф Х. Вагонер (Joseph H. Waggoner) за тоа пишува:
„Во сите случаи, кога крштевањето се смета за доказ за поседување на дарот на Светиот Дух, грешникот кој се кае се впушта во телесна безбедност. Тој има доверба единствено во своето крштевање како знак на Божјата благодат. Крштевањето, а не Духот, во неговото срце станува негов ‘залог на сигурност’ или негово ‘сведоштво’ […]“ [Joseph H. Waggoner, The Spirit of God (Battle Creek, Michigan 1 877), p.35f, quoted in Garrie F. Williams, Erfüllt vom Heiligen Geist (Lüneburg, 2007), S. 58 / quoted in How to Be filled With the Holy Spirit and Know it, R&H, 1991.]
Крштевањето е многу значајна одлука која одговара на Божјата волја, и која трајно ќе го задржи своето големо значење. Но, ние не треба да гледаме на еден настан од минатото како доказ дека сме исполнети со Светиот Дух. Напротив, потребно е да знаеме дали сега сме исполнети со Светиот Дух.
Некои луѓе Го добиле Светиот Дух и пред да се крштеваат, на пример, Корнелиј и неговите луѓе, и Савле. Додека пак други, дури после крштевањето Го примиле Светиот Дух, на пример, Самарјаните или дванаесетте мажи во Ефес. Но, сосема е сеедно дали примањето на Светиот Дух се случило пред, за време или после крштевањето; важно е дека воопшто некогаш сме Го примиле и дека сега Го имаме во нашите срца. Не е од суштинско значење тоа што се случило некогаш во минатото, туку каква е мојата состојба сега – денес.
Морам уште еднаш да потсетам: ние сме го добиле нашиот телесен живот при раѓање, да би останал во нас целиот наш век. Тој живот се одржува со секојдневна исхрана, пиење, физичка активност, спиење итн. Да не било тоа, веќе одамна не би биле помеѓу живите. За духовното животно подрачје важат истите закони како и за телесното. Нов живот сме добиле преку Светиот Дух, и тоа при нашето целосно предавање на Исуса, така што останува во нас. И Тој останува во нас преку примените средства, кои Бог ни ги става на располагање. Тој се одржува преку Светиот Дух, преку молитва и преку Божјата реч. Можам само да повторам дека Е.Г. Вајт напишала: „Животот во природата од час во час се одржува со божествената сила; сепак, тој не се одвива со некое непосредно чудо, туку со употреба на благословите ставени на дофат на нашите раце. Така и духовниот живот се одржува со употреба на оние средства кои провидението ни ги става на располагање.“ [Е.Г.В., Апостолска црква – Христовим трагом, Препород, Београд, 2004, стр. 284 (199,285).]
Тоа значи дека Светиот Дух при нановораѓањето ни е даден и за да остане во нас. Но тоа останување е поврзано со секојдневното користење на средствата кои Бог ни ги оставил на располагање. Каков резултат можеме да очекуваме ако не ги користиме тие средства?
Светиот Дух е најважен од сите „средства“, а со Него доаѓа и значењето на молитвата, поврзаноста со Бога преку Неговата реч, учеството на богослуженијата, нашата служба во Исусовото име итн.
Мислам дека на секој од нас ни е јасно дека е неопходно секојдневно да се грижиме за нашиот внатрешен човек. Ако не го правиме тоа, ќе претрпиме жалосни последици. Како што не можеме да се храниме за залиха, исто така не можеме да Го примаме ниту Светиот Дух на залиха. „Бог не подарува [денес] помош за утре.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“ (313).] Секојдневното предавање на Христа е неопходно и ние мораме секој ден да Го повикуваме Светиот Дух во нашиот живот.
И двете од овие работи служат за истата цел – тие се две страни на иста монета: да имаме блиска лична врска со Христа. Со своето предавање целосно Му се доверуваме Нему, а со своите молитви за Светиот Дух Го повикувам во своето срце. Покрај останатото и 1-во Јованово 3:24 (види повеќе 1-во Јованово 14:17.23; Библија) ни покажува дека Исус преку Светиот Дух живее во нас: „И по тоа знаеме дека Тој останува во нас: по Духот Кого ни Го дал.“
Делување на Светиот Дух
Ако Светиот Дух е во мене, тогаш Тој го постигнува во мене она што Христос го постигнал. Римјаните 8:2 вели: „Зашто законот на Духот на животот во Христа Исуса ме ослободи од законот на гревот и смртта.“ Законот на Духот можеме да го објасниме како начин на кој Светиот Дух делува на срцето, кое се предало на Бога. Само Светиот Дух може да го оживи во мене она што Христос го направил. Е.Г. Вајт го објаснува добро тоа: „Светиот Дух треба да им биде подарен како сила која препородува, бидејќи без неа Христовата жртва би била бескорисна […] Духот го прави делотворно она што го постигнал Откупителот на светот. Светиот Дух го чисти срцето. Со посредство на Духот верникот станува учесник во божествената природа […] Божјата сила го очекува нивното барање [во смисла да се бара, да се измоли; анг. demand] и нивното прифаќање.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“ (672).]
Томас Дејвис (Thomas A. Davis) го опишува овој процес на следниов начин: „Тоа значи дека дури и делотворноста на Христовото дело за луѓето зависи од Светиот Дух. Без Него, сè што направил Исус на Земјата – во Гетсиманија, на крстот, воскреснувањето од гробот, како и првосвештеничката служба на Небото – би било безуспешно. Исходот од Христовото дело не би бил покорисен од оној на некоја голема светска религија или етички водач. Но, иако Христос бил многу повеќе од овие, сепак Тој не би можел да го спаси човештвото само со Својот пример и учење. За да се променат луѓето неопходно е да се делува во нив. Ова дело го прави Светиот Дух, Кој е испратен да го прави ова во срцата на луѓето, кое Исус го направил возможно.“ [Thomas A. Davis, Als Christ siegreich leben, (HW-Verlag), Seite 43 / How to be a victorious Christian, R&H.]
Зарем тоа не е веќе една огромна причина да се погрижиме за исполнување со Светиот Дух?
„Кога Божјиот Дух го освои срцето, Тој го преобразува и животот, грешните мисли се отфрлаат, злите дела се напуштаат; љубовта, понизноста и мирот го заземаат местото на гневот, зависта и кавгата. Радоста го зазема местото на тагата, а лицето ја одразува небесната светлина.“ [Елена Вајт, „Копнежот на вековите“ (173).]
Постојат уште многу драгоцени резултати како последица на животот со Светиот Дух, но исто така и многу недостатоци и загуби без Него. Разликата во животот со Светиот Дух и животот без Него поопширно е обработена во 4-та глава.
Дали сум исполнет со Светиот Дух?
Ве молам, поставете си ги себеси следниве пршања за тоа дали сте исполнети со Светиот Дух: [Catherine Marshall, Der Helfer (Erzhausen, 2002), 24.]
- Дали во мојот живот се забележува нешто од делувањето на Светиот Дух? На пример: Дали Тој Го направил Исус вистински и голем за вас? („Вие не Ме избравте Мене, но Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; и Мојот Татко да ви даде сè што ќе посакате во Мое име.“ – Јован 15:16; Библија)
- Дали почнувам да го слушам и да го разбирам внатрешниот глас на Светиот Дух? Може ли Тој да ме води, како во малите, така и во големите одлуки во мојот живот? („Сите оние, кои ги води Божјиот Дух – тие се Божји синови.“ – Римјаните 8:14; Библија)
- Дали во мене се има пробудено нов вид на љубов кон другите луѓе? Дали Светиот Дух ми подарува нежно сочувство и голема грижа за луѓето, кои под нормални околности не би ги избрале за пријатели? („А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта.“ – Галатјаните 5:22.23; „Ако пак го исполнувате царскиот закон според Писмото: ‘Љуби го својот ближен како самиот себе!’- добро правите. Но ако гледате на лице, правите грев, и законот ве осудува како престапници.“ – Јаков 2:8.9; Библија)
- Дали често доживувам како Светиот Дух ми помага како да се однесувам кон своите ближни? Дали божествениот помошник, на пример, ми ги дава вистинските зборови, кои продираат во срцата на луѓето кои имаат грижи и проблеми?
- Дали Светиот Дух ми дава сила со која можам на другите луѓе да им го објаснам Исусовиот живот и да ги водам во Неговото царство?
- Дали доживувам дека божествениот помошник е покрај мене во молитвата и ми помага најдлабоките чувства на своето срце на вистински начин да ги изнесам пред Бога?
Ако размислиме за овие прашања, ќе видиме какви големи потреби имаме да растеме во Светиот Дух, подобро да Го запознаеме и повеќе да Го сакаме.
Еден брат го напиша следново: „Јас и мојот татко се помиривме. После проучувањето на брошурата ‘Чекори кон лично пробудување’ и ’40 дена’ број 1 и 2, имав прекрасно доживување да го искусам исполнувањето со Светиот Дух. Особено воодушевувачки за мене беше да доживеам дека Светиот Дух сака и може да делува во сите области на мојот живот.
Помирување помеѓу татко и син
Мојот однос со мојот татко отсекогаш беше малку комплициран. Моите желби и молитви во детството и во младоста секогаш беа насочени на тоа да имам еден добар однос со својот татко, меѓутоа стануваше сè полошо и полошо. Поминаа уште шест – седум години кога Бог ја исполни големата празнина во моето срце. За време на поручувањата и молитвите за исполнување со Светиот Дух, јас и мојата сопруга имавме големи искуства со Бога. Се молевме на Бога за нашето семејство, а особено за мојот татко. Во тоа време добив некоја нова сила да го сакам својот татко и можев да му опростам сè што во нашите односи, во времето на моето детство, не беше како што треба. Јас и мојот татко сега сме пријатели. Тој, исто така, почна да станува сè подуховен и на другите луѓе да им зборува за Бога. Денес, две години подоцна, односот со мојот татко е сè уште многу добар. Премногу сум благодарен на Бога за тоа искуство. Порано се чувствував толку беспомошен и често многу осамен, но откако секојдневно се молам за исполнување на Светиот Дух, доживувам сосем нов и прекрасен начин на живот и однос со Бога. (Име познато на авторот)
Молитва: Господи Исусе, Ти благодарам што сакаш да бидеш во мене преку Светиот Дух. Ти благодарам што преку моето секојдневно предавање на Тебе, нашиот однос на доверба и љубов постојано расте. Господи, помогни ми подобро да Го запознаам Светиот Дух и Неговата служба. Копнеам да знам, што сака Тој да направи, за мене, за моите роднини и за мојата црква, и како можеме да имаме сигурност дека после секојдневната молитва сме Го примиле. Ти благодарам за тоа. Амин.
Е. Г. Вајт напишала:
„Светиот Дух на Исуса Му бил даден во полна мерка. Со Него исто така ќе биде даруван и секој Христов следбеник кога целосно ќе Му го предаде срцето да биде Негово престојувалиште. Самиот Господ ни наложува: ‘Туку полнете се со Духот!’ (Ефесјаните 5:18; Библија), а таа заповед истовремено е и ветување за исполнување. На Таткото Му било угодно во Христа да се ‘всели сета полнота’, ‘и да бидете исполнети во Него’. (Колосјаните 1:19 и 2:10; Библија)“ [„Мисли од гората на благословите“.]