„19 зашто, како што со непослушноста на еден човек мнозина станаа грешници, така и со послушноста на Еден мнозина ќе станат праведни. 20 А покрај тоа, Законот дојде за да се зголеми престапувањето; но каде што гревот се зголеми, таму благодатта се излеа преизобилно: 21 и како што гревот царуваше во смртта, така и благодатта да царува преку правдата за вечен живот преку нашиот Господ Исус Христос!“ (Римјаните 5:19-21 ; Библија)
Може ли секој грешник да има доволно благодат за таа да го сочува од вршење грев? Може. Нема сомнеж, секој на овој свет може да ја има доволно да го сочува од вршење грев. Дадено е доволно благодат, а дадено е токму заради таа цел.
Ако некој ја нема, тоа не е затоа што не е дадено доволно благодат, туку затоа што не земал од тоа што е дадено. Бидејќи „секому од нас му е дадена благодатта според мерката на Христовиот дар.“(Ефесјаните 4:7). Мерката на Христовиот дар е самиот Тој целосно, а таа мерка е сета полнота на Божеството – „зашто во Него телесно живее сета полнота на Божеството“. (Колосјаните 2:9).
Навистина, за полнотата на Божеството не постои мерка, таа е безгранична. Тоа е едноставно Божјата бесконечност. А сепак тоа е токму истата мерка на благодат која ни е дадена на секој еден од нас. Единствено со безграничната мерка од полнотата на Божеството може да се изрази размерот на благодат која што е дадена на секого во овој свет. „Каде што гревот се зголеми, таму благодатта се излеа преизобилно“ (Римјаните 5:20). Оваа благодат е дадена бидејќи „како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ.“ (Римјаните 5:21) и за гревот веќе да не има власт над вас, бидејќи сте под благодатта. (Римјаните 6:14).
Благодатта е дадена „за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мерка на возраста [растот/висината] на Христовата полнота.“ (Ефесјаните 4:12-13). Оваа благодат е дадена секому каде изобилува грев и таа донесува спасение на секого кому му е дадена.
Ако неограничената благодат која е дадена секому носи неограничено полна мерка на спасение, тогаш што ако некој го нема тоа неограничено спасение? Јасно е, тоа може да биде само затоа што не сакал да го земе тоа што му е дадено. Ако во било кој сеуште владее грев, кој е крив за тоа? Само оној што не допушта благодатта да го направи во него тоа за што е дадена. Преку неверување тој ја оневозможува Божјата благодат. Што се однесува до верникот, благодатта залудно е дадена, ако не го доведе да напредува во тоа да биде совршен човек до мерата на „растот на Христовата полнота“.
Божјата благодат е во состојба во потполност да го оствари она за што е дадена, само ако ѝ се допушти да делува.