11 Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе, 12 која нè воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век, 13 очекувајќи ја блажената надеж и славното јавување на нашиот Сèмоќен Бог и Спасител, Исус Христос, (Тит 2:11-13 ; Библија)
Оваа неограничена благодат е дадена бесплатно „на секого од нас“ (Ефесјаните 4:7). Вам и на мене, токму такви какви што сме. Всушност оваа благотат ни е потребна нам за да би нè направила онакви какви што Господ сака да бидеме. А Тој е толку љубезен што ни ја дава бесплатно, за навистина да бидеме такви какви што сака да бидеме.
Господ сака секој еден од нас да се спаси и тоа со полнотата на спасението. Затоа и на секој од нас му дал полнота на благодатта, бидејќи благодатта е таа која носи спасение. Напишано е: „се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе“. Господ сака сите да се спасат и заради тоа ја дал сета своја благодат и со нејзе донел спасение на сите. „Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе.“
Божјата благодат е бесплатно дадена секому, донесувајќи спасение на секого. Друго прашање е дали сите ќе ја примаат. Тоа што сега го проучуваме е дека е вистина и факт дека Бог ја дал. Бидејќи ја дал на секого, Тој е чист, иако луѓето можат да ја одбијат.
Бог пратил благодат и мир и со тоа донел праведност и спасение на сите луѓе – дури и вам без обзир на тоа кој сте, а и на мене. Немојте да го сфатите тоа како ласкава фраза или попатен поздрав, туку како создавачки збор кој вам лично ви ги донесува сите благослови на Божјиот мир. Нам ни се упатени истите зборови кои Исус ги упатил на жената: „Простени ти се гревовите… …Оди си со мир“ (Лука 7:48,50)