„Затоа требаше во сè да стане како Своите браќа, за да биде милостив и верен Првосвештеник пред Бога, за да изврши помирување за гревовите на луѓето.“ (Евреите 2:17 ; Библија)

Какво е телото кое што овој свет го познава? Токму такво какво што го имаме вие и јас. Светот не познава друго човечко тело и не познавало ниедно друго од кога било потребно Христос да дојде. Кога „Словото стана тело“, Тој бил направен од исто тело како што е нашето. На друг начин не може ни да биде.

Денес луѓето тврдат дека законот не можел да го оствари она за што бил наменет и затоа Бог го испратил својот Син за да го ослаби законот, за телото да би можело да одговори на неговите барања. Но, ако јас сум слаб, а вие силни, и на мене ми е потребна помош, мене нема да ми користи ако вие станете слаби како мене, бидејќи јас и понатаму останувам слаб и безпомошен. Но ако јас сум слаб, а вие сте јаки, и вие можете да ми ја дадете вашата сила, тоа ќе ми помогне. Законот бил доволно силен; но неговата цел не можела да се оствари заради слабоста на телото. Затоа Бог морал да даде сила на слабото тело. А за да ја задоволи оваа потреба, го испратил Христа. Затоа и стои запишано: „… Бог го изврши: испраќајќи Го – заради гревот – Својот Син во обличје слично на грешното тело.“ (Римјаните 8:3 ; Библија)

Човекот бил безгрешен кога Бог го создал за малку помал од ангелите. Телото било безгрешно. Но, човекот паднал од своето место и состојба и постанал грешно тело. А сега ние го гледаме Исуса, не како што бил човекот кога е првобитно направен помал од ангелите, туку како човек каков што бил откако погрешил, и така постанал многу помал од ангелите. Таков Исус гледаме.

 

 

Pin It on Pinterest