„…Кој го изврши очистувањето на гревовите и седна оддесно на Величеството во висините, и стана толку повозвишен од ангелите, колку што наследи повозвишено име од нив.“ (Евреите 1:3-4 ; Библија)
Кога Тој (Исус) седнал од десната страна на Бога? Одамна – кога воскреснал од мртвите и се вознел на небото, пред околу две илјади години. Но забележете, пред да седне, извршил очистување на нашите гревови. Дали вам ви е мило што пред толку време ги очистил вашите гревови? Тоа очистување е извршено во Него. Во Него и го наоѓаме. Да му заблагодариме што е така.
Постои разлика помеѓу Христос и ангелите. Каде е Христос? Таму каде што е Бог, со ангелите кои му искажуваат почитување. Отецот го нарекува (Исус) Бог. Тој наследил „повозвишено (преславно) име“ од ангелите. Вие и јас имаме име кое сме го наследиле. Тоа е името на нашите татковци. Господ Исус го „наследил“ своето име – „Бог“. Тоа име му припаѓа по природа. Тој не бил нешто друго, за подоцна да би добил име да биде она што (сега) е; Тој бил тоа, и наречен е Бог затоа што е Бог.
На Отецот Му било мило Неговиот Син да биде одблесок на славата и обличје на Неговото битие, исполнет со сета полнота на Божеството (Евреите 1:3 и Колосјаните 2:9). Тој самиот „има живот во себе“ (Јован 5:26). Тој самиот поседува бесмртност и таа бесмртност може да ја дарува на другите.
„Затоа и може наполно да ги спасува оние, кои преку Него доаѓаат при Бога, зашто секогаш живее, за да посредува за нив.“ (Евреите 7:25 ; Библија).