„И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека… а Утешителот, Светиот Дух, Кого Татко Ми ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи сè и ќе ве потсети на сè што ви реков.“ „кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев…“ (Јован 14:16,26 ; 16:8)
Кога сте осведочени за гревот, вие кажете „Попрво би го имал Христос отколку гревот“. И ослободете се од него. Зошто тогаш се обесхрабруваме заради сопствените гревови? Факт е дека токму тоа им се случило на некои од нашите браќа. Овде дошле слобони; но, Божјиот Дух изнел нешто што никогаш порано не го виделе, кое продрело подлабоко отколку порано и им открило работи кои никогаш порано не ги разбрале. А тогаш, наместо да се ослободат од сето тоа зло, и да заблагодарат на Господа што Него го имаат повеќе од било кога порано, тие почнуваат да се обесхрабруваат.
Ако нам Бог ни укажал на гревови за кои никогаш порано не сме размислувале, тоа само покажува дека Тој продира во длабочина и дека на крајот ќе стигне до дното. И ако наиде на последната нечистотија која не е во склад со Неговата волја, па ни ја покаже, а ние кажеме: „Јас попрво би го имал Христос отколку тоа“, тогаш делото е довршено и печат на живиот Бог може да се втисне на таквиот карактер.
Што попрво би имале, совршена полнота на Исуса Христа, или помалку од тоа со некои свои гревови кои се покриени, а да за нив воопшто и не знаете? Според тоа, Тој мора да копа во длабочина – до длабоки места за кои воопшто не сме ни сонувале дека постојат, затоа што ние не можеме да ги разбереме своите срца.
Нека Тој продолжи; да му допуштеме да продолжи со своето дело на копање по нашата душа.