„Освен тоа, на десеттиот ден на тој месец се паѓа Денот на Очистувањето – имајте свето собрание; смирете ги вашите души… Никаква работа не работите во тој ден; зашто тоа е Ден на Очистување, за да ве очисти вас пред Господа, вашиот Бог.“ (Левит 23:27-28 ; Библија)
Во „сликата на првата“ служба на земното светилиште, еднаш годишно доаѓал крај на низата обреди. Чистењето на светилиштето било завршеток на оваа сликовита, годишна служба, со која се чистело светилиштето „од нечистотиите на синовите израелски и нивните престапи во сите нивни гревови.“ (Левит 16:16).
Тој ден, кој бил Денот на помирувањето/Очистувањето, секој што не учествувал во чистењето на светилиштето, преку испитување на своето срце, преку признавање и отфрлување на гревот, засекогаш бил отстранет. Така, чистењето на светилиштето важело за народот, исто како и за светилиштето.
А сето тоа било „симболична слика за сегашното време“ (Евреите 9:9). Тоа светилиште било само слика на вистинското Христово светилиште и служба (на небото). А времето на чистењето на ова вистинско светилиште е објавено во зборовите на Прекрасниот Одбројувач како „две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.“ (Даниел 8:14); а тоа е Христовото светилиште.
Нема сомнеж дека светилиштето во кое што Христос е Првосвештеник, е единственото кое можело да се очисти, бидејќи единствено вистинско светилиште во кое што Христос е Првосвештеник и Слуга е она „што го подигна Господ, а не човек“ (Евреите 8:2).
Завршувањето на Божјата тајна е завршување на евангелието; прво, отстранување на сите гревови и донесување на вечна правда – Христос потполно обликуван во секој верник; и второ, уништување на сите кои го одбиле евангелието, бидејќи не е Божји начин да ги одржува луѓето во живот, ако тие тоа го користат така што на себе ќе навлекуваат уште повеќе беда.