Одговори: „Уште две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.” (Даниел 8:14 ; Библија)

Службата во земното светилиште покажувала дека самото светилиште не можело да се очисти додека секој од Божјите следбеници не бил очистен. Не можело да се очисти, сè додека, заради исповедувањето на народот и посредувањето на свештеникот, во светилиштето влегувала река на беззаконија, престапи и гревови. Чистењето на светилиштето претставувало отстранување на сите престапи од луѓето кои биле внесувани во него преку службата во текот на годината. А оваа река мора да се преќине на својот извор во срцата и животите на верниците, пред да може и самото светилиште да се очисти.

Заради тоа првата работа во чистењето на светилиштето била чистење на народот – внесување вечна праведност во срцето и животот на секој поединец. И кога е така, кога на својот извор е запрена реката која течела во светилиштето, само тогаш самото светилиште можело да се очисти од гревовите кои доаѓале во него.

На овој начин сме поучени дека на службата на нашиот Првосвештеник (Исус) во чистењето на вистинското светилиште, мора да му претходи чистење на секој поединечен верник. Прво мора да се заврши престапот и да дојде крај на гревот, како и да се изврши помирување за сето беззаконие во срцето на секого кој верува во Исуса, и дури тогаш може да се оствари чистењето на небесното светилиште.

Тоа е цел на вистинската Христова првосвештеничка улога во небесното светилиште. Жртвите и свештенството во светилиштето, кое биле слика за тоа време, во стварноста не можеле да го отстранат гревот. Христовото свештенство во небесното светилиште засекогаш го отстранува гревот и засекогаш ги донесува до совршенство „оние кои се посветуваат“ (Евреите 10:14).

 

Pin It on Pinterest