„… кои служиме со Божјиот Дух и се фалиме во Христа Исуса, а не се надеваме во телото“ (Филипјаните 3:3 ; Библија)
Обратувањето не става ново тело на стариот дух, туку нов Дух во старото тело. Обратувањето нема за цел да донесе ново тело на стариот ум, туку нов ум на старото тело.
Избавувањето и победата не се постигнуваат со отстранувањето на човечката природа, туку преку примање на божествената природа за да ја покори и има власт над човечката природа. Не преку отстранување на грешното тело (природа), туку преку праќање на безгрешниот Дух да го победи и осуди гревот во телото.
Библијата не вели: Нека во вас биде телото кое што беше во Христос, туку вели „Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа;“ (Филипјаните 2:5)
Библијата не вели: Преобразете се преку обновување на вашето тело, туку вели „…преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум,…“ (Римјаните 12:2). Мораме да бидеме трансформирани преку обновувањето на нашиот ум.
Незнабожечка поговорка вели дека Бог им помага на оние кои самите на себеси си помагаат. Но, вистината е дека Бог им помага на оние кои неможат самите на себеси да си помогнат: „Господ ги пази слабите: бев во мака и Тој ми помогна.“ (Псалм 116:6). Никој никогаш залудно не вика за помош. Кога повикуваме за помош, Избавителот е тука. Можеме да воскликнеме: „Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.“ (1 Коринтјаните 15:57).