ПОБЕДА НАД ПОХОТАТА
Похотата кај секој човек може да е различна.Таa може да биде во вид на некои романтични фантазии, интернет порнографија или искушение да имате односи со момчето или со девојката. Бидејќи има безброј варијанти за похотa, едноставната дефиниција за похотата е: Похотата е сексуална желба кон нешто што е од Бога забрането.
Похотата значи да копнееш по нешто што немаш и што не ти е наменето да го имаш. Похотата оди повеќе од привлечноста, од разбирањето за убавината, дури и од здравата потреба за интимност. Похотата сака да оди надвор од Божјите граници за да најде задоволство.
Со сигурност може да се каже дека похотата е еден од најголемите проблеми на денешната генерација. Многумина започнуваат со мали компромиси кои водат до сериозен грев и вина. Нивните приказни на тајни и агонизирачки борби со предбрачна интимност и со порнографија ги разорува нивните тела и нивниот дух. Многумина кои некогаш се заколнувале на чистота сега не можат да поверуваат во која длабочина на нечистотијата се спуштиле.
Дали има нешто пообесхрабрувачко отколку да се изгуби во борбата со похотата? Таа го исцрпува нашиот копнеж за духовност. Прави нашата вера да изгледа шуплива. Нè спречува да се молиме. Го обојува целиот наш живот и целото наше искусвто во поглед на одењето со Бога. На моменти сме обземени со срам што ни се чини дека Бог е милиони километри оддалечен од нас…
1. Зошто се чини дека не можеме да ја победиме похотата?
…Што правиме погрешно? Дали треба да биде вака? Зарем Исус не умре за да го победи и ова за нас? Секако дека не треба така да остане и секако дека Исус умре за да можеме да извојуваме победа над секој грев па и над овој. Бог не сака да живееме бесконечен циклус на порази. Бог не планирал ние да живееме живот управуван од похота, вина и срам. Тогаш каде грешиме?
2. Дали похотата е биолошка или е грев?
Сатаната сака да нè увери дека нашата интимност е грев. Тој знае дека ако може да нè збуни за разликите помеѓу од Бога дадената интимна природа и заробувчкото влијание на похотата, нашите напори да се бориме против гревот ќе бидат саботирани уште пред да излеземе од вратата.
Пред целосно да прифатиме дека воопшто не смее да имаме похота во нашите животи, неопходно е да разбереме што е похота, а што не е. И пред да ја отстраниме похотата од нашите животи – знаејќи со сигурност што треба, а што не треба – неопходно е да разбереме дека интимноста е благослов кој ни е даден од Бога.
Серијалот продолжува
Останатите статии од овој серијал наскоро ќе бидат објавени…