(Победа над депресијата – второ поглавје)

 

 

Депресија е добро познат збор со кој се опишува болеста која на луѓето честопати не им е јасна и ги доведува до забуна, а која се гледа во лицата на многумина.

Ед Харис бил еден од тие многумина. Иако бил успешен бизнисмен и почитуван старешина во својата црква, Ед имал здравствени проблеми. Слушнал дека успешно ги лекувам пациентите затоа што го барам потеклото и основата на болеста наместо само да ги лекувам симптомите со лекови, па така тој закажа преглед кај мене. Ед и неговата жена Кери, дојдоа во мојата ординација. Откако се поздравивме и поразговаравме за вообичаени теми, го запрашав за силните главоболки кои ги наведе како главен проблем.

Ги доживувал скоро секојдневно, скоро две години. Ед веќе го имал посетено својот семеен лекар кој му препишал некои лекови и МР (магнетна резонанца – која се користи за дијагностички цели) – скап и современ метод кој генерира тридимензионални слики на мозокот, черепот и синусите. И покрај лековите, главоболките на Ед не поминале. Неговиот лекар го пратил кај специјалист – еден познат невролог. Кога ги погледнал добрите резултати од МР на Ед, неврологот му препишал уште посилни лекови против болка. Во почетокот главоболките на Ед биле послаби, но болката со тек на време станувала сѐ посилна бидејќи Ед станал отпорен и на посилниот лек. Кога Ед ми ги опиша своите главоболки, го запрашав: „Дали понекогаш чувствуваш умор?“ Ми одговори дека воопшто нема енергија и рече: „Дури имам потешкотии и при станувањето наутро“.

Го запрашав: „Дали понекогаш се чувствуваш многу тажно и безвредно?“ и „Дали имаш проблеми со спиењето и со концентрацијата?“ Ед одговори дека никогаш не се чувствува така и дека нема проблеми со спиењето и со концентрацијата, но Кери со климнување на главата ми покажа дека Ед не ја зборува вистината. Ја вклучив и Кери во разговорот и реков: „Ед, твојата жена, очигледно не се согласува со тебе“. Потоа ја запрашав: „Кери, зошто климна со главата?“ Кога таа опиша некои од искуствата на Ед, тој упорно тврдеше дека тие не се важни. Меѓутоа, кога Кери продолжи да наведува примери, Ед конечно рече: „Докторе, никогаш порано не сум размислувал за тоа на таков начин, но ќе морам да признаам дека таа е во право“.

Кога историјата на болести на Ед беше готова, призна дека седум од симптомите на тешка депресија се однесуваат на него. Преостанатите два, „морбидни мисли“ и „промена на апетитот“, беа единствените симптоми кои не беa присутни кај него.

По физичкиот преглед, ги погледнав резултатите од анализата на крвта на Ед и рендгенската снимка и потоа му ја објаснив неговата дијагноза. Му кажав дека најверојатно причина за неговите хронични силни главоболки е тешката депресија. Му предложив да направиме специјален разговор и преглед за да ја утврдиме причината за неговата депресија (тема на 3-то поглавје). Покрај медицинското лекување, му препорачав и промена на начинот на исхрана и на животот воопшто.

Изгледа дека на Ед му беше непријатно, па и понатаму изразуваше сомневање за точноста на дијагнозата. Пронаоѓајќи некои логични аргументи, тврдеше дека има физичка болест со вистинска физичка болка поради која понекогаш ништо не може да работи. Не можеше да прифати дека неговата физичка болка може да биде последица на депресија – ментална болест. На крајот, Кери беше упорна: „Слушај Ед, ништо што до сега применуваше не те ослободи од главоболките. Мислам дека ова што докторот го предложува вреди барем да се проба!“

На Ед и на многу други депресивни личности им е тешко да поверуваат дека депресијата не е едноставна ментална болeст со ментални симптоми (накратко изнесено во 1 поглавје, табела 9). Ваквото гледиште е делумно резултат на погрешното, со векови старо сфаќање, на кое нѐ учеле старите грчки филозофи, а тоа е дека умот и телото се одвоени. Поимот „ментална болест“ честопати ѝ го отежнува на пошироката јавност, правилното разбирање на тоа за што станува збор, како што беше случајот и со Ед.

Ако човекот не ја сфати тесната поврзаност помеѓу телото и умот, ќе има погрешно сфаќање за здравјето и болеста. Погрешно е мислењето дека менталната болест не е поврзана со физичкото здравје и дека физичката болест не е поврзана со менталното здравје. Во реалноста, менталниот и физичкиот аспект на здравјето и болеста се неразделни.1 Бидејќи депресијата е и причина, а и последица, таа може да ги искомплицира останатите болести.

Ако предизвикува само ментални симптоми, и тогаш депресијата би била доволно сериозна болест. Меѓутоа, депресијата може да биде и основната причина за симптоми кои се опасни по животот. Кога личноста е физички болна, депресијата може драстично да ја зголеми сериозноста на болеста, дури и до таму што ќе предизвика смрт. Неколку сериозни болести на кои депресијата влијае во голема мера се наведени во табела 1.2,3

Табела 1. ВЛИЈАНИЕТО НА ДЕПРЕСИЈАТА ВРЗ СМРТОНОСНИТЕ БОЛЕСТИ

Депресијата го зголемува ризикот од:

– Смртоносен мозочен удар, за 50%.

– 2,5 пати е почеста неочекувана смрт, меѓу оние кои преживеале срцев удар.

– Смрт од рак.

– Смрт од воспаление на белите дробови.

 

Депресијата и мозочниот удар

Мозочниот удар е првиот на листата на болести кои можат да се влошат под влијание на депресијата.

Најчестиот физички фактор кај мозочниот удар е атеросклерозата или создавањето на стеснувања (затнувања) и пластови во артериите кои го снабдуваат мозокот со крв. Артериите на крај се затвараат и предизвикуваат смрт на ткивата во мозокот кои се снабдуваат со крв преку овие оштетни артерии. Забележете дека кај лица кои патат од депресија, ризикот од мозочен удар се зголемува дури за 50%.4 Зошто? Депресијата ги менува крвните тромбоцити кои циркулираат во крвотокот, и така предизвикува нивна хиперактивност, што повторно го зголемува ризикот од затнување на артериите во кои постојат наслаги од холестерол. Веројатноста за добивање на мозочен удар се зголемува и со ослободување на хормонот на стрес од адреналните жлезди6 кои се наоѓаат над бубрегот.

 

Депресијата и срцевите болести

Срцевиот удар, втората болест на листата на оние на кои влијае депресијата, претставува и најчестата причина за смрт во САД и во целиот свет.7 Пациентите кои доживеале срцев удар, по опоравувањето од физичките симптоми може да се чувствуваат неспособни за враќање на вообичаените животни обврски. Може да чувствуваат некој немир, или тага или недостаток на енергија кој не умеат да го објаснат. Нормално е пациентите кои доживеале срцев удар да чувствуваат тага поради својата болест. Меѓутоа не е нормално таа тага да трае подолго од две седмици, особено ако во физичка смисла, успешно се опоравиле. Продолжената состојба на очај треба да се лекува на соодветен начин, како што е објаснато во табела 2.

Табела 2. ДЕПРЕСИЈА ПОСЛЕ СРЦЕВ УДАР

Ако пациентот кој се опоравува од срцев удар стане депресивен:

– Депресијата го отежнува оздравувањето.

– Депресијата во голема мера го зголемува ризикот од смрт во рок од две години.

– Депресијата мора да се лекува.

Истражувањата покажуваат дека кај пациентите кои патат од умор, но не и од депресија, ризикот од смрт во рок од две години по срцевиот удар е за 50% поголем отколку кај здрави луѓе.8 Кај пациентите кои имале срцев удар, а патат од тешка депресија веројатноста дека ќе умрат во рок од две години по ударот е за 150% поголема отколку кај пациентите кои доживеале срцев удар а не патат од депресија.9 Овој алармантен пораст на смртноста може делумно да се објасни со физичките фактори поврзани за депресијата. Депресијата предизвикува пореметување на срцевиот ритам, намалувајќи ја способноста на срцето да чука побрзо во текот на некои активности, односно да чука поспоро во состојба на мирување.10,11 Овие застрашувачки бројки зборуваат дека пронаоѓањето на адекватни методи за лекување на депресијата или уморот се дури и поважни од употребата на вистинскиот лек после срцев удар.

Кога се дијагностицира затнување на коронарните артерии, на пациентите вообичаено оперативно им се вградува бајпас за да се подобри протокот на крв до срцето. Кога ќе се опорават од операцијата, пациентите вообичаено мислат дека проблемот е решен и дека веќе не треба да се грижат за своето срце. Како што опишав во својата книга „Закони на здравјето и лекувањето“, ако не се корегира нивото на холестерол во крвта, крвниот притисок и зависноста од тутун, бајпасот исто така ќе се затне за 1-10 години. Она што не било познато во времето кога ја пишував книгата „Закони на здравјето и лекувањето“ е дека постојат многу поважни фактори од нивото на холестерол, крвниот притисок и пушењето, а еден од нив е и расположението на пациентот на кој му е вграден бајпас. Истражувањата покажуваат дека депресивноста по операција за вградување на бајпас е добар показател дека  пациентот за една до пет години повторно ќе почувствува болки во градите и ќе добие затнување на артериите кое ја предизвикува болката.12 Тие истражувања покажуваат дека во случајот на повторно затнување на коронарните артерии, депресијата е многу поважен фактор за разлика од оние добро познати фактори. Едно друго истражување покажува дека депресијата тројно го зголемува ризикот од заболување од некои болести на срцето кај мажите кои никогаш немале срцеви тегоби.13 Овој ризик е независен од останатите познати ризици за болести на срцето, вклучувајќи ги тука и пушењето, нивото на холестерол во крвта, дијабетесот и високиот крвен притисок.

Кај постарите лица, депресијата го зголемува ризикот од добивање на коронарно срцево заболување. Неодамна е завршено опширно истражување поврзано за депресивните мажи и жени постари од 65 години. Овие 4493 мажи и жени, кои не боледувале од ниту една позната срцева болест, биле анализирани поради утврдување на присутноста на симптоми на депресија. Некои од нив покажувале голем број на симптоми на депресија, додека другите немале ниту еден. За оние кои покажувале голем број на симптоми на депресија, ризикот од заболување од срцеви болести се зголемил дури за 40%, а ризикот од смрт за 60%. Авторите на ова истражување заклучиле дека меѓу старите Американци, симптомите на депресија упатуваат на додатен ризик од заболување од коронарни болести на срцето и умирање од такви болести.14

Кога се во прашање дијабетичарите, депресијата во огромна мера го зголемува ризикот од заболување од болести на срцето, во случајот на лица зависни од инсулин,15 но изгледа дека не го зголемува ризикот кај жени помлади од 65 години кои немаат дијабетес.16

 

Депресија и рак

Што да се каже за влијанието на депресијата врз ракот, вториот најголем причинител на смрт во САД? Кога ракот ќе се прошири од првобитно зафатениот орган на останатите органи, во голем број на случаи пациентот умира. Дали пациентот ќе умре или не и колку долго ќе живее по влезот во терминалната фаза на болеста, зависи од неколку фактори во кои спаѓаат и: (1) типот на рак, (2) местото на кое ракот се проширил, (3) видот на препишаната терапија и (4) менталното здравје на пациентот. 17,18,19

Истражувањата покажуваат дека доброто ментално здравје може да ги зголеми шансите за лекување од рак како што е покажано во табела 3. Доброто ментално здравје може да го спречи негативното влијание на депресијата врз имуниот систем.20

Едно истражување кое се вршело во Националниот институт за стареење во Бетезда (Bethesda) во државата Мериленд, покажува дека кај лица постари од 70 години кои патат од хронична депресија најмалку шест години, постои два пати поголем ризик дека ќе заболат од рак отколку кај нивните ментално здрави врсници. 21 Овој зголемен ризик се однесува на сите типови на рак.

Табела 3. ДЕПРЕСИЈАТА ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД ДОБИВАЊЕ НА РАК

– Доброто ментално здравје може да ги подобри шансите за лекување на рак.

– Депресијата го ослабнува имуниот систем во борбата против клетките на рак.

– Постарите луѓе кои имаат депресија во тек на шест години, имаат зголемен ризик од добивање на рак.

 

Депресија и воспаление на белите дробови

Покрај ракот и срцевиот удар, воспалението на белите дробови е еден од петте главни причини за смрт во САД.22 Токму како и кај ракот и срцевите удари, депресијата може да доведе до сериозни компликации и во случајот на воспаление на белите дробови (пневмонија). Иако повеќето луѓе успешно се опоравуваат по воспаление на белите дробови, истражувањата покажуваат дека ризикот од смрт од оваа болест значајно се зголемува ако пациентот е депресивен.23

 

Смртност

Кога е во прашање смрт, депресијата може да биде ризик фактор во сите животни периоди, но ова особено важи за постарите возрасни лица. Едно шестгодишно истражување кое опфатило 5200 Американци на возраст од 65 години или повеќе, се занимавало со испитување на врската помеѓу симптомите на депресија и смртта.24 Ризикот од умирање бил за 25 до 43% поголем меѓу лицата кои пателе од тешка депресија. Понатамошните истражувања на податоците покажале дека дури и поблагите облици на депресија кај возрасните луѓе го зголемуваат ризикот од смрт.

 

Пореметување на телесните функции под влијание на депресијата

Во табела 1, беше прикажано на кои начини депресијата може погубно да влијае на четири главни болести. Депресијата може да биде штетна и за голем број на телесни функции кои можат, но не мораат, да го зголемат ризикот од смрт, но секако го намалуваат квалитетот на животот. Вкупно 11 можни штетни ефекти кои депресијата може да ги има на телесните функции се наведени во табела 4. Ајде малку подетално да ги разгледаме овие 11 телесни функции.

Табела 4. Влијанијата на депресијата

– Го намалува хипокампусот

– Го зголемува нивото на хормоните на стрес

– Остеопороза

– Хипертензија (покачен крвен притисок)

– Астма

– Главоболка

– Физичка неспособност, омалаксаност

– Можна зголемена зачестеност на напади (инфаркт, епилепсија)

– Неплодност

– Го намалува нивото на половите хормони

– Тешкотии во контролирање на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите

 

Депресијата ја намалува големината на мозокот

Првиот штетен ефект на нашата листа се однесува на мозокот. Според едно истражување објавено од Медицинскиот факултет на Универизтетот во Вашингтон (Washington University School of Medicine) во Св. Луис, депресијата не само што предизвикува веќе познати привремени промени во структурата и функцијата на мозокот, туку може да доведе и до трајни промени. Со употреба на МР (магнетна резонанца) изработена е тродимензионална слика на мозокот на депресивни и на здрави жени. Кај жените кои често патат од депресија, хипокампусот бил помал за 9 до 13%27.

Овој дел од мозокот (хипокампусот) учествува во процесот на учење и памтење, како што е објаснато во 1 поглавје. Жените во групата која била опфатена со ова истражување изјавиле дека имале во просек пет „депресивни епизоди“ во својот дотогашен живот, додека една од нив имала 18. Кај жените кои пријавиле најмногу такви „епизоди“, хипокампусот бил помал отколку кај оние испитаници кои пријавиле помал број на такви „епизоди“. Жените кои честопати пателе од депресија, имале помалку поени на тестот со кој се мерело вербалното памтење, главната функција на хипокампусот. Ова истражување исто така открило дека и амигдалата, делот од мозокот поврзан со емоциите, бил помал кај жените кои почесто пателе од депресија.

Еден од авторите на ова истражување, доктор на медицински науки, Ивет Л. Шелин (Y.L.Sheline) изјавила: „Откритието дека депресијата ја намалува големината на одредени мозочни структури и дека зачестените депресивни епизоди можат уште повеќе да ја намалат неговата големина, зборува, дека е многу важно да се лекува и да се спречи депресијата.“ Соодветното лекување може да го спречи страдањето, да го обнови квалитетот на животот и да го ограничи долготрајното оштетување на одредени делови од мозокот.

 

Зголемено ниво на хормоните на стрес

Другото штетно делување, прикажано во табела 4, се стрес хормоните. Додека депресијата запира одредени умствени и телесни функции, таа истовремено го зголемува производството на најмалку три хормони: хипоталамусниот хормон, еден од хормоните на хипофизата и крвниот кортизол- хормон на стрес кој го произведуваат адреналните жлезди. Баш како во играта домино, зголемено производство на првиот хормон може да предизвика зголемено производство на другиот хормон итн.28 Ова зголемено ниво на стрес претставува и пореметување во функционирањето на одредени делови на мозокот.

Кај здрави лица кои доживуваат стрес, високото ниво на кортизол може да даде чувство на зголемена енергија, и на тој начин им помага да „се изборат“ со стресот, додека кај депресивните луѓе, високото ниво на кортизол ја намалува енергијата и прави депресијата да трае подолго. Поради високото ниво на кортизол, постои зголемена веројатност дека по првобитното оздравување, депресијата повторно ќе се врати.29 Високото ниво на кортизол во крвта кое трае подолго од два дена не е пожелно кај здрави, а и кај депресивни лица. Всушност, во одредени случаи кортизолот може да биде поврзан за постепено намалување на оние делови од мозокот кои се одговорни за вербалното памтење.30,31 Во 7 поглавје, „Стрес и загриженост“, подетално ќе го разгледаме овој важен хормон. Ќе зборуваме и за тоа како да го намалиме нивото на кортизол. Ова значајно намалување на кортизолот исто така во извесна мера може да го ублажи ефектот на стреење на мозокот.32

 

Остеопороза

Зборот остеопороза (истенчување на коските) стана навистина често употребуван теремин денес. Од оваа болест боледува скоро секоја трета жена во светот постара од 50 години.33 Иако оваа болест најчесто ги напаѓа жените од белата раса во период на менопауза, таа ги напаѓа и мажите и жените од останатите раси. Скршеница на колкот претставува една од најчестите и најопасните компликации на остеопорозата, меѓутоа скршеница на рбетот и на рачните зглобови е исто така вообичаена појава во овој процес на истенчување на коските. Веројатно знаете една или повеќе личности кои скршиле некоја коска при највообичаен пад. Во САД секоја година се случуваат околу 1,3 милиони скршеници поврзани со остеопорозата. Повеќе од половина од жените кои излегле од менопауза, во текот на својот живот ќе добијат некоја скршеница поради остеопороза. Овие скршеници можат да го намалат квалитетот на животот и да го подготват теренот за прерана смрт, како последица на некои компликации, како што е воспалението на белите дробови. Медиумите првенствено истакнуваат дека калциумот е најдоброто оружје во борбата со остеопорозата, меѓутоа овој минерал е малку преценет, што може да се види од фактот што земјите со најголем внес на калциум по лице, имаат и најголем број на заболени од остеопороза во светот.34 Поцелосни информации за улогата на исхраната и стилот на живот во борбата со оваа болест ќе најдете во мојата книга „Закони на здравјето и лекувањето“.

Можеби се прашувате: „Каква врска има депресијата со остеопорозата?“ Истражувањата покажуваат дека овие две состојби се и тоа како поврзани. Во едно истражување, 24 депресивни жени споредени се со 24 ментално здрави жени. Просечната старост била 41 година. Просечната густина на коскените минерали кај депресивните жени била за 6% помала во рбетот и за 10% до 14% помала во колкот за разлика од густината на коскениот минерал на здравите жени. Авторите на ова истражување забележале дека доживотниот ризик од скршеници поврзани со депресијата е непобитен.“35 Истото ова било потврдено со уште едно истражување кои ги вклучувало и мажите и жените, а се занимавало со споредување на оние кои патат од тешка депресија и оние кои се ментално здрави. Ова истражување покажало дека кај депресивните пациенти дошло до значаен губиток на коскената маса во текот на двегодишен период. Степенот на губиток на коскената маса бил поголем кај депресивните мажи отколку кај депресивните жени. Иако ова ново истражување покажува прилично изненадувачка врска помеѓу два, на прв поглед неповрзани системи во нашето тело – мозокот и коските – се чини дека на Соломон уште пред повеќе од 2500 години му била откриена оваа врска. Три од големиот број на негови изреки се наведени во табела 5.37

Табела 5. ИЗРЕКИ ЗА МОЗОКОТ И КОСКИТЕ

„Бистриот поглед го развеселува срцето, и радосната вест ги гои коските.“ (Изреки 15:30 ; Библија)

„Љубезните зборови се мед во саќи, сладост на душата и лек на коските.“ (Изреки 16:24 ; Библија)

„Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските.“ (Изреки 17:22 ; Библија)

 

Хипертензија

Четвртата телесна функција во табела 4 на која влијае депресијата е крвниот притисок. Од хипертензија (висок крвен притисок) пати скоро секој шести Американец. Тоа, повеќе од сѐ друго придонесува за создавање на наслаги и затнување на главните артерии во нашиот организам. Иако постојат многу други причини за високиот крвен притисок, депресијата и стресот најмногу се истакнуваат меѓу нив. Многу депресивни пациенти постојано се збунети, а таа константна загриженост (анксиозност) е ментално пореметување поврзано со депресијата. Комбинацијата на депресија и загриженост во голема мера го зголемува ризикот од хипертензија, како што е прикажано и во табела 6.38 Во ова истражување кое опфаќа повеќе од 3000 луѓе на старост од 25 до 64 години, би било разумно да се очекуваат различни здравствени проблеми, вклучувајќи ги тука и стилот на живот и факторите на ризик.

Табела 6. ДЕПРЕСИЈАТА МОЖЕ ДА ГО ПОКАЧИ ВАШИОТ КРВЕН ПРИТИОК

Ризикот од добивање на депресија кај 3310 депресивни и постојано загрижени луѓе

Група Зголемен ризик од хипертензија

Мажи 50%

Жени (бела раса) 70%

Жени (црна раса) 200%

Открив дека, ако сакам некого да го лекувам од висок крвен притисок на правилен начин, морам најпрво да ја одредам причината за неговата депресија и загриженост па дури тогаш да пробам да му понудам трајно решение за неговиот проблем.

Шеќер во крвта

Далекусежните последици на депресијата може да се видат и во борбата со дијабетесот кај инсулин зависните пациенти. Истражувањата покажуваат дека шеќерот во крвта е потешко да се контролира кога пациентот кој боледува од дијабетес истовремено е и депресивен, загрижен или се наоѓа под голем стрес.39 На пример, одредени терапии за опуштање кои се препишуваат за секојдневно да се изведуваат во домашни услови можат да помогнат во снижување на нивото на шеќер во крвта кај пациентите кои не се депресивни. Меѓутоа, терапијата за релаксирање не влијае на нивото на шеќер во крвта кај дијабетичар кој пати од депресија или се наоѓа под стрес. Депресијата го оневозможува делувањето на терапијата. Како и во претходно споменатото истражување, ова истражување потврдува дека најдобар пристап е да се пронајде и да се лекува причината на депресијата.

 

Астма

Астмата е на шестото место на листата на болести кои се влошуваат под дејство на депресијата. Депресивните постари лица и оние кои се под поголем стрес имаат два пати поголеми шанси да заболат од астма.40 Всушност изгледа дека депресијата и загриженоста во голема мера допринесуваат за појава на астма, и тоа особено кај непушачите. Адекватната контрола на стресот и лекување на депресијата можат не само да го спречат настанувањето на астмата, туку и да го потпомогнат контролирањето на влошувањето кај оние кои веќе ја имаат оваа болест.

 

Главоболки

Два до три проценти Американци имаат хронични главоболки пропратени со напнатост која предизвикува болка во двете страни на главата и вратот, која може да трае од половина час, до неколку недели. Едно истражување покажува дека скоро половина од оние кои се жалат на хронични главоболки и напнатост се депресивни и постојано загрижени. Многу пациенти кои имаат главоболки не покажуваат видливи знаци на депресија и загриженост и лекарот воочува дека се депресивни дури по неколку разговори и проценки, кажува водечкиот писател др. Липчик (G. Lipchik) од универзитетот Охајо (Ohiо University).41

Многу од пациентите опфатени со истражувањето кое го спровел др. Липчик, ги мачела главоболка толку долго време што не можеле да се сетат кој симптом им се појавил прво – главоболката или депресијата. Поради ова, оние кои го спроведувале ова истражување не можеле да одредат дали психолошките проблеми се јавиле пред  појавувањето на главоболките, или пак настанале како последица на главоболките. Во својата лекарска пракса јас открив дека соодветниот начин на лекување честопати придонесува главоболките да исчезнат во потполност. Токму ова му го реков на Ед Харис, нашиот пациент од почетокот на ова поглавје.

 

Физичка онеспособеност

Околу 20% од постарите лица покажуваат некои знаци на депресија. Ако вообичаено, здравите лица постари од 70 години покажуваат и само еден симптом на депресија, постои поголема веројатност дека во наредните четири години ќе бидат на накој начин онеспособени.42,43 Колку е поголем бројот на симптоми (листата на симптоми се наоѓа во поглавје 1), поголем е и ризикот. Истражувањата покажуваат дека превенцијата и лекувањето на симптомите на депресија е можеби еден од најефикасните начини за интервенирање, чија цел е намалување на физичкото пропаѓања и продолжување на временскиот период во текот на кој постарите луѓе нема да бидат онеспособени.44 Значи, лекувањето дури и на благите облици на депресија кај постарите лица може да спречи нивно пропаѓање, така што ќе се прекине кружната интеракција помеѓу прогресивната спирална депресија и физичкото пропаѓање. Потребата од домашна нега на старото лице, можеби е уште повеќе поврзана за менталното отколку за физичкото здравје. Ризиците од онеспособување со кои се соочуваат пострите лица се прикажани во табела 7.

Табела 7. ДЕПРЕСИЈАТА МЕЃУ ПОСТАРИТЕ ЛИЦА

-Доволен е само еден од симптомите на депресија за ризикот од онеспособување да се зголеми.

-Колку е поголем бројот на симптомите, толку е поголем ризикот.

-Со лекување на симптомите се намалува ризикот.

-Со лекување дури и на благите облици на депресија тој ризик може да се намали.

 

Напади

Како што им е познато на сите, уште не сме ги откриле сите начини на кои депресијата може да влијае на физичкото здравје. Освен тоа, некои од болестите кои ги наведовме како последица на депресијата можат да бидат индиректна последица на нешто друго. На пример, како што е кажано уште претходно, зголемено лачење на кортизол, кој го лачат адреналните жлезди како одговор на депресијата, може да предизвика остеопороза и висок крвен притисок. Меѓутоа, едно нешто е јасно – депресијата е тесно поврзана со многу физички болести и симптоми.

Потребни се уште подетални истражувања на останатите многубројни врски. На пример, старите возрасни луѓе кои се депресивни имаат шест пати поголема шанса да добијат епилептични напади од нивните посреќни врсници.45 Ова откритие укажува на тоа дека, барем во некои случаи, некој трет фактор може да биде основната причина и за депресија и за епилептични напади.

 

Неплодност и полови хормони

Ни преостанува да наведеме само уште две нешта кои се поврзани со влијанието на депресијата врз телесните функции – неплодност и полови хормони. Уште една поврзаност која укажува на потребата од подетално истражување покажува дека жените кои не можат да родат дете, честопати се депресивни. Според некои истражувања, тие можат да бидат исто така депресивни како и оние кои боледуваат од рак, сида или од срцеви заболувања. Некои од овие случаи можат директно да бидат поврзани со депресијата.

Едно истражување опфатило 174 неплодни жени. Некои биле депресивни, а некои не. Сите посетувале десетнеделен курс за совладување на стресот за да се види дали тоа ќе им помогне во лекување на неполодноста. Околу 60% од депресивните жени добиле бебе после овој курс, а само 24% од оние кои не биле депресивни добиле бебе по завршетокот на овој курс.46 Заклучокот е: (1) депресијата била причина за неплодноста кај многу од овие жени и дека (2) со лекување на депресијата  се решава и неплодноста во многу случаи.

Според едно друго истражување, депресијата го зголемува ризикот од стерилитет и кај мажите.47 Кај мажите кои имале тешка депресија поради која морале да бидат хоспитализирани, нивото на тестостерон било многу пониско во текот на денот и ноќта. Покачено ниво на кортизол во крвта, кој е поврзан со депресијата, може да претставува објаснување за нивоата на тестостерон.

 

Депресијата влијае на однесувањето

Видовме дека депресијата може на различни начини да влијае на човековите телесни функции. Таа може негативно да влијае и на нашето однесување, како што е делумно прикажано во табела 8. Ајде да ги истражиме тие шест облици на однесување.

Табела 8. ОБЛИЦИ НА ОДНЕСУВАЊЕ ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ДЕПРЕСИЈАТА

-Го попречува учењето и ги намалува шансите за вработување.

-Ги зголемува шансите дека ќе имате проблематични деца.

-Зависност од никотин

-Алкохолизам

-Самоубиство

 

Го попречува учењето и ги намалува изгледите за вработување

Кај милиони луѓе, депресијата може да нанесе сериозна, па дури и ненадоместлива штета, како што е прикажано во табела 9.

Табела 9. ДЕПРЕСИЈА КАЈ МЛАДИТЕ

Кај младите лица, депресијата може да предизвика сериозни последици:

-Ја намалува способноста за учење

-Го попречува извршувањето на работните обврски

-Ја намалува желбата за стекнување на повисоко образование

-Има тенденција да предизвика друштвена изолација

На студентите (без разлика на возраста) кои патат од депресија им е многу тешко правилно да функционираат во училиште и во друштвото. Постарите студенти и возрасните луѓе кои патат од депресија која е помеѓу среден и висок интензитет, вообичаено изостануваат од училиште, односно од работа. Депресијата може да ги спречи студентите успешно да го завршат образованието и да им отежне во пронаоѓање и задржување на работно место во светот на возрасните. Ако и покрај сè се вработат, вообичано таа работа не ја извршуваат како што треба. Конечно, отсуствувањето од работа и неадекватното вршење на работата погубно влијае на нивната моментална работа и на изгледите за некоја идна работа.

За жал, депресијата и денес многу често се јавува помеѓу младите луѓе во нашето опкружување. Колку е личноста помлада во моментот кога запаѓа во депресија, толку е поголема веројатноста дека оваа болест ќе ја намали нејзината способност за учење и на крајот ќе ги намали и изгледите за вработување. Во едно истражување кое опфатило 500 депресивни 30-годишни лица, 43% биле во депресија уште пред својата 22-ра година од животот или во раната младост. Кај мажите и жените кои пателе од депресија во рана младост постоела поголема веројатност деќа ќе останат неоженети односно неомажени и имале помала веројатност за завршување на факултет. Кај жените кои пателе од депресија во раната младост постоела два пати поголема веројатност дека ќе останат без факултетска диплома отколку кај оние жени кои пателе од депресија во подоцнежна возраст. Не само што ова најверојатно го ограничувало изборот за работа, туку и ги намалило годишните приходи во периодот до 30-тата година од животот. Очигледно е дека кога депресијата се јавува во порани години, е многу важно да се најде вистинската причина и да се третира соодветно.

 

Проблематични деца

Депресивните мајки имаат поголема шанса да имаат проблематични деца, како што тоа е опишано во табела 10.

Табела 10. Децата на депресивни мајки вообичаено имаат:

-Послаби говорни способности

-Дрски ставови

-Повеќе проблеми во однесувањето

Во едно истражување на Универзитетот во Северна Каролина кое опфатило 1215 мајки и нивните деца,48 55% од мајките никогаш не пателе од депресија, 38% понекогаш биле депресивни, а 8% пателе од клинични тежок облик на депресија. Тригодишните деца на мајките со тежок облик на депресија не сакале многу да соработуваат и покажувале повеќе проблеми во однесувањето од децата на мајките од другите две групи.

Овие деца имале и полоши резултати на тестовите со кои се оценувал јазикот на изразување и вербалното разбирање. Децата на оние мајки кои никогаш не пателе од депресија имале најдобри резултати, додека резултатите на децата чии мајки понекогаш биле депресивни но не пателе од тешок облик на депресија, биле помеѓу овие две групи. За среќа, депресијата кај мајките не била едниствениот фактор кој го одредува резултатот кај детето. Деца на погрижливи мајки кои ги почитувале своите деца, ги поддржувале во она што го работат и кои не се мешале во разните активности на детето без потреба, постигнале подобри резултати на тестот за интелегенција и јазични способности и повеќе им помагале на своите мајки во раскревање на играчките. Негативното влијание на клиничката депресија се чини било до некаде ослабено кога депресивната мајка била погрижлива кон децата.

Главниот автор на ова истражување предупредува: „Една работа на која она што го откривме укажува, е дека би било добро, сите оние кои се обидуваат да им помогнат на депресивните мајки со мали деца, освен на самата депресија да се усредоточат и на некои други фактори. Недостатокот на мајчинска грижа и лошиот однос помеѓу мајката и детето има негативно влијание, особено во семејства во кои депресивната мајка нема поддршка од друштвеното опкружување и е под постојан стрес поради финансиските потешкотии“.

 

Зависност од никотин

Една од можните последици на депресијата е зависност од никотин. Луѓето кај кои е дијагностициран потежок облик на депресија имаат три пати поголема шанса да станат пушачи.49 Тоа да депресивните лица почнат со пушење вообичаено се случува во периодот на адолесценција. Сепак имаме добра  вест. Кога депресивните пушачи ќе решат да ја отфрлат оваа штетна навика не се ниту малку понеуспешни во тоа од своите врсници кои не патат од депресија.50 За тоа како успешно да се помине низ тој тежок процес на одвикнување од пушење можете да прочитате во 16-то поглавје од книгата „Закони на здравјето и лекувањето“.51

 

Зависност од алкохол

Многу луѓе кои во некој период од својот живот многу пушеле или пиеле мораат да избегнуваат средина која поддржува консумирање на алкохол и цигари. Многу е важно да сфатите дека кога ќе отфрлите одредена штетна навика која предизвикува зависност, секогаш постои можност повторно да ѝ се вратите на таа навика. За да не дојде до тоа, поранешен алкохоличар не би смеел да си дозволи дури ниту еден пијалок, туку мора целосно да се воздржува од алкохол.

Депресијата може да ја одземе моралната сила на болниот која му е потребна за да победи било каква врста на зависност. Едно истражување извршено на луѓе кои лежеле во болница поради зависност од алкохол покажало дека по лекувањето на депресијата пациентите три пати побрзо ѝ се враќале на својата стара лоша навика од оние кои не пателе од тежок облик на депресија.52 Сепак, некои пациенти не започнале повторно да пијат. Овој факт охрабрува и не пружа многу можности за изговор на оние кои се борат со зависностите.

Лековите против депресија не помогнале. Депресивните пациенти кои земале лекови против депресија ѝ се враќале на својата лоша навика скоро во исто време со оние пациенти кои не пиеле лекови. Овој факт повторно ја истакнува потребата, во својот пристап кон оваа болест лекарите да одат малку подалеку од едноставното препишување на лекови и да се обидат да ја пронајдат и да ја лекуваат причината за депресија.

 

Самоубиство: блиска роднина на депресијата

Самоубиството е одговорно за 31.000 смртни случаи годишно и претставува осми по ред причинител за смрт во САД.53 Секоја година, обидите за самоубиство доведуваат во просторијата за итни случаи околу 500.000 луѓе.54 Во САД, повеќе смртни случаи поврзани со употреба на огнено оружје настануваат како резултат на самоубиство, а не на убиство (50% повеќе луѓе извршуваат самоубиство отколку што се убиени од некој друг).55 Купувањето на огнено оружје може да го зголеми ризикот од самоубиство.56 Моментално состојбата по прашањето за самоубиства во САД е прикажана накратко во табела 11.

Табела 11. МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ПО ПРАШАЊЕТО НА САМОУБИСТВА ВО САД

-Половина милион луѓе годишно се обидуваат да извршат самоубиство.

-Помалку од 10% од нив успеваат во тоа.

-Оние кои патат од тешка депресија претставуваат најризична група.

-Адолесцентите и старите лица се ризична група.

Денес самоубиството е четврти по ред причинител за смрт меѓу лица помеѓу 10 и 15 години, а трет по ред причинител за смрт помеѓу младите на возраст од 15 до 25 години.57 Бројот на млади лица од 10 до 20 години кои извршуваат самоубиство драматично се зголемил во последните 50 години.58,59 Иако вакви несреќи се случуваат кај сите старосни групи, депресивните адолесценти и старите луѓе извршуваат самоубиство многу почесто отколку сите останати старосни групи. Ова не е проблем само на Запад. Бројот на самоубиства во некои земји во развој како Шри Ланка – особено бројот на самоубиства со труење, е пет пати поголем отколку на Запад.60 Истражувањата покажуваат дека филмовите, одредени видови на музика, и вестите на телевизија честопати предизвикуваат депресија и поттикнуваат желба за самоубиство. Болестите на депресија (вклучувајќи ја и тешката депресија) претставуваат главна причина за самоубиства и присутни се во околу 35% од сите случаи на самоубиство.61 Понатаму, колку потешка е депресијата, поголем е и ризикот од самоубиства. Во случаите на депресија кои се доволно сериозни за да пациентот се смести во болница, дури 15% на крај ќе успеат да извршат самоубиство.62 Ризикот од самоубиство се зголемува кога депресијата не се лекува на соодветен начин. Во истражување кое се занимавало со луѓе кои пателе од тежок облик на депресија, а кои извршиле самоубиство во текот на една календарска година во Финска, 45% се лекувале на психијатрија во времето кога се случила несреќата. Очигледно е дека повеќето од овие пациенти не биле соодветно лекувани од депресија. Повеќе од половина од самоубиствата се извршени од депресивни луѓе кои воопшто не биле лекувани. Ова го истакнува фактот дека е неопходен правилен и навремен начин на лекување на депресивните лица.

Истражувањата покажуваат дека постојат многу фактори кои влијаат на зголемување на ризикот од самоубиство. Четиринаесет од нив се прикажани во табела 12.63,64,65,66,67,68,69

Со проучување на оваа листа, ќе забележите дека некои од овие фактори на ризик не можат да се променат, како што се пол, случаи на самоубиство во семејството и некој губиток кој предизвикал стрес. За среќа, некои можат да се променат, како што се неспремност да се побара помош, избор на музика, употреба на алкохол или дрога и пореметувања по прашање на надворешниот изглед. Правилно третирање на овие фактори претставува основа на лекувањето и оздравувањето. Да разгледаме некои од овие фактори на ризик.

 

Табела 12. 14 ФАКТОРИ НА РИЗИК ОД САМОУБИСТВО

-Машки пол

-Различни ментални болести

-Злоупотреба на алкохол и дрога

-Претходен обид за самоубиство

-Случаи на самоубиство во семејството

-Одбивање да се побара помош

-Стресни настани во животот

-Сериозна физичка болест

-Годишнина од губитокот на некоја драга личност

-Повлекување

-Хомосексуалност

-Хеви метал музика

-Аномалии во физичкиот изглед

-Пристап до смртоносни средства, како што е оружјето

 

Пол

Мажите имаат четири пати поголема шанса да извршат самоубиство. Жените имаат четири пати поголема шанса да бидат депресивни и четири пати поголема шанса да се обидат да извршат самоубиство,70 што значи дека мажите кои се ќе се обидат да си го одземат животот имаат 16 пати поголема шанса да успеат во тоа.71

 

Различни ментални болести

Панични пореметувања (епизоди на сериозни симптоми на стрес како што се болка во градите, забрзано срцебиење, црвенило и силно чувство на загриженост без видлива причина) го зголемуваат ризикот од самоубиство, особено ако личноста во исто време е и депресивна.72 Освен тоа, депресијата во комбинација со било кое друго ментално заболување како што е шизофренијата може да стане смртоносна комбинација.

Личноста која пати од биполарно пореметување е онаа која има наизменични периоди на еуфорија и депресија. Таквата личност е поподложна на самоубиство за разлика од онаа личност која не пати од никаква ментална болест. Оваа болест е објасната во додаток 5.

 

Злоупотреба на алкохол и дрога

Употребата на алкохол или дрога можат да доведат до самоубиство дури и кога личноста не е депресивна. Според мислењето на Роналд Кеслер (Ronald Kessler), професор за здравствена заштита на Медицинскиот факултет на Харвард (Harvard Medical School) во Бостон: „Не мора да бидете алкохоличар; доволно е тоа што за вас не постои забрана (со употреба на алкохол или дрога сте ги изгубиле нормалните кочници) во одреден момент – а тоа е лоша вест“. Додека привремената неспособност за правилно донесување на одлуки, која е предизвикана од употреба на алкохол или дрога често се смета за секундарна причина за смрт, др. Кеслер открил дека кога една личност е депресивна, употребата на алкохол или дрога често пати директно доведува до обид за самоубиство.73 Некои тажни и загрижени луѓе пијат алкохол или земаат дрога за да ја угушат својата емоционална болка. Она што многу од овие личности не го сфаќаат е дека овие дроги на крајот го влошуваат нивното расположение и ги наведуваат често да размислуваат за самоубиство. Веќе со години психотерапевтите сфаќаат дека употребата на алкохол или дрога го зголемува ризикот од самоубиства. Кај 30% од жртвите на самоубиство пронајден е алкохол во крвта.74 Секоја година, многу здрави лица умираат така што извршуваат самоубиство – луѓе кои воопшто не пателе од депресија или од некоја ментална болест. Често единствениот фактор на ризик кај овие луѓе е консумирањето на алкохол.

Новите истражувања потврдуваат дека употребата на супстанци кои ја менуваат состојбата на умот не е поврзано со планирање на самоубиства, што се согласува со традиционалната претпоставка. Меѓутоа алкохолот е тесно поврзан со суицидни мисли и непланирани обиди.75 Овие мисли и обиди можат да бидат последица од консумирање на само „мали“ количини на алкохол. Значи, препорачувам потполно воздржување од алкохол како кај оние кои се здрави така и кај оние кои патат од некоја ментална болест како што е депресијата.

Медиумите константно поттикнуваат „умерено“ консумирање на алкохол. Ќе наидете на многу истражувања кои покажуваат дека алкохолот во мали  количини, го намалува ризикот од срцев удар, но чудно е тоа дека никој до сега не ги објавил истражувањата кои имаат слични резултати како она на др. Кеслер. За овие истражувања медиумите молчат. Тие не објавуваат дека умереното консумирање на алкохол не само што го зголемува ризикот од смрт поради самоубиство, туку го зголемува и ризикот од смрт поради убиство, несреќен случај, рак, хепатитис Ц и уште поради многу други причинители. Ризикот од самоубиство кај оние кои умерено консумираат алкохол е објаснет во табела 13.

 

Табела 13. ЛИЦАТА КОИ УМЕРЕНО КОНСУМИРААТ АЛКОХОЛ ИМААТ ЗГОЛЕМЕН РИЗИК ОД САМОУБИСТВО

Последици од умереното консумирање на алкохол:

-Честа појава на суицидни мисли и непланирани обиди

-Привремено влијае на моќта на расудување

-Може директно да доведе до обиди за самоубиство

-Алкохолот е пронајден во крвта на многу жртви на самоубиство

 

Како медиумите можат да молчат за овие очигледни штетни последици, додека се обидуваат да ги убедат луѓето во корисноста на потенцијално смртоносна супстанца за која постојат цврсти докази дека претставува трети по ред причинител за смрт во Америка?76

Овој важен податок за алкохолот и самоубиствата го нагласува значењето на законодавните политики. Многу држави мудро постапија кога ја променија старосната граница за легално консумирање на алкохол од 18 на 21 година, но некои групи на луѓе бараа од сојузните власти да ја поништат оваа одлука. Истражувањата покажуваат дека ако таа одлука се поништи, годишно би имало околу 125 самоубиства повеќе, помеѓу младите на возраст од 18 и 20 години, кои не би се ни обиделе да си го одземат сопствениот живот ако не им било дозволено консумирање на алкохол.78 Освен што алкохолот зема многу животи по пат на самоубиства, тој тоа го прави и по пат на убиства и несреќни случаи во истата оваа старосна група. Можеби се прашувате: „Ако алкохолот не е добар за еден 20-годишник, зошто е добар за некој кој има 21 или 40 па дури и 70 години?“ Сметам дека е важно да се поучува секоја генерација, објективно да ги истражи предностите од воздржување од алкохол. Тоа знаење може многу да допринесе за намалување на бедата, болестите и смртта ширум светот.

Алкохолот не е единствената супстанца која ја променува состојбата на умот, и која го зголемува ризикот од самоубиство. Во 6. поглавје ќе напоменеме дека и антидепресивните лекови како SSRI (select cerotonin reuptake inhibitors, тоа е група на антидепресивни лекови чие дејство се состои во инхибиција на повторното превземање на серотонинот, примедба на преведувачот), па дури и билката Кава-Кава ја зголемуваат можноста од самоубиство, но неодамна извршените истражувања покажуваат дека и некои стимулативни дроги исто така го зголемуваат ризикот од самоубиство.79 Во 9. поглавје ќе ја истражуваме оваа врска во случајот на фронталниот лобус на мозокот. На сите треба да им се препорача воздржување од супстанци кои ја менуваат состојбата на умот, а особено на оние кај кои се пристуни уште некои фактори на ризик кога се во прашање депресија и самоубиство.

 

Одбивање да се побара помош

Суицидните (самоубиствените) мисли се нешто навистина лично и на повеќето луѓе им е непријатно да зборуваат за тоа. Како лекар, јас прво воспоставувам однос со депресивните пациенти па дури тогаш ги прашувам дали им се јавуваат суицидни мисли. Кон оваа тема приоѓам смирено, со сочувство и без критика. Депресивните пациенти често избегнуваат да разговараат за самоубиство, но да им се постави прашање за самоубиство не значи дека им ја ставате таа идеја во глава. Напротив, забележав дека пациентите кои активно размислуваат за самоубиство често чувствуваат олеснување кога можат да разговараат со некој за овие неискажливи мисли. Правилен пристап со сериозност кон овие мисли ѝ овозможува на депресивната личност да управува со нив.

Јас прво утврдувам дали овие пациенти се заинтересирани за иднината. Безнадежноста е оној елемент на депресијата кој најчесто се поврзува со суицидно однесување.80 Јас не се обидувам да ги одвратам овие пациенти од нивните суицидни мисли, туку ги разубедувам и им нудам надеж. Оваа понуда се заснова и на можноста да се пронајде и да се лекува основниот причинител за суицидните мисли и на ефикасноста на прилагодените програми за лекување. По разговорот со пациентот, ако сум убеден дека постои голем ризик од самоубиство, јас интервенирам – одејќи до таму да, ако е потребно, ги сместам овие пациенти во болница против нивна волја, Често е потребно веднаш да се реагира за да се спречи смрт кај депресивните и суицидните лица.

Многу суицидни лица нема своеволно да побараат помош, туку некој друг ќе мора да интервенира во нивно име. Нивните причини можат да бидат различни и се движат од безнадежност до страв. Некои можат да тргнат од прогресивните претпоставки дека нивната состојба не може да се лекува или можеби се плашат дека луѓето ќе им стават етикета на која пишува ментално болен или суициден. Другите можеби се плашат од финансиски крах поради трошоците на лекувањето. Некои други пак се наоѓаат во некој вид на друштвена изолација, без блиски пријатели или членови на семејството кои би препознале промена во нивната ментална состојба. Изолацијата го зголемува ризикот од самоубиство кај оние луѓе кои живеат сами, кои не се во брак или често се селат.81 Најважно е депресивните и суицидните лица да ја добијат помошта која им е потребна. Нивните пријатели и членовите на семејството мораат со љубов и нежност да инсистираат таа помош да се најде за да се спаси животот.

 

Стресни настани во животот

Самоубиствата се случуваат помеѓу сите старосни групи. Секоја фаза во животот носи со себе свој облик на стрес и губиток. Младите луѓе доживуваат стрес поради болест, загуба на работата, или загуба на пријател. Постарите често доживуваат повеќекратни губитоци и особено се подложни на самоубиства. Стапката на самоубиства помеѓу мажите од белата раса постари од 84 години, е шест пати поголема од стапката на самоубиства на целокупната популација.82 Староста и болеста често се здружуваат со депресијата, и така поттикнуваат суицидни мисли. Лицата на кои им е дијагностициран рак, оние кои преживеале инфаркт83 или оние кои се онеспособени поради некоја болест, се соочуваат со поголем ризик од самоубиство.84 Ваквите лица често чувствуваат дека за нив нема надеж или дека се потполно безвредни. Нив треба да ги лекувате не само од физичка болест туку и од депресија. Духовните средства се многу значајни за ваквите лица. Особено е важно, оние кои претрпеле некаков губиток или имале некоја друга стресна ситуација во животот да го прочитаат 7. поглавје „Стрес и загриженост“.

 

Хомосексуалност

Хомосексуалноста е фактор кој е присутен во многу обиди за самоубиство. Кај возрасните мажи кои биле во врска со лице од истиот пол (без разлика дали се бисексулаци или хомосексуалци) постои пет пати поголема веројатност дека ќе се обидат да извршат самоубиство отколку кај мажи хетеросексуалци.85 Средношколците кои се хомосексуалци, бисексуалци или кои „не се сигурни“ како се ориентирани, имаат три пати поголема шанса да се обидат да извршат самоубиство од своите врсници кои е хетеросексуалци.86

 

Музика

Едно истражување кое опфатило 121 средношколец од средниот запад покажало дека 75% од девојчињата кои слушале хеви метал музика размислувале за самоубиство во споредба со 35% од оние кои слушале друг вид на музика. Скоро 50% од момчињата кои слушале хеви метал музика размислувале за самоубиство во споредба со 15% од оние кои слушале музика која нема елементи на хеви метал.87

Спротивно од ова, се покажало дека сериозната музика го подобрува расположението, и од субјективен и од објективен аспект. Оваа тема ја истражувам во 5. поглавје кое говори за тоа како стилот на живот може да помогне во лекување на депресијата.

 

Надворешен изглед

Ние сме дел од окружување кое го цени привлечното лице и тело, а го исмева она за кое смета дека е непривлечно. Ваковиот став може да објасни зошто жените со прекумерна телесна маса и мажите со недоволна телесна маса се посклони кон депресија и кон суицидни мисли. Луѓето кои се чувствуваат депресивно често се импулсивни и јадат преголеми количини на калорична храна во надеж дека ќе се чувствуваат подобро.88 Едно обемно истражување кое опфатило повеќе од 40.000 возрасни жители на САД открило дека дебелите жени имаат за 26% поголеми шанси да размислуваат за самоубиство и дека кај нив постои за 55% поголема веројатност дека во претходните години се обиделе да извршат самоубиство отколку што е тоа случај со жените со нормална телесна маса.89 Кај мажите имаме обратна ситуација. Слабите мажи имаат за 80% поголема шанса да размислуваат за самоубиство отколку оние со нормална телесна маса. Кај нив исто така постоела 77% поголема веројатност дека веќе се обиделе да извршат самоубиство.

Авторот на ова истражување др. Мајлс Фејт (Myles Faith), изјавил дека „Постојат многу предрасуди усмерени против дебелите луѓе, особено жените, така што по мое мислење, дебелината (за жените) претставува голем ризик фактор кога е во прашање депресијата“. Од друга страна, тој вели дека западната култура повеќе ги цени изразено мажествените, мускулести мажи од оние со помала телесна градба, па така, по негово мислење, некои послаби мажи, можат да се сметаат себеси за „слабаци“, што може да го намали нивното самопочитување и да го зголеми ризикот од депресија.

Кога личноста не е задоволна со својот физички изглед и својот физички изглед го сфаќа како физичка аномалија, можеме да зборуваме за дисморфично заболување. Овој проблем станува сѐ почест и почнува да му се придава сѐ поголемо значење. Иако може да биде загрижувачки и кај возрасните лица, особено е погубен за тинејџерите и за адолесцентите. Во некои посериозни ситуации, овој проблем може да прерасне во анксиозност или стресно пореметување, а тоа е веќе ментално заболување. Ваквата нездрава и претерана опседнатост со всушност непостоечки или пак незабележливи физички недостатоци, кај тинејџерите доведува до депресија, изолација па дури и до самоубиство.90 Лицата кои патат од ова пореметување скоро непрестано размислуваат за својот изглед и постојано се гледаат во огледало. Така се зголемува ризикот од пореметувања во исхраната, како што се анорексијата (одбивност спрема храна) или булимија (личноста јаде, па потоа самата себе се присилува на повракање). Овие пореметувања се покажало дека го зголемуваат ризикот од самоубиства.91

 

Заклучок

После овие информации, на сите би требало да ни биде јасно дека со пронаоѓањето и правилното лекување на причината за депресија, се отстранува голем товар на тага и беда и се сочувуваат многу животи. Милиони луѓе кои сега патат би можеле повторно да живеат полн живот – поуспешни и попродуктивни, без страдање и болести. Меѓутоа, тие прво мора да најдат помош која им е потребна и да го започнат соодветниот програм за лекување. Има надеж.

За жал, секоја приказна нема среќен крај. Дали се запрашавте што се случи со Ед Харис, за кого ви зборував на почетокот на ова поглавје? Само уште еднаш дојде на разговор. Му препорачав исклучително успешен програм на лекување, но нему му беше непријатно и не сакаше да ја прифати дијагнозата за тежок облик на депресија. Потоа, Ед никогаш повеќе не закажа преглед кај мене за да можам да го применам тој програм кој му го препорачав.

Од некои други извори дознав дека тој сеуште има силни главоболки кои бараат се поголеми дози на наркотични лекови. Прогнозите за Ед не се баш добри. Тој сега живее еден беден живот на зависник од наркотици, не знаејќи уште каква штета може да му нанесе неговата депресија. И понатаму не сака да верува во тоа дека тој всушност пати од тежок облик на депресија која вклучува и чувство на празнина во животот и ниска вредноста на самиот човек. Оваа приказна нема среќен крај. Ед не може да поверува дека со превземање на лична одговорност и примена на соодветен програм на лекување би се излечиле не само неговите ментални симптоми туку и оние физичките. Тој со малку вложен напор би можел да се ослободи од многуте симптоми кои го комплицираат неговиот живот: умор, тешкотии со спиењето и главоболки.

Продолжете да читате за да дознаете што Ед и уште многу луѓе треба да направат за да се ослободат од дересијата и од нејзините штетни последици.

 


1 Mental Health: A Report of the Surgeon General. Executive Summary. Department of Health and Human Services. National Institutes of Health, National Institute of Mental Health, 1999, p 5,6.
2 Takeida K, Nishi M, Miyake H. Mental depression and death in elderly persons. J Epidemiol 1997 Dec;7(4):210- 213.
3 Hippisley-Cox J, Fielding K, Pringle M. Depression as a risk factor for ischaemic heart disease in men: population based case-control study. BMJ 1998;316:1714-1719.
4 Everson SA, et al. Depressive symptoms and increased risk of stroke mortality over a 29-year period. Arch Intern Med 1998 May 25;158(10):1133-1138.
5 Roose SP. Treatment of depression in patients with heart disease. J Clin Psychiatry 1999; 60 Suppl 20: 34-37.
6 Harbuz MS. Stress, hormones and your brain. J Neuroendocrinology 2000;2(5):381-382.
7 Murray CJ, Lopez AD. Mortality by cause for eight regions of the world: Global Burden of Disease Study. Lancet 1997 May 3;349(9061):1269-1276.
8 Irvine J. Depression and risk of sudden cardiac death after acute myocardial infarction: testing for the con- founding effects of fatigue. Psychosom Med 1999 Nov- Dec;61(6):729-737.
9 Irvine J. Depression and risk of sudden cardiac death after acute myocardial infarction: testing for the con- founding effects of fatigue. Psychosom Med 1999 Nov- Dec;61(6):729-737.
10 Carney RM, Freedland KE, et al. Major depression, heart rate, and plasma norepinephrine in patients with coronary heart disease. Biol Psychiatry 1999 Feb 15;45(4):458-463.
11 Watkins LL, Grossman P. Association of depressive symptoms with reduced baroreflex cardiac control in coronary artery disease. Am Heart J 1999 Mar;137(3):453- 457.
12 McKhann GM, Borowicz LM, et al. Depression and cognitive decline after coronary artery bypass grafting. Lancet 1997 May 3;349(9061):1282-1284.
13 Hippisley-Cox, J. Depression as a risk factor for ischaemic heart disease in men: population-based case- control study. BMJ 1998;316:1714-1719.
14 Ariyo AA, Haan M, et al. Depressive Symptoms and Risks of Coronary Heart Disease and Mortality in Elderly Americans Circulation 2000;102:1773-1779.
15 Forrest KY, Becker DJ, et al. Are predictors of coronary heart disease and lower-extremity arterial disease in type 1 diabetes the same? A prospective study. Atherosclerosis 2000 Jan;148(1):159-169.
16 Hippisley-Cox, J. Depression as a risk factor for ischemic heart disease in men: population-based case- control study. BMJ 1998;316:1714-1719.
17 Fawzy FI, Cousins N, et al. A structured psychiatric intervention for cancer patients. Changes over time in methods of coping and affective disturbance. Arch Gen Psychiatry 1990;47:720.
18 Fawzy FI, Fawzy NW, et al. Malignant melanoma: Effects of an early structured psychiatric intervention, coping, and affective state on recurrence and survival 6 years later. Arch Gen Psychiatry 1993;50:681.
19 Spiegel D, Bloom JR, et al: Effects of psychosocial treatment on survival of patients with metastatic breast cancer. Lancet 1989;2:888.
20 Stein M, Miller AH, Trestman RL. Depression, the immune system, and health and illness. Arch Gen Psychiatry 1991;48:171.
21 Penninx BW, Guralnik JM, et al. Chronically depressed mood and cancer risk in older persons. J Natl Cancer Inst 1998 Dec 16;90(24):1888-1893.
22 Preliminary data on births and deaths-United States, 1995. MMWR Morb Mortal Wkly Rep 1996 Oct 25;45(42):914-919.
23 Takeida K, Nishi M, Miyake H. Mental depression and death in elderly persons. J Epidemiol 1997 Dec;7(4):210- 213.
24 Schulz R, Beach SR, et al. Association between depression and mortality in older adults: the cardiovascular health study. Arch Intern29 Med 2000;160:1761-1768.
25 Schulz R, Beach SR, et al. Association between depression and mortality in older adults: the cardiovascular health study. Arch Intern Med 2000;160:1766.
26 Schulz R, Beach SR, et al. Association between depression and mortality in older adults: the cardiovascular health study. Arch Intern Med 2000;160:1766-1767.
27 Sheline YI, Sanghavi M, et al. Depression duration but not age predicts hippocampal volume loss in medically healthy women with recurrent major depression. J Neuroscience 1999 June 15:19(12):5034-5043.
28 Tasman: Psychiatry, 1 st ed. W. B. Saunders Company. 1997, p 998-999.
29 O’Toole SM, Sekula LK, Rubin RT. Pituitary-adrenal cor- tical axis measures as predictors of sustained remission in major depression. Biol Psychiatry 1997;42:85.
30 Lupien SJ, de Leon M, et al. Cortisol levels during human aging predict hippocampal atrophy and memory deficits. Nat Neurosci 1998 May;1(1):69-73.
31 Porter NM, Landfield PW. Stress hormones and brain aging: adding injury to insult? Nat Neurosci 1998 May;1(1):3-4.
32 Cameron HA, McKay RD. Restoring production of hippocampal neurons in old age. Nat Neurosci 1999 Oct;2(10):894-897.
33 World Health Organization (WHO). The World Health Report 1995: Bridging the Gaps. Geneva, Switzerland: World Health Organization, 1995.
34 Abelow BJ, Holford TR, Insogna KL. Cross-cultural association between dietary animal protein and hip fracture: a hypothesis. Calcif Tissue Int 1992 Jan;50(1):14- 18.
35 Michelson D, Stratakis C, et al. Bone mineral density in women with depression. NEJM 1996 Oct 17; 335(16): 1176.
36 Schweiger U. Weber B. et al. Lumbar bone mineral density in patients with major depression: evidence of increased bone loss at follow-up. Am J Psychiatry 2000 Jan;157(1):118-120.
37 Proverbs 15:30, 16:24, 17:22. The Holy Bible. KJV
38 Jonas BS, Lando JF. Negative affect as a prospective risk factor for hypertension. Psychosom Med 2000 Mar- Apr;62(2):188-196.
39 McGrady A. Horner J. Role of mood in outcome of biofeedback assisted relaxation therapy in insulin dependent diabetes mellitus. Appl Psychophysiology Biofeedback 1999 Mar 24;(1):79-88.
40 Jonas BS, Wagener DK, et al. Symptoms of Anxiety and Depression as Risk Factors for Development of Asthma. J Appl Biobehav Research 1999;4:91-110.
41 Lipchik GL, Rains JC, et al. Recurrent headache: a neglected women’s health problem. Women’s Health Issues 1998 Jan-Feb;8(1):60-64.
42 Penninx BW, Guralnik JM, et al. Depressive symptoms and physical decline in community-dwelling older persons. JAMA 1998 Jun 3;279(21):1720-1726.
43 Penninx BW, Leveille S, et al. Exploring the effect of depression on physical disability: longitudinal evidence from the established populations for epidemiologic studies of the elderly. Am J Public Health 1999 Sep; 89(9): 1346-1352.
44 Penninx BW, Guralnik JM, et al. Depressive symptoms and physical decline in community-dwelling older persons. JAMA 1998 Jun 3;279(21):1720-1726.
45 Hesdorffer DC, Hauser WA, et al. Major depression is a risk factor for seizures in older adults. Ann Neurology 2000 Feb 47(2):246-249.
46 Domar AD. Distress and conception in infertile women: a complementary approach. J Am Med Womens Assoc 1999 Fall;54(4):196-198.
47 Schweiger U. Deuschle M., et.al. Testosterone, gonadotropin, and cortisol secretion in male patients with major depression. Psychosom Med 1999;61(3):292-296.
48 Berndt ER, Koran LM, et al. Lost human capital from early-onset chronic depression. Am J Psychiatry. 2000 Jun;157(6):940-947.
49 Breslau N, Peterson EL, et al. Major depression and stages of smoking. A longitudinal investigation. Arch Gen Psychiatry 1998 Feb;55(2):161-166.
50 Breslau N, Peterson EL, et al. Major depression and stages of smoking. A longitudinal investigation. Arch Gen Psychiatry 1998 Feb;55(2):161-166.
51 Nedley N. Proof Positive: How to Reliably Combat Disease and Achieve Optimal Health through Nutrition and Lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1998, pages 408-412.
52 Greenfield SF, Weiss RD, et al. The effect of depression on return to drinking: a prospective study. Arch Gen Psychiatry 1998 Mar;55(3):259-265.
53 Angst J, Angst F, Stassen HH. Suicide risk in patients with major depressive disorder. J Clinical Psychiatry 1999;60 Suppl 2:57-62;discussion 75-76,113-116.
54 U.S. Department of Health and Human Services: Mental Health: A Report of the Surgeon General. U.S. Department of Health and Human Services, Substance Abuse and Mental Health Services Administration, Center for Mental Health Services, National Institutes of Health, National Institute of Mental Health, Rockville, Maryland, 1999, p. 245.
55 U.S. Department of Health and Human Services: Mental Health: A Report of the Surgeon General. U.S. Department of Health and Human Services, Substance Abuse and Mental Health Services Administration, Center for Mental Health Services, National Institutes of Health, National Institute of Mental Health, Rockville, Maryland, 1999 p 245.
56 Wintemute GJ, Parham CA, et al. Mortality among recent purchasers of handguns. NE M 1999;341:1583.
57 Potter LB. Suicide in youth: a public health framework. J Am Acad Child Adolesc Psychiatry 1998 May; 37(5):484- 487.
58 Public Health Advisory Board Report, May 1999.
59 U.S. Department of Health and Human Services: Mental Health: A Report of the Surgeon General. U.S. Department of Health and Human Services, Substance Abuse and Mental Health Services Administration, Center for Mental Health Services, National Institutes of Health, National Institute of Mental Health, Rockville, Maryland, 1999, pp 150-152.
60 Eddleston, Sheriff MH, Hawton K. Deliberate self harm in Sri Lanka: an overlooked tragedy in the developing world. BMJ 1998 Jul 11;317(7151):133-135.
61 Angst J. Angst F. Stassen HH. Suicide risk in patients with major depressive disorder. J Clin Psychiatry 1999;60 Suppl 2:57-62;discussion 75-76,113-116.
62 Angst J. Angst F. Stassen HH. Suicide risk in patients with major depressive disorder. J Clin Psychiatry 1999;60 Suppl 2:57-62;discussion 75-76,113-116.
63 U.S. Department of Health and Human Services: Mental Health: A Report of the Surgeon General. U.S. Department of Health and Human Services, Substance Abuse and Mental Health Services Administration, Center for Mental Health Services, National Institutes of Health, National Institute of Mental Health, Rockville, Maryland, 1999, p. 245.
64 Cornelius JR, Salloum IM, et al. Disproportionate suicidality in patients with comorbid major depression and alcoholism. Am J Psychiatry 1995;152:358.
65 Weiss RD, Hufford MR. Substance abuse and suicide. The Harvard Medical School Guide to Suicide Assessment and Intervention. Jacobs DG, Ed. Jossey-Bass Publishers, San Francisco, 1999, p 300.
66 Hyman SE, Rudorfer MV. Depressive and Bipolar Mood Disorders. Scientific American May 2000.
67 Garofalo R, Wolf RC, et al. Sexual Orientation and Risk of Suicide Attempts Among a Representative Sample of Youth Arch Ped Adolesc Med 1999 May;153(5):487-493.
68 Cochran SD, Mays VM. Lifetime prevalence of suicide symptoms and affective disorders among men reporting same-sex sexual partners. Am J Public Health 2000 Apr;90(4):573-578.
69 Scheel KR, Westefeld JS. Heavy metal music and adolescent suicidality: an empirical investigation. Adolesc 1999 Sum-mer;34(134):253-273.
70 Blumenthal SJ. Suicide: A guide to risk factors, assessment, and treatment of suicidal patients. Med Clin N Amer 1988;72:937-971.
71 U.S. Department of Health and Human Services: Mental Health: A Report of the Surgeon General. U.S. Department of Health and Human Services, Substance Abuse and Mental Health Services Administration, Center for Mental Health Services, National Institutes of Health, National Institute of Mental Health, Rockville, Maryland, 1999, p 244.
72 Tasman: Psychiatry, 1 st ed. W. B. Saunders Company. 1997, p 995.
73 Borges G, Walters EE, Kessler RC. Associations of sub- stance use, abuse, and dependence with subsequent suicidal behavior. Am J Epidemiol. 2000 Apr 15;151(8):781- 789.
74 Smith GS, Branas CC, Miller TR. Fatal nontraffic injuries involving alcohol: A metaanalysis. Ann Emer Med 1999 Jun;33(6):659-668.
75 Borges G, Walters EE, Kessler RC. Associations of sub- stance use, abuse, and dependence with subsequent suicidal behavior. Am J Epidemiol. 2000 Apr 15;151(8):781- 789.
76 McGinnis JM, Foege WH. Actual causes of death in the United States. JAMA 1993 Nov 10;270(18);2207-2212.
77 Nedley N. Proof Positive: How to reliably combat dis- ease and achieve optimal health through nutrition and lifestyle. Ardmore, OK: Nedley Publishing, 1998, p. 425.
78 Birckmayer J, Hemenway D. Minimum-age drinking laws and youth suicide, 1970-1990. Am J Public Health 1999 Sep;89(9):1365-1368.
79 Borges G, Walters EE, Kessler RC. Associations of sub- stance use, abuse, and dependence with subsequent suicidal behavior. Am J Epidemiol. 2000 Apr 15;151(8):781- 789.
80 Beck AT, Kovacs M, Weissman A. Hopelessness and suicidal behavior: an overview. JAMA 1975;234:1146.
81 Whitley E, Gunnell D, et al. Ecological study of social fragmentation, poverty, and suicide. BMJ 1999 Oct 16;319(7216):1034-1037.
82 Cole MG, Bellavance F, Mansour A. Prognosis of depression in elderly community and primary care populations: a systematic review and meta-analysis. Am J Psychiatry 1999;156:1182.
83 Stenager EN, Madsen C, et al. Suicide in patients with stroke: epidemiological study. BMJ 1998 April 18;316: 1206-1210.
84 Cassem EH. Depressive disorders in the medically ill. An overview. Psychosom 1995 Mar-Apr;36(2):S2-10.
85 Cochran SD, Mays VM. Lifetime prevalence of suicide symptoms and affective disorders among men reporting same-sex sexual partners: results from NHANES III. Am J Public Health 2000 Apr;90(4):573-578.
86 Garofalo R, Wolf RC, et al. Sexual Orientation and Risk of Suicide Attempts Among a Representative Sample of Youth Arch Ped Adolesc Med 1999 May;153(5):487-493.
87 Scheel KR, Westefeld JS. Heavy metal music and adolescent suicidality: an empirical investigation. Adolesc 1999;34(134):253-273.
88 Tice DM, Bratslavsky E. Emotional Distress Regulation Takes Precedence Over Impulse Control: If You Feel Bad! J Pers Soc Psych 2001;80:53-67.
89 Carpenter KM, Hasin DS, et al. Relationships between obesity and DSM-IV major depressive disorder, suicide ideation, and suicide attempts: results from a general population study. Am J Pub Health 2000 Feb;90(2):251- 257.
90 Albertini RS, Phillips KA. Thirty-three cases of body dysmorphic disorder in children and adolescents J Am Acad Child Adolesc Psych-iatry 1999 Apr;38(4):453-459.
91 Herzog DB. Mortality in eating disorders: a descriptive study. Int J Eat Disord 2000 Jul;28(1):20-26.

Pin It on Pinterest