МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(24 – 31 мај: Во здраво тело здрав дух)

„Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските.“ (Пословици 17:22; Библија)

Помеѓу душата и телото постои многу тесна поврзаност: Штом едно од нив страда, другото сочувствува. Душевното расположение влијае на здравјето многу повеќе отколку што тоа мнозина воопшто можат да го сфатат. Многу болести од коишто страдаат луѓето се само последица на душевна депресија. Тагата, грижата, стравот, незадоволството, грижата на совест, чувството на вина, неверувањето – сето тоа допринесува за слабеење на животните сили и води кон уништување и смрт.

Болеста понекогаш се условува, а често многу и влошува со самата вообразба на болниот. Мнозина, на коишто инаку би им било добро, целиот свој живот остануваат инвалиди само затоа што самите себе се сметаат за такви.

Храброста, надежта, верата, сочувството и љубовта, го обновуваат здравјето и го продолжуваат животот. Задоволното срце и радосниот дух го поттикнуваат здравјето на телото и силата на душата.

Благодарноста, радоста, доброчинството, и довербата во Божјата љубов и грижа – тоа се најсигурните чувари на здравјето.

Силата на волјата и важноста на самосовладувањето, како за чување, така се и за обновување на здравјето. Исто така треба да се нагласат штетните па дури и разорни последици на гневот, незадоволството, себичноста, порочноста, а од друга страна, прекрасната животна сила којашто се наоѓа во доброто и пријатното расположение, несебичноста и благодарноста.

Во светите списи постои една физиолошка вистина – вистина на којашто треба да ѝ се посвети посебно внимание: „Веселото срце е одличен лек.“

Вистинските начела на христијанството пред сите оние што ги прифаќаат, отвараат извори на непроценлива среќа.

Ние треба да поттикнуваме дух на пријатно расположение и мирољубивост, и секогаш да бидеме полни со надеж, затоа што од тоа зависи нашето здравје.

Pin It on Pinterest