МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(17 – 23 мај: Умереност во сè)

„А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги – тоа нема крај, а да читаш многу – и тоа е заморно за телото.“ (Проповедник 12:12; Библија)

Среде постојаните умнствени напори, без одредено физичко раздвижување, мозокот има потреба од прекумерна количина на крв, и така циркулацијата станува неурамнотежена. Мозокот добива премногу крв, додека пак екстремитетите, рацете и нозете, добиваат премалку. Часовите на учење, одмор и рекреација треба внимателно да се распоредат, а еден дел од времето треба да се посвети во физичка работа. Здравјето не може да се зачува ако секој ден не се одвои извесно време за уцврстување на мускулите со вежбање на свеж воздух. Овие часови треба да се посветат на нешто што ќе ги стави во движење сите делови на телото. Изедначеното оптеретување на умните и физичките сили ќе го освежи умот на ученикот.

Умот на просветните и духовните работници често работи премногу. Тие, своите умни сили често ги трошат расипнички, додека од друга страна, има и такви на коишто физичката работа им е највисока цел во животот. Овие последните воопшто не го вработуваат својот ум. Тие своите мускули ги јакнат со постојана работа, додека мозокот со потполна неактивност го лишуваат од интелектуалната сила; токму така како што духовните работници и интелектуалците со работата постојано го јакнат својот ум додека на телото му ја одземаат силата и виталноста со тоа што го занемаруваат движењето и физичката работа. Здравјето треба да им биде доволен мотив кон умните напори да ја придружат и физичката работа.

За да имаме добро урамнотежени и сестрано развиени мажи и жени, потребно е да се комбинира моралното, умното и физичкото воспитување. Некои се способни за превземање на големи умнствени напори, додека другите повеќе ја сакаат физичката работа и во тоа наоѓаат задоволство. И едните и другите треба да се поправат во она што им недостасува, за да бидат во состојба целокупното свое суштество да го посветат во жива жртва, света и угодна на Бога, како своја разумна служба.

Здравјето треба да се чува исто така грижливо и неприкосновено како и карактерот.

Pin It on Pinterest