МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(24 – 31 мај: Во здраво тело здрав дух)

„Стравот од Господа ги умножува деновите.“ (Пословици 10:27; Библија)

На сите оние коишто Му се предаваат на Бога, подготвени Тој да ги поучува и води, неопходни им се часови на мирен и несметан разговор со сопственото срце, со природата и со Бога. Ние мораме индивидуално да го чуеме и да го препознаеме Неговиот глас кога му зборува на срцето. Кога секој друг глас ќе замолкне, и додека така тивко чекаме пред Бога, Неговиот глас во тишината уште подобро се разликува и препознава. „Смирете се“, вели Тој, „и познајте дека Јас сум Бог…“ (Псалм 46:10; Библија)

Среде заитаното мноштво, и покрај тоа што се притиснати со интензивните животни активности, оние коишто така се освежуваат ќе бидат опкружени со атмосфера на светлост и мир. Тие ќе примаат нови дарови, и физички, и умни сили.

Кога волјата ќе се стави на Господова страна, умот станува уште побистар и попосветен, а тогаш доаѓа до чудесно подобрување и во поглед на физичкото здравје.

Болести од психосоматска природа преовладуваат на сите страни. Во деведесет и девет проценти од случаите, токму во тоа лежи причината за сите болести од коишто страдаат луѓето. Некоја семејна неволја е можно да ја нагриза душата како рак и да ги ослаби живоните сили. И грижата на совеста, или пак погрешното учење за пеколот и бесконечното мачење на грешникот, понекогаш доведуваат до вакви пореметувања кај осетливите луѓе. Христовата религија е најуспешниот лек, затоа што таа најдоверливо ги смирува нервите.

На небото нема болести, таму здравјето е совршено и потполно, и доколку небесното влијание врз болниот којшто верува е подлабоко, дотолку неговото оздравување ќе биде посигурно. Побожноста не се спротивставува на законите на здравјето, туку напротив, е во склад со нив. Господовиот страв е темел за секој напредок.

Ние во грижата за нашето тело треба да соработуваме со Бога. Љубовта и верата кон Бога се важни услови за оздравување. Љубовта, надежта и радоста во Господа донесуваат совршено здравје.

Pin It on Pinterest