МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(17 – 23 мај: Умереност во сè)

„Нека вашата умереност им биде позната на сите луѓе. Господ е близу!“ (Филипјаните 4:5; Библија)

Редовноста во јадењето (не земањето на храна помеѓу оброци) е многу важна за здравјето на телото и за спокојство и ведрина на духот.

Во повеќето случаи децата се неупатени и го сметаат за неважно тоа – кога, како и што треба да се јаде. Ним им се дозволува да ја задоволуваат секоја желба, да јадат кога ќе посакаат, кога ќе видат некое овошје, а истото е и со колачите, лебот, маргаринот итн. Таквото земање на храна кога ќе им се посака ги прави алчни, а подоцна и диспептичари. Нивните органи за варење, како воденица којашто непрекинато меле, слабеат, така што преоптоварениот стомак ги повлекува животните сили од мозокот, и умните способности затапуваат. Неприродното стимулирање и постојаното оптеретување на животните органи ги прави многу нервозни, нестрпливи, самозадоволни и раздразливи. Кај таквите деца е тешко да се разбуди свеста за срамот и одвратноста на гревот.

Помеѓу оброците не треба да се зема ништо, дури ни некоја слатка, орев, овошје, ниту било што друго. Нередовноста во јадењето (земањето храна помеѓу оброци) го расипува вкусот, ги оштетува органите за варење, го нарушува и душевното расположение.

Друга штетна навика е земањето на храна пред самото одење на спиење. Во тој случај непријатни соништа го пореметуваат одморот, така што дотичната личност наутро се чувствува незакрепната, а и доручекот не ѝ е по волја. Затоа кога одиме на спиење, желудникот веќе треба да привршува со својата работа, за да може заедно со останатите органи да се одмори.

Секоја забрана што Бог ја препорачува е корисна за зачувување на здравјето и за вечното добро на човекот.

Кога припадниците на Божјиот народ би ги отфрлиле сите нездрави навики и штетни задоволства, тие би имале појасна претстава за тоа што ја сочинува вистинската побожност. Би дошло до чудесна промена во нивниот верски живот.

Pin It on Pinterest