МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 6 јуни: Христијаните можат да бидат вистински среќни)

„Блазе му на човекот, што ја нашол мудроста и на човекот, кој го придобил разумот.“ (Пословици 3:13; Библија)

Церемонијата на Давидовото помазување за тој млад човек било најавување на високиот позив што го очекувал.

Без оглед на високата положба којашто требало да ја завземе, тој мирно му се вратил на своето занимање, и исполнет со задоволство, чекал да се остварат Божјите планови во одредено време и на начин на којшто одредил Бог. Кроток и смирен, како и пред своето помазување, пастирот се вратил на своите ридчиња чувајќи ги своите стада нежно како и секогаш. Единствено во неговите песни, проследени со пријатните звуци на харфата, се чувствувало ново одушевување и вдахновение. Пред него се простирале богати предели полни со убавина. Размислувајќи длабоко за Бога и за Неговите дела, Давид ги развивал и јакнел способностите на својот разум за позивот којшто го очекувал во подоцнежниот живот.

Во убавината и силата на своите младешки години, Давид се припремал да завземе положба меѓу најблагородните на земјата. Своите таленти, како драгоцен Божји дар, ги користел да го воздигне својот божествен Дародавец. Имал можност длабоко во тишина да размислува, што го збогатило со мудрост и побожност, така што навистина му омилел и на Бога и на ангелите. Гледајќи го совршенството на Божјите творештва, стекнал појасна претстава за Бога. Нејасното му било расветлено, пречките исчезнале, привидните противречности се ускладиле, а секој зрак на светлина предизвикувал ново воодушевување и сѐ поубави фалбоспеви во чест на Бога и на Искупителот. Љубовта којашто го водела, грижите коишто го мачеле, успесите коишто го следеле, сето тоа биле предмети на негово постојано проучување и размислување; и кога во сите збиднувања во својот живот ќе ја согледал Божјата љубов, срцето уште поогнено ќе му зачукало во молитва и благодарност; гласот му одѕвонувал со побогати мелодии, а неговата харфа звучела многу попривлечно; така овој млад пастир стекнувал сѐ повеќе сила и сѐ повеќе сознанија, затоа што Божјиот Дух почивал на него.

Pin It on Pinterest