МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 6 јуни: Христијаните можат да бидат вистински среќни)

„Фалете се со Неговото свето Име, нека се радува срцето на оние што Го бараат Господа.“ (1 Летописи 16:10; Библија)

Огромни маси на луѓе копнеат за нешта што ги немаат. Тие ги трошат своите пари на она што не е храна, и својот труд на она што не може да ги задоволи нивните потреби. Тие гладни и жедни души ќе продолжат да гладуваат и жеднеат сѐ додека учествуваат во такви задоволства коишто не можат да ја задоволат душата. О, кога секој од нив би го послушал Христовиот повик: „Оној кој е жеден, нека дојде кај Мене и нека пие.“ (Јован 7:37; Библија) Оние коишто пијат од таа жива вода никогаш повеќе нема да ожеднат. Изворот на таа жива вода, изворот на животот, мирот и среќата може да се најде само во Христа.

Нека младите го величаат и фалат името на нашиот Спасител и Неговата голема добрина, за Неговата љубов и милосрдие и за Неговото нежно сочувство. Неговото име можат да го слават и величаат искажувајќи ја Неговата благодат со примерен живот и побожни разговори. И додека прават така, нивните склоности ќе станат милни и привлечни, а раздразливоста потполно ќе исчезне. Најсреќно е она срце во коешто Христос постојано пребива. Најблагословен е оној дом во кој побожноста претставува водечко начело. Во работилницата во којашто се чувствува Христово присуство и небесен мир работниците ќе бидат достојни за доверба, поверни и поуспешни од сите останати. Љубов и Божји страв ќе се огледува на секој чекор.

На овој свет залудно се бараат среќата и утехата. Тие можат да се најдат само во Христа. Затоа да Го запознаеме и да Го признаеме како свој најдобар Пријател и Спасител. Неговата привлечност и милина не можат со ништо да се споредат. Да настојуваме заедно со Него да го проживееме овој краток период на искушенија и проба, за да можеме со Него заедно да царуваме низ бескрајните времиња на вечноста.

Ако Христос со вера пребива во вашите срца, вие ќе бидете среќни, полни со благодарност и света радост.

Pin It on Pinterest