МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(7 – 13 јуни: Сигурен пат до вистинската среќа)

„Ако сакате да Ме послушате ќе уживате во земните плодови.“ (Исаија 1:19; Библија)

Во барањето да се покоруваат на законите на Неговото царство, Бог на припадниците на Својот народ им дава здравје, среќа, радост и мир.

Големото начело на љубов и преданост кон Бога, Таткото на сите луѓе, многу е слично на начелото на детската љубов и послушност кон родителите. Непочитувањето на родителскиот авторитет набргу доведува и до непочитување на Божјиот авторитет.

Од своето најрано детство, децата можат да го сфатат она што им се кажува едноставно и јасно, и на љубезен и разумен начин можат да бидат поучени да послушаат. Мајката не смее да дозволи детето во поедини случаи да стекнува предност над неа. А за да го одржи својот авторитет не е неопходно да прибегнува кон остри мерки. Цврстината и непоколебливоста во она што еднаш е речено, и љубезноста којашто детето го осведочува за нашата љубов, ќе ја остварат посакуваната цел.

Кога децата ја сакаат својата мајка, имаат доверба во неа и се спремни да послушаат, тоа е знак дека ја научиле вистинската лекција којашто ги прави христијани. Како што ги сакаат своите родители и им се послушни, имајќи во нив доверба, исто така мораат да му бидат послушни и на Христа, сакајќи го и имајќи во Него потполна доверба.

Подготвеноста, секогаш и без приговор, да се прифатат и послушаат мудрите родителски упатства, ќе допринесат, не само за среќата на самите деца, туку и на слава на Божјото име, и за доброто на целото општество. Децата треба да учат во потчинувањето на законите на родителскиот дом, да ја наоѓаат својата совршена слобода.

Децата ќе бидат посреќни, многу посреќни, под правилно насочените ограничувања на семејната дисциплина, отколку да бидат препуштени во својата неупатеност, да се раководат според моменталните побуди и желби.

Pin It on Pinterest