МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(5 – 11 јули: Благодетите на општествениот живот)

„Бидете гостољубиви еден кон друг без негодување. Бидејќи секој од вас добил дар, служете си со него еден на друг, како добри домоуправители на многукратната Божја благодат.“ (1 Петрово 4:9.10; Библија)

Кога духот на гостољубивост сосема ќе исчезне, срцето станува парализирано со себичност.

Доблеста на гостољубивост е една особина којашто Светиот Дух посебно ја набројува како обележје на оние коишто имаат одредена одговорност во Црквата. А налогот на апостолот: „Бидете гостољубиви еден кон друг“, се однесува на сите членови на Црквата.

Овие совети се необично занемарени дури и меѓу оние, коишто тврдат дека се христијани; вистинска гостољубивост ретко може да се види. Можностите да се укаже гостољубивост, нашиот народ не ги смета онака како што треба – како привилегија и благослов. Воопшто земајќи, има премалку друштвеност, премалку подготвеност покрај семејната трпеза да најдеме место уште за двајца или тројца, без збунетост или разметливост. Некои се жалат дека тоа им задава многу труд и грижи. Меѓутоа, тоа не би било така кога би биле подготвени да кажете: „Немаме ништо посебно подготвено, но добредојдени сте и на она што го имаме.“ За гостинот којшто тоа не го очекувал, таквото добредојде значи повеќе отколку најподробна припрема.

Христос води сметка за секој трошок на којшто се изложуваме заради Него. Тој ќе надокнади сѐ што изискува таквото залагање. Напорите на оние коишто заради Христа ги прифаќаат и ги угостуваат своите браќа, правејќи најдобро што е во нивна моќ таа посета да биде корисна, и за нивните браќа, и за нив самите, се бележат на небото, како чин достоен за посебни благослови.

Кога својата врата им ја отварате на сиромасите и неволните заради Христа, вие им укажувате гостопримство и на невидливите ангели. Вие, во својот дом повикувате цело друштво на небесни суштества коишто со себе донесуваат света атмосфера на радост и мир. Благодарноста што доаѓа од нивните усни, како и секое дело на милосрдие, на небото одѕвонува како музика.

Pin It on Pinterest