МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(5 – 11 aприл: Напредување во благодатта)
„Господ Бог, е сонце и штит: Тој дава благодат и слава. Не им ускратува Господ добра на оние што одат во невиност.“ (Псалм 84:11; Библија)
Мнозина не напредувааат во благодатта затоа што им недостасува верско воспитување во семејството.
Членовите на семејството треба да покажат дека постојано ја поседуваат силата примена од Христа. Поправајќи се постојано во своите навики и пракса, тие покажуваат дека сфаќаат, што значи да се биде христијанин. Оние коишто се христијани во својот дом, ќе бидат христијани и во црквата и во светот.
Даровите на Божјата милост можат да се развиваат само во она срце кое секогаш е подготвено за драгоценото семе на вистината. Трњето на гревот може да расте на било каква земја, не му е потребна никаква посебна нега. Но даровите на Божјата милост мораат грижливо да се негуваат и чуваат. Трњето и коровот постојано и непрекинато растат, затоа мора упорно да се работи на нивното уништување.
Она што карактерот го прави сладок и привлечен во семејството ќе го прави сладок и во небесните дворови. Ако треба да бидете светлина на светот, таа светлина најнапред треба да блеска во домот и во семејството. Овде со пример треба да ги потврдите христијанските доблести како што се: љубезност, трпение, добрина, но исто така и постојаност. Постојано треба да тежнеете кон облагородување на умот и на душата до највисок степен. Како кротки и понизни Божји деца, учете во Христовото училиште. Настојувајте своите способности постојано да ги усовршувате, за да можете да бидете во состојба во семејството да делувате што поуспешно, и со пример, и со поука. Нека светлината на небесните доблести го осветлува вашиот карактер, за како сончева светлина да блескате со пример во своето семејство.
Мерило на вашето христијанство се карактерните особини кои ги покажувате во својот семеен живот. Даровите на Христовата благодат го облагородуваат оној кој ги поседува, правејќи го домот место на радост и среќа, полн со мир и блаженство.