МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(4 – 10 октомври: Стравопочит во мојот живот)

„Затоа – Господ, Израелевиот Бог говори – навистина реков дека твојот дом и домот на твојот татко ќе стапуваат пред Мене до века, сега – говори Господ – нека е тоа далеку од Мене, ќе ги прославам оние кои Ме прославуваат Мене, а кои не Ме слават Мене, ќе бидат засрамени.“ (1 Самоилова 2:30; Библија)

Направете семејната атмосфера во вашиот дом да биде што е можно послична на атмосферата на небото.

Темелот на напредокот и благосостојбата на Црквата се поставува во семејството. Влијанијата коишто преовладуваат во семејниот живот се внесуваат и во животот на Црквата; затоа должностите и обврските што ги имаме во Црквата најнапред започнуваат во семејството.

Оние, кои правилно раководат со своето семејство, со своето влијание ќе внесуваат ред и стравопочит во Црквата.

Татковците и мајките во чиешто домаќинство Бог е секогаш и во сѐ на прво место, коишто ги учат своите деца дека стравот од Господа е почеток на мудроста, на тој начин Му оддаваат слава на Бога пред ангелите и пред луѓето. Во нивното семејство Христос не е странец, Неговото име во нивниот дом постојано се слави и воздига. Ангелите со задоволство живеат во домот во кој Бог има врховна власт и каде што децата се учат да гајат стравопочит кон религијата, кон Библијата и кон Творецот. Таквите семејства навистина можат да полагаат право на Божјото ветување: „Ќе ги почитувам оние што и Мене ме почитуваат.“ (1-ва Самоилова 2:30; Библија)

Оние коишто Го љубат Бога и ги почитуваат Неговите заповеди имаат света предност постојаното одржување на врска со Бога да ја изостри нивната претстава за славата и за светоста на сето она што е божествено. Ние треба да внесуваме стравопочит во својот секојдневен живот.

Во своите секојдневни животни должности ние премногу внесуваме од она што е неважно и вообичаено, и затоа не го гледаме Оној, Кој за телесните очи е невидлив. На тој начин губиме многу од Неговите благослови во своето верско искуство.

Вистинското стравопочитување се открива со послушноста. Бог не бара ништо што суштински не е битно и неопходно, а стравопочитувањето коешто Тој го одобрува може да се покаже само со послушност кон она што Тој го заповедал.

Pin It on Pinterest