МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(6 – 12 декември: Исполнување на ветувањата за вечниот живот)
„Зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа. Затоа, утешувајте се еден друг со овие зборови.“ (1 Солунјаните 4,16-18 ; Библија).
Христос доаѓа, доаѓа на облаците во слава голема и во друштво со мноштво на блескотни ангели. Тој доаѓа да ги награди оние кои што Го љубат и ги извршуваат Божјите заповеди. Тој доаѓа да ги земе кај Себе. Тој не заборава ниту на нив, ниту на Своите ветувања.
Наскоро, потоа, на исток се појавува мал облак, припадниците на Божјиот народ знаат дека тоа е знакот на Синот Човечки. Во свечена тишина го гледаат облакот како се приближува кон земјата, додека не се покаже како голем бел облак чијашто долна страна блеска како оган што проголтува, а над него е виножитото на заветот. На челото е Христос како моќен Победник.
Кога живиот облак ќе ѝ се приближи на земјата, секое око ќе го здогледа Кнезот на животот. Неговото свето чело не е повеќе нагрдено со трнлив венец, туку на Неговото свето чело блиска круната на славата. Неговото лице блеска со светлина посилна од пладневно сонце. „И на својата наметка има напишано: Цар над царевите и Господар над господарите.“ (Откровение 19:16 ; Библија)
Небесата се виткаат како свиток, земјата се тресе пред Него, а секоја планина и секој остров се помрднуваат од своето место. (Откровение 6:14 ; Библија)
Среде лулањето на земјата, светкањето на молњите и татнежите на громовите, гласот на Божјиот Син ги повикува светите кои спокојно почиваат во своите гробови. По сите краишта на земјата, каде што некогаш имало луѓе, мртвите ќе го чујат овој глас, и тие што ќе го чујат ќе оживеат. (Јован 5:25 ; Библија) Сите тие стануваат во свежина и сила на вечната младост.
Живите праведници ќе бидат „одеднаш, во миг” преобразени; на Божјиот глас тие ќе бидат прославени (1 Коринтјаните 15:52 ; Библија) тогаш стануваат бесмртни и заедно со воскреснатите се вознесуваат во воздух, на средба со Господа. О, колку величествена средба!