МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(3 – 9 мај: Одржување на физичките сили)

„Да пристапуваме со искрено срце во полна увереност на верата, со срца кои преку попрскување се очистени од зла совест и со тело измиено со чиста вода.“ (Евреите 10:22; Библија)

Совесното одржување на чистотата е битно и неопходно, и за физичкото, и за умственото здравје. Нечистотијата од телото постојано се излачува со посредство на ситните пори на кожата. Доколку таа со постојано капење не се одржува чиста, милиони пори набргу ќе бидат затнати, а нечистотијата којашто треба да се отстрани преку кожата ќе ги оптерети останатите органи за излачување.

Мнозина се осетливи на преладување, но со правилен начин на капење можат да станат поотпорни. После капењето доаѓа до подобрување во крвотокот, крвта тече кон површината на телото и се постигнува полесна и поправилна циркулација. Тоа допридонесува за освежување, и на умот, и на телото, мускулите стануваат поцврсти, а разумот побистар. Капењето делува смирувачки и на нервите. Учете ги своите малечки дека на Бога не Му е по волја кога ќе ги види извалкани, неуредни и со искината облека. Доличното одржување на облеката претставува еден начин, мислите да се насочат и задржат на она што е чисто и пријатно. Посебно долната облека, бидејќи таа доаѓа во непосреден допир со кожата, треба да се одржува чиста и слободна од секаков непријатен мирис.

Вистината со нежното стопало на својата нога никогаш нема да застане на патот на нечистотијата и неуредноста. Оној којшто така детално ги поучувал Изреилевите синови како да создаваат навики на чистота, ниту денес не поднесува никаква нечистотија во домовите на својот народ. Тој со неодобрување гледа на нечистотијата од било каков вид. Валканите и занемарени ќошиња по куќата наведуваат на склоност, исто такви валкани ќошиња да се негуваат и во душата.

Потполна чистота, доволна количина на сончева светлина, грижливо  поклонување на внимание на одржувањето на здравјето во сите поединости на домашниот живот, сето тоа е битно за домашните да се заштитат од болести и за да бидат радосни и силни. Небото е чисто и свето, и оние коишто сакаат да поминат низ вратата на Божјиот град, мораат уште овде да бидат облечени во чистота, и однадвор, и одвнатре.

Pin It on Pinterest