МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(2 – 8 август: Спасените треба да служат)
„А Самиот Бог и нашиот Татко, и нашиот Господ Исус Христос да го управи нашиот пат кон вас! А Господ да направи вие да растете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, како што и ние ја имаме кон вас.“ (1 Солунјаните 3:11.12; Библија)
Мисионската работа треба да започне во семејството. Оние, коишто Го примиле Христа, овде треба да покажат што направила Неговата милост за нив. Вистинскиот Христов верник го следи божествено влијание и тоа влијание се чувствува во целиот дом и поволно влијае на усовршување на сите членови на семејството.
Верното и совесно извршување на домашните должности влијае поволно на членовите на семејството. Нашиот духовен напредок во семејството се одразува на нашата мисионска работа надвор од семејството. Во родителскиот дом треба да понудиме докази за способностите за работа во црквата. Со искреност и понизен дух членовите на семејството треба да настојуваат Христос да биде во нивното срце. Тогаш ќе можат наоружени и подготвени да појдат на својата должност.
Напорите, својот дом да го направиме она што треба да биде – симбол на небесниот дом – нѐ припремаат за работа во поширок делокруг. Воспитувањето стекнато со искажување на нежно внимание кон другите нѐ оспособува да допреме до срцата на оние кои треба да ги поучуваме според начелата на верата.
На црквата ѝ се потребни духовните сили на сите оние што можат да стекнат корисно образование, за сите, а особено младите членови на Господовата фамилија, да можат да бидат верно и совесно чувани. Ако во семејството живееме во склад со вистината, тоа ќе се открие во несебичното залагање надвор од семејството. Оној, Којшто живее христијански во својот дом ќе биде запалена светилка чиишто блескави зраци ќе се шират на сите страни.
Колку што членовите на семејството се потесно поврзани во своето делување во домот, толку поблагородно и покорисно ќе биде влијанието кое таткото, и мајката, и синовите и ќерќите ќе можат да го имаат надвор од семејниот круг.