МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(26 – 31 јули: Рекреација и разонода)

„Пријател сум им на сите, што се бојат од Тебе и што ги чуваат Твоите наредби.“ (Псалм 119:63; Библија)

Помеѓу доличното дружење на Христовите следбеници со цел на една христијанска рекреација и световните собири за задоволство и забава, постои видна разлика и спротивност.

Наместо молитви и сериозни разговори за Христа и за светите вистини, од устите на неверниците се слуша будалесто смеење и несериозни разговори. Нивните забави и разоноди почнуваат со лудување, а завршуваат со суета.

Меѓутоа, ние, своите собири треба да ги организираме, и треба да се однесуваме на нив, така што кога ќе се вратиме дома, совеста да ни биде мирна, и пред Бога, и пред луѓето, затоа што не сме повредиле никого од оние со коишто сме се дружеле, ниту пак неповолно сме влијаеле на нив.

Ние ѝ припаѓаме на категоријата на оние што веруваат дека живеењето на Божја слава е привилегија што ни се нуди секојдневно; дека на овој свет не живееме само за да бараме забави и да си угодуваме себеси. Ние треба да бидеме на корист и благослов на ближните и на човековото општество воопшто.

Оние што навистина Го љубат Бога нема да бараат да се дружат со оние на коишто Христовата љубов не им е во срцето. Тие чувствуваат дека дружењето со христијани и побожните разговори претставуваат храна за душата, дека во друштвото на оние што Го љубат Бога се воздига небесна атмосфера.

Христијаните секогаш треба да покажуваат љубов и сочувство еден кон друг. Храбрејќи се едни со други, правејќи си еден на друг чест како на поголеми од себе, укажувајќи си помош еден на друг, во вид на упатства, укори и опомени, христијаните меѓусебно се надополнуваат во духовниот живот, затоа што христијанското дружење е во склад со Божјиот план.

Тие, на тој начин, покажуваат нежен обзир кон сите што имаат иста драгоцена вера и што Го љубат Бога. Меѓу нив постои такво сродство за коешто овој свет не знае.

Pin It on Pinterest