МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(27 – 30 септември: Учесници во божествената природа)

„Но на оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува, им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат.“ (Исаија 40:31; Библија)

Прекрасни и чудесни се можностите што им се нудат на младите за да ја најдат својата сигурност во Божјата Реч. Човечкиот ум едвај може да има претстава за духовните достигнувања до коишто може да се воздигне секое младо суштество, доколку стане соучесник во божествената природа. Со исправање на своите грешки и со задобивање на победи, тие секој ден можат да растат во мудроста додека не станат силни луѓе и жени во Христа Исуса.

Оној, којшто станал учесник во божествената природа, знае дека со тоа стекнува право на граѓанство за на небото. Тој добива инспирација од Христовиот Дух. Неговата душа е сокриена со Христа во Бога. Таквиот човек сатаната не може повеќе да го користи како свое орудие, преку кое лукаво ќе се вовлекува во Божјето Светилиште, сквернавејќи го Божјиот Храм. Тој задобива победа по победа на секој чекор, Тој се занимава само со оние мисли коишто го воздигнуваат и облагородуваат. Секое човечко суштество тој го смета за драгоцено, затоа што Христос умрел за секоја душа.

„Оние коишто се надеваат во Господа добиваат нова сила, се подигат на крилја како орли.“ Човекот, којшто се надева во Господа во Него ја наоѓа и својата сила, и е доволно силен да се одржи и под најтешкиот притисок. Но сепак, кога искрено е замолен, тој лесно застанува на страната на милоста и сожалувањето, затоа што тоа е Христовата страна.

Оној, којшто потполно ќе Му се потчини и предаде на Бога, подготвен е да ја твори Неговата волја. Тој вредно и во понизност секогаш настојува да дознае што е Божја волја. Тој прифаќа дисциплина, и не си дозволува да се раководи само според своето ограничено расудување. Тој во молитва одржува постојана врска со Бога, и разговара само за она што е небесно. Поврзувајќи се на тој начин со Бесконечниот Создател, човекот станува учесник во божествената природа. Нему стрелите на непријателот не можат да му наштетат, затоа што е заштитен со оклопот на Христовата правда.

Pin It on Pinterest