МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(28 – 30 јуни: Христос е секогаш покрај тебе)

„Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога.“ (Римјаните 8:28; Библија)

Кога ќе наидат искушенија, имајте на ум дека сето тоа е дозволено за ваше добро. Кога ќе ве снајдат искушенија и неволји знајте дека тоа наидува само затоа што Господ сака да ви ја обнови силата и да бидете уште попонизни, за да може да ви го подари Својот благослов и Својата подршка. Во цврста вера и надеж, „која не посрамотува“, држете се до Божјите ветувања.

О, колку добра сторил Господ за секој од нас, и со каква сигурност можеме да се потпреме на Него! Тој нѐ нарекува Свои деца. Затоа Му приоѓаме како на сакан Татко. Тој сака блескавите зраци на Неговата правда да се одржуваат на нашето лице, како и во нашите зборови и постапки. Кога така ќе се сакаме едни со други, како што Христос нѐ сака, бариерите коишто нѐ одвојуваат од Бога, и едни од други, ќе бидат срушени, и многубројните пречки кои спречуваат Светиот Дух да се излие во нашите срца ќе бидат отстранети. Потпрете се на Христа со полна доверба. Тој ќе ве земе, и вас, и вашите товари.

Господ сака Неговиот народ да биде среќен, и Тој пред нас постојано отвара нови извори на утеха и охрабрување, за во сите наши сегашни доживувања да наоѓаме радост и спокојство. Не треба да очекуваме дека утеха, радост и среќа ќе имаме само на небото. Ние на сето тоа имаме право уште во овој живот овде. Многу грешиме што пропуштаме многу благослови коишто би можеле така добро да ни дојдат во нашите страдања и болки. Сите наши страдања и таги, сите искушенија и неприлики, секој удар и болка, секое прогонство и лишување, накратко, сето она што нѐ снаоѓа – сето тоа е дозволено за наше добро. Да гледаме со вера во светлината којашто се наоѓа над облаците и маглата, коишто ја закриваат.

Нашата среќа не зависи од она што е околу нас, туку од она што е во нас, не од она што го имаме, туку од она што сме.

Pin It on Pinterest