МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(30 – 31 август: Награда за верноста во службата)

„Тогаш ќе светне како зората твојата светлина и твоето здравје ќе процвета бргу. Твојата правда ќе оди пред тебе, а Господовата слава ќе ти биде заштитница.“ (Исаија 58:8, Библија)

Зарем тоа не е токму она за кое сите ние копнееме? О, да, здравјето и мирот се наоѓаат во извршувањето на волјата на нашиот небесен Татко.

„Твојата правда ќе оди пред тебе, а Господовата слава ќе ти биде заштитница. Ако викнеш, Господ ќе ти одговори, кога ќе извикаш, ќе рече: Еве Ме! Ако ги отстраниш од својата средина јаремот, испружениот прст и безбожната беседа, ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината и твојата темнина ќе стане како пладне. Господ ќе те води непрекратно, ќе те сити во сушни краишта. Тој ќе ги закрепнува твоите коски и ќе бидеш како напоена градина, како кладенец чија вода никогаш не пресушува.“ (Исаија 58:8-11; Библија)

Кога ќе го облечеш голиот, кога ќе го внесеш сиромавиот во куќата и го нахраниш гладниот, „тогаш ќе светне како зората твојата светлина и твоето здравје ќе процвета бргу.“ ((Исаија 58:8; Библија) Доброчинството е навистина одличен лек против секоја болест.

Задоволството кое го чувствуваме правејќи им добро на другите му дава нов полет на целокупното наше суштество, го оживува крвотокот, го подобрува, и умното, и физичкото, здравје. Чистата и беспрекорна вера не се одржува во чувствата, туку во делата на милосрдие и љубов. Таквата вера донесува здравје и вистинска среќа. Од осквернатиот храм на душата, таа како со бич ги изгонува сите грешни мисли. Завземајќи го престолот на срцето, таа осветлува сè и со своето присуство ја посветува душата.

Прозорците на душата, таа ги отвора кон небото и кон светлите зраци на Божјата љубов. Со неа во душата доаѓа спокојство и ведрина. Физичките, умните и моралните способности јакнат затоа што атмосферата на небото како живототворна струја ја исполнува душата.                              

Pin It on Pinterest