МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(1 – 3 октомври: Почит и внимателност)

„Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот.“ (1 Петрово 2:17; Библија)

Апостолот овде јасно изложува каков став треба да имаат верниците кон граѓанските власти. „Заради Господа покорувајте ѝ се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник, било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалат оние, кои прават добро! Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе, како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги! Почитувајте ги сите, љубете го братството, бојте се од Бога, почитувајте го царот!“ (1 Петрово 2:13-17; Библија)

Наша должност е во секој случај да им се покоруваме на законите на својата земја, освен кога тие доаѓаат во судир со вишите закони, кои Сам Бог ги изговорил со јасен глас од Синај, а потоа со Сопствен прст ги запишал на камени плочи. Десетте Божји закони претставуваат основа на сите праведни и добри закони. Оние, Кои од љубов ги почитуваат Божјите заповеди ќе му се покорат и на секој добар овоземски закон.

Ние, човечката власт ја признаваме како институција која Бог ја одредил, и учиме дека покорувањето на властите е света должност во границите на нејзините легитимни права. Меѓутоа, кога барањата на властодржците ќе дојдат во судир со Божјите барања, ние попрво треба да Му се покориме на Бога отколку на луѓето. Божјата Реч мора да се признае како нешто што е над секое човечко законодавство. Геслото: „Вака вели Господ“, не смее да му го отстапи местото на она вообичаеното: „Така вели црквата“, или: „Така вели државата“. Христовата круна мора да се воздигне над било каква власт на земските силници.

Од нас не се бара да им пркосиме на оние кои поседуваат одредена власт. Нашите зборови, било да се изговорени или напишани, мораат да бидат внимателно одмерени. Поучувајте ги луѓето во сѐ да им се покоруваат на законите на својата држава, ако тие закони не се во спротивност на Божјиот Закон.

Pin It on Pinterest