МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(3 – 9 мај: Одржување на физичките сили)
„Ти благодарам што сум создаден толку чудесно, што се Твоите дела прекрасни. Мојата душа тоа добро го знае.“ (Псалм 139:14; Библија)
Механизмот на човечкото тело никогаш не може во потполност да се сфати, тој во себе крие тајни коишто ги збунуваат и најголемите умови. Работата на пулсот и процесот на дишење не се последица на делувањето на механизмот кој – откако еднаш бил ставен во погон – механички продолжува да работи.
Секој ден, секој удар на срцето, активноста на секој нерв и мускул во човековиот организам, претставува постојан доказ за силата на секогаш присутниот Бог.
Творецот од нашето тело направил жив организам. Секоја функција е чудесно и мудро создадена. И Бог дал збор дека тој организам ќе го одржува во здрава состојба доколку човечкото орудие му се покорува на Неговите закони и соработува со Бога.
Сите законитости коишто владеат со организмот на човечкото суштество според нивното потекло, карактер и значење треба да ги сметаме за божествени исто како и напишаната Божја Реч.
Секоја невнимателна постапка и секоја злоупотреба на овој чудесно создаден организам, секоја навика да се занемарат Неговите, посебно нагласени закони во тој поглед, претставува кршење на Божјиот Закон. Набљудувајќи ги Божјите дела во светот на природата, можеме на многу нешта да им се воодушевуваме, но човечкиот организам е нешто најчудесно.
Секој дел на чудесно создадениот човечки организам, како една жива машинерија, треба грижливо да се проучува.
Кога проучувајќи ја физиологијата ќе увидат колку навистина прекрасно се создадени, луѓето ќе бидат исполнети со искрен восхит и стравопочитување.
Наместо да го сквернават делото на Божјите раце, амбициозно ќе се залагаат да направат сè што е во нивната човечка моќ, за да се исполни величествениот план на Творецот. Тоа ќе ги наведе, послушноста на здравствените закони, да не ја сметаат за жртва или самоодрекување, туку за она што таа навистина е – непроценлива предност и благослов.