МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(26 – 31 јули: Рекреација и разонода)

„Затоа, оди по патот на добрите и држи се за патеката на праведниците!“  (Пословици 2:20; Библија)

Има начини за рекреација кои се многу корисни, и за умот, и за телото. Раководејќи се според посветениот разум којшто знае да прави разлика помеѓу доброто и злото, можат да се пронајдат многу видови на забава и разонода кои, не само што се безопасни, туку се и поучни. Рекреацијата на чист воздух, размислувањето за Божјите дела во природата, можат да бидат од најголема корист.

Додека тежнееме да ги освежиме својот дух и своето тело, Бог бара од нас, сите свои сили, секогаш да ги употребуваме во најдобри цели. Својата рекреација можеме, и треба да ја искористиме, така што, таа ќе нѐ оспособи за уште поуспешно извршување на должностите коишто нѐ очекуваат, за да можеме да вршиме уште поблаготворно влијание на оние со коишто се дружиме. Тоа особено треба да биде случај во приликите како што е оваа, кога сите треба да почувствуваме пријатно расположение и радост. Ќе се вратиме дома со зајакнато тело и дух, подготвени на своите обврски да им се вратиме со повеќе надеж и храброст. Ние веруваме дека е голема предноста што во секој ден од својот живот можеме да Го славиме Бога, што на земјата не живееме само заради сопствено задоволство, само за да си угодуваме себеси; овде сме за да му бидеме од корист на човечкиот род, да бидеме на благослов на другите.

Овде ја набљудуваме убавината на природата, но додека сето тоа го гледаме, нашите мисли треба да се воздигаат кон Оној, Кој сето тоа го создал. Да Го славиме и воздигнуваме Творецот на вселената, Којшто ги создал сите тие убавини за наше добро и за наша среќа.

Мораме да најдеме време за одмор, време за рекреација, време за размислување за Бога.

Pin It on Pinterest