МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(25 – 31 октомври: Водството на ангелите во мојот живот)

„Благословувајте го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово!“ (Псалм 103:20; Библија)

Ангелите, иако невидливи, во соработка со видливите човечки орудија, со здружени сили им укажуваат помош на сите оние на кои им е потребна. Има ли нешто што толку го поттикнува и бодри духот како што е мислата дека човечките суштества, како видливи орудија, ги пренесуваат благословите од делувањето на ангелите? Ако соработуваме со Бога на таков начин, делото ќе носи натпис на божествено одобрување. Со каква радост и задоволство гледа целото небо на така здруженото влијание, влијание кое е признато и во небесните дворови! Човечките суштества претставуваат раце на небесните орудија, затоа што небесните ангели ги користат човечките раце во практичното служење на потребите на другите. Нивните дела на несебична служба ги прават соучесници во успесите на здружено укажување на помош. Тоа е небесен начин на раководење со спасоносната сила. Знаењето и активноста на небесните ангели, здружени со знаењето и напорите на човечките орудија, им донесуваат олеснување на потиштените и обесхрабрените.

Токму оние ангели коишто војувале против сатаната и кои триумфирале на Божјата страна, кога овој се обидувал да ја придобие превласта во небесните дворови; токму оние коишто воскликнувале од радост на своите возвишени положби кога бил создаден нашиот свет и кога нашите прародители стапиле на бината како негови први жители, најповеќе се заинтересирани, заеднички со паднатиот и откупен род, да работат на развојот на оние сили кои Бог му ги нуди на секој поединец што е подготвен да се здружи со небесните суштества во барањето и спасувањето на човечките суштества кои пропаѓаат во своите гревови.

Човечките орудија се повикани користејќи се со знаењето и способностите на небесните ангели, да им бидат нивна помошна рака. Соединети со тие сили кои се семоќни, ние можеме да се користиме со нивните неспоредливо поголеми знаења и искуства. Со таквата соработка се остварува делото кое служи на чест и слава на Бога.

Pin It on Pinterest