МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(26 – 30 aприл: Ширење на добро влијание)

„Така што им станавте пример на сите верници во Македонија и Ахаја. Зашто, од вас Господовото слово се разгласи не само во Македонија и Ахаја, туку вашата вера во Бога се рашири во секое место, така што нема потреба ние да зборуваме нешто.“ (1-во Солунјаните 1:7.8; Библија)

Ако можете да вршите спасоносно влијание макар само на една душа, сетете се дека небото се радува за еден грешник кој се кае. Со промислено вложени напори, вие можете да станете средство за една изгубена овца да се врати во Христовото стадо. Иако можеби сте млади, вие можете да соработувате со Христа. Раководејќи се според Неговиот Дух, ќе бидете во состојба да направите дури и повеќе отколку што тоа сега изгледа.

Со својот пример, ако е сличен на Христовиот, можете да им бидете од помош на мнозина, дури ако не кажете ниту еден збор. Со стрпливото продолжување да правите добро, вие им помагате на другите, упатувајќи ги нивните нозе на патот на вистината и правдата. Внимавајте само добро да отпочнете, а потоа само мирно продолжете понатаму.

Решени цврсто да се држите до вистинските начела, ќе имате влијание на урамнотежените да ги насочите во добар правец. Нема граници на доброто влијание што може да се изврши на таков начин. Ако Божјата Реч ја земете како правило на својот живот и своите постапки ги ускладувате со нејзините прописи, настојувајќи сè што правите да биде на благослов на другите, вашите напори ќе бидат крунисани со успех.

Младите коишто Му се посветени на Бога можат да имаат силно влијание на добро. Проповедниците и долгогодишните членови не можат ни напола да вршат така силно влијание врз младината, како што тоа го можат самите млади кои што Му се посветени на Бога.

Тивкото сведоштво на верниот, несебичниот и побожниот живот врши скоро неодоливо влијание.

Спонтаното и несвесното влијание на светиот живот претставува најубедлива проповед којашто може да се изнесе во корист на христијанството.

Pin It on Pinterest