МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(20 – 26 септември: Совршенство на карактерот)

„Но од нив царството ќе го преземат Светите на Севишниот, и тие ќе го владеат во векови на вековите.“ (Даниел 7:18; Библија)

Бог на небо ќе ги земе само оние, коишто благодарејќи и на Христовата милост и благодат, станале свети уште на овој свет, и во коишто Тој го гледа одразот на Христовиот карактер. Кога Христовата љубов станува владеачко начело во душата, тогаш навистина ќе се види дека со Христа сме сокриени во Бога.

Бог со радост може да ги прифати само оние кои во љубов, со молитва и во постојано бдеење, го прават она што го правел и Христос додека бил на овој свет.

Колку што попотполно се огледува Христовиот карактер во припадниците на Божјиот народ, толку Тој е позадоволен и толку повеќе им се радува. На таквите им се радуваат и Бог и сите небесни ангели и ги дочекуваат со песна. Грешникот, којшто ќе се покае и ќе поверува во Евангелието, се прогласува за невин, а неговата вина се пренесува на Христа. На должникот му се припишува Христовата правда, а како краен резултат, наспроти неговото име стои напишано: Простено – Вечен живот.

„Вие сте Божје сопственост“, вели апостолот. Како што домаќинот наоѓа задоволство во обработката на својата градина, така Бог наоѓа задоволство во духовниот развој на Своите верни синови и ќерки. Одржувањето на градината бара непрекината работа. Плевелот мора да се корне и да се отстранува; мораат да се садат нови билки, гранките и ластарите што пребрзо растат мораат да се сечат. Така и Господ работи во својата градина, негувајќи и одржувајќи ги Своите билки. Тој не може да биде задоволен со развојот на оние коишто не ги покажуваат благодетите на Христовиот карактер. Христовата крв ги прави луѓето и жените драгоцени Божји штитеници. Некои од билките во Божјата градина се толку слаби што во нив едвај се наѕира живот, но Тој и на таквите внимава и се грижи .

Во небото ќе влезат само оние коишто за време на проверката ќе формираат карактер којшто ќе пренесува небесно влијание. Оние коишто како свети ќе бидат примени на небото мораат да бидат свети уште овде на земјата.

 

Pin It on Pinterest