МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(22 – 28 март: Чувајте ги приодите на својата душа)

„Додека дојдам внимавај на читањето, на опоменувањето и на поучувањето!“ (1 Тимотеј 4:13; Библија)

Бог на Својот народ му дал голем избор на одлични книги. Нека Божјото слово најде достојно место во секоја просторија на вашиот дом. Нека Светото писмо, како леб на животот, секогаш ви биде пред очите. Парите кои би ги потрошиле за весници и модни ревии, подобро вложете ги во публикации кои ја содржат сегашната вистина, и таквите публикации чувајте ги на најистакнатите места во својот дом. Тоа можете со секоја сигурност да им го понудите на своите деца и млади.

Романите и новелите не треба да најдат место во домовите на оние кои веруваат во Христа. Не ставајте го пред младите она што во Билбијата е опишано како „дрвја, слама и сено“, затоа што тоа ќе им го затруе вкусот, па така она што е опишано како „злато, сребро и драгоцености“, воопшто нема да им биде привлечно. Читањето на бескорисно и лекомислено напишаните книги треба строго да се забрани.

Пред очите на своето семејство секогаш држете само таква литература која ја облагородува душата, ја чисти и ја воздигнува. Проучувајте ја Библијата.
Настојувајте што подобро да се запознаете со драгоцените вистини коишто се наоѓаат во неа. Правејќи така, ќе го почувствувате благотворното влијание на Светиот Дух во својот дом.

Секој миг од животот е неверојатно драгоцен, и теба да се искористи во припрема за идниот вечен живот. Збогатувајте го својот ум со изобилство на предмети содржани во Божјото слово; со мисли кои облагородуваат и воздигаат, за да бидете подготвени да го кажете вистинскиот збор во вистинското време на сите коишто се наоѓаат во сферата на вашето влијание.

Читањето на ваквите публикации никогаш нема да ве направи нервозни диспептичари* во ментален поглед. Земањето на лебот на животот нема никому да му наштети, напротив со таквото читање умот прима храна која го јакне срцето во вистината. Мораме да се подготвиме за најсериозните должности, за работата на спасување на душите.

Имајќи го во вид обемот на работата којашто е пред нас, како некој воопшто си дозволува своето драгоцено време и дадените од Бога средства да ги растура на она што не му служи на добро, ниту е на слава на Божјото име?

*Диспептичар (гр.мед.) оној кој што пати поради пореметувања во органите за варење.

Pin It on Pinterest