МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС
(26 – 30 aприл: Ширење на добро влијание)
„Само биди одлучен и храбар за да направиш сè верно според наредбите што ти ги даде Мојсеј, Мојот слуга. Не свртувај од тоа ни десно ни лево, за да ти биде среќно сè што ќе преземеш.“ (Исус Навин 1:7; Библија)
Во Библиските записи за Јосиф, Данило и неговите другари, гледаме како ланецот на непоминливата вистина може да ги приврзе младите за Божјиот престол, така што никакви искушенија нема да можат да ги наведат да застранат од патот на својата честитост. Тие Божјето одобрение го ценеле повеќе од наклоностите и сите почести на вавилонскиот двор, затоа и Бог ги сакал и им ја подарил Својата моќна заштита. Поради нивната беспрекорна предаденост, поради нивната одлучност, Божјата чест и слава да ја воздигнат над секоја човечка сила, Господ очевидно и високо ги почестил пред луѓето. Тие биле почестени од Господ Бог над војските, чијашто сила и власт е над сè што создала Неговата рака на небото, на земјата и под земјата. Тие момчиња не се срамеле да го развеат своето знаме и гордо да чекорат под него. Со своите зборови, со своите навики и пракса, тие, својата вера во Бога јавно ја признале и во царските дворови. Одбиле да се покорат на било каква земска наредба кога била во прашање честа и слвата на Божјото име. Силата за својата верност кон Бога, така одлучно да ја истакнат, ја добиле од небото.
Никогаш да не се срамиме од своето знаме, да го воздигнеме високо и да го развееме неустрашиво пред очите на луѓето и ангелите. Светот има право да го дознае токму она што со право може да се очекува од секое разумно обдарено човечко суштество. Оној којшто има живо олицетворување на цврстина, одлучност и верност кон начелата на правдата, со својот христијански живот ќе врши големо влијание врз околината. Многумина не сфаќаат колкаво влијание секој од нас врши, или на добро, или на зло. Вашата среќа, и за овој, и за идниот живот, зависи од вас самите. Колку е важно секој поединец добро да размисли каде ги води другите. Ние сакаме да наследиме вечен живот, и затоа сериозно треба да размислиме за тоа какво е всушност нашето влијание врз другите!