МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(18 – 24 октомври: Христос во мојот живот)

„На кои Бог сакаше да им јави како е богата славата на оваа тајна меѓу народите: Христос во вас, надеж на славата.“ (Колосјаните 1:27; Библија)

„Христос во вас – надеж на славата.“ Разбирањето на оваа тајна претставува клуч за разбирање и на сето останато. Тоа пред душата на искрениот истражувач на вистината ги отвара ризниците на вселената и нуди можност за бесконечен развој.

Ваков развој ќе постигнеме само ако Божјиот карактер – славата и тајните на Неговата напишана Реч – постојано ни се откриваат. Кога би биле во состојба уште овде да сфатиме сѐ во потполност за Бога и за Неговата Реч – Библијата, тогаш за нас повеќе не би постоело никакво ново откривање на вистината, никакво поголемо сознание, ниту било каков понатамошен развој. Бог би престанал да биде највисок, а човекот би престанал да напредува. Фала Му на Бога што тоа не е така.

Бидејќи Бог е бесконечен и во Него се сокриени сите богатства на мудроста, ќе можеме да истражуваме низ сета вечност, секогаш ќе учиме, а сепак богатството на Неговата мудрост, Неговата добрина и Неговата слава ќе остане неисцрпно. Оние кои се борат за спасение на своите души нека ја вложат во тој правец онаа иста енергија и истрајност којашто би ја вложиле за стекнување на овоземско богатство, и тогаш целта ќе биде постигната.

Сите кои овде се учесници во Христовото дело за спасување на душите и коишто се надеваат да бидат учесници во славата на идното царство, мораат да собираат со Христа. Секој поединец мора да чувствува одговорност, пред сѐ, за сопствената душа.

За оние кои ќе се одржат на христијанскиот пат, Христос ќе биде и ќе остане надежта на славата, и тие со задоволство ќе зборуваат за Неговата слава со цел, на тој начин да си ја закрепнат душата. На таквите делото на Нивниот Учител секогаш ќе им биде блиско и драго. Секој христијанин мора постојано да напредува од сила во сила, и сите свои способности да му ги посвети на Божјото дело.

Животот на вистинскиот верник покажува дека Спасителот пребива во неговото срце. Неговиот живот претставува постојано сведоштво за силата на Христовата милост.

Pin It on Pinterest