МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(22 – 28 ноември: И јас можам да станам победник)

„Остатокот Израелев веќе нема да прави неправда, не ќе зборуваат лаги…“ (Софонија 3:13; Библија)

Вистинољубивоста и чесноста се божествени својства, и оној кој ги поседува овие особини поседува сила која што е невидлива.

Никогаш не избегнувајте ја вистината: никогаш не изговарајте ја невистината, ниту со поука ниту со пример. Бидете исправни и непоколебливи. Дури ни површното избегнување на вистината не треба да си го дозволиме на себеси.

Спасителот длабоко ја презира секоја измама. Острината на казната изречена на Ананија и Сафира тоа најјасно го потврдува.

На Бога Му се омрзнати усните кои изговараат лага. Тој вели дека во Светиот Град „нема да влезе ништо што е нечисто, и оној кој ја сака лагата и лаже“. (Откровение 21:27; Библија) Да се држиме до вистината цврсто и одлучно. Вистинољубивоста треба да биде составен дел на нашиот живот. Да си играме со вистината и да се преправаме поради остварување на некои себично сковани планови значи да претрпиме бродолом на својата вера. Оној којшто зборува невистина ја продава за џабе својата душа. Неговите лаги понекогаш можат да изгледаат и корисни; можеби ќе изгледа дека со тоа постигнува работни успеси кои со чесно држење не би можел да ги постигне. Меѓутоа, таквиот човек на крајот оди толку далеку што повеќе нема доверба во никого. Бидејќи и самиот е лажго, тој нема доверба ни во зборовите на другите.

Никој не треба гордо и суетно да се фали со својата вистинољубивост. Човекот не ја познава силата на својата вистинољубивост и чесност сѐ додека не помине низ навистина тешкото искушение за до пари да дојде на сомнителен начин.

Само оној чиешто срце е исполнето со љубов којашто доаѓа од Бога нема да им дозволи на самовозвишеноста и на нечесноста да најдат место во неговото срце. Оној, кој наново ќе се роди со Дух Свети, Го открива Христа во својот секојдневен живот, тој е исправен во сѐ што превзема. Никогаш не се служи со лукавост, препреденост и подмолност во своите постапки. Добрите плодови коишто се гледаат во неговиот живот се одраз на она што му е во срцето.

Pin It on Pinterest