МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(18 – 24 октомври: Христос во мојот живот)

„И слезе со нив и дојде во Назарет, и им беше послушен… А Исус напредуваше во мудрост, во растењето и во благодатта пред Бога и пред луѓето.“ (Лука 2:51.52; Библија)

И покрај Својата света мисија и Своето возвишено сродство со Бога, за коешто бил длабоко свесен, Христос не ги избегнувал практичните животни должности.

Тој заедно со Својот небесен Татко го создавал светот, а сепак ги признавал Своите обврски кон Своите овоземски родители; и отповикувајќи се на повикот на должноста и на желбата на Своите родители, се вратил со нив после празникот пасха, и им бил послушен. Потполно потчинувајќи му се на родителскиот авторитет и признавајќи ги обврските на син, брат, пријател и граѓанин, ги вршел должностите кон Своите земски родители со учтивост и целосна почит. Тој бил Величество на небото и голем Заповедник на небеските војски. Ангелите со задоволство ги слушале Неговите наредби. А сега станал подготвен да им служи на сите, весел и послушен син.

Исус не се повлекувал од она што се очекувало од Него како верен син. Не тежнеел да направи нешто посебно по што би се разликувал од останатите младинци или на што би го полагал правото на Своето небесно потекло. Дури ни Неговите пријатели ниту сродници, за цело време додека не ја започнал Својата јавна мисија, не забележале никакви посебни обележја на Неговото божество. Христос бил сталожен, самопожртвуван, благороден, пријатно расположен, љубезен и секогаш послушен.

Молчењето на Светите списи за Христовото детство и Неговата младост содржат важна поука и за родителите и за децата. Тој бил наш пример во сѐ. Во незначителното придавање на внимание на Неговото детство и детска доба се наоѓа пример и за родителите и за децата, дека доколку периодот на детството и раната младост помине помирно и понезабележано, дотолку детето ќе остане поприродно и послободно од вештачките возбудувања, и дотолку неговото детство ќе биде поповолно за формирање на карактер во чистота, природна едноставност и вистинска морална вредност.

Pin It on Pinterest