МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(19 – 25 јули: Пријателска дружељубивост)

„Но кога разговараат оние кои се плашат од Бога, Господ внимава, ги слуша и тоа се запишува пред Него во Спомен книгата во полза на оние, кои се бојат од Господа и кои Го почитуваат Неговото Име. Мои ќе бидат, моја печалба – говори Господ над Воинствата. Во денот што го подготвувам ќе им бидам милостив како што таткото му е милостив на синот, кој му служи.“ (Малахија 3:16.17; Библија)

Секој од нас има лична одговорност пред Бога, лична задача којашто никој не може да ја изврши за друг. Тоа е задачата, со поука, лични напори и со пример да ги поправаме оние коишто се околу нас. Бидејќи треба да негуваме дружељубивост, тоа нека не биде само поради разонода, туку со одредена цел, со цел да ги спасуваме душите. Нашето дружење и општење со другите секогаш треба да го карактеризира мудрост и расположение коешто небото го одобрува. Нашите разговори треба да се сведуваат на она што е небесно и од духовна природа. Што е подостојно за наше внимание, и што повеќе треба да ги обземе нашите мисли отколку што е чудесниот план на спасението? Тоа е неисцрпна тема. Христовата љубов, спасението понудено на паднатиот човек преку Неговата неизмерна жртва, светоста на срцето, драгоцените и спасоносни вистини за овие последни денови, милоста на Исуса Христа – тоа се предмети коишто можат да ја поттикнат душата и да го очистат срцето да ја почувствува онаа радост којашто ја почувствувале учениците кога Исус им се придружил на патот за Емаус. Оној чијашто љубов е насочена кон Христа ќе наоѓа радост во таквото дружење, тој, таквите разговори ќе ги смета за свети и тие ќе му даваат и ќе му ја обновуваат духовната сила.

Кога Божјата вистина ќе стане владеачко начело во срцето, таа ќе биде слична на жив извор. Ако се обидете да го прекинете таквиот извор, тој избива на друго место; тој незадржливо навира и не можете да го спречите. Вистината примена во срцето е незадржлив извор на животот. Таа ги освежува уморните, ги спречува злите мисли, недоличните зборови, и сѐ околу себе го прави да биде бујно и духовно напредно. Среќата на таквите се наоѓа во Исуса Христа и во Неговата бескрајна љубов.

Pin It on Pinterest