МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(22 – 28 февруари: Излевање на Светиот Дух)

„Јован крштеваше во вода, а вие ќе бидете крстени со Светиот Дух.“ (Дела Ап. 1:5; Библија)

Тоа што обилноста на Божја милост не се излева на луѓето во поголем обем не е последица на никакво ограничување од Негова страна. Излевањето на Духот е Божествен дар за луѓето. Тој дава со дарежливост којашто луѓето не ја сфаќаат правилно и не ја ценат затоа што не сакаат да ја примат. Кога би биле волни и подготвени да ја примат, сите би можеле да бидат исполнети со Духот. Ние премногу лесно се задоволуваме само со грепкање на површината, додека имаме предност да очекуваме длабоко проникнување на Божјиот Свет Дух.

Со примањето на овој Дар, ние би ги добиле и сите останати дарови, затоа што тој дар го примаме спорема преголемото изобилство на Христовата благодат, и Тој е подотвен со тоа да ја обдари секоја душа во склад со нејзината можност на примање. Затоа да не се задоволуваме само со делумно примање на овој благослов, со примање на Духот само толку колку да не заспиеме на смрт, туку најревносно да тежнееме кон изобилството на Божјата милост.

Дадени ни се навистина многу ветувања, коишто нѐ уверуваат во полнотата на силата со којашто Бог сака да нѐ обдари, но сепак сме така слаби во верата што не се фаќаме за тие сигурни ветувања. О, колку ни недостасува жива и ревносна вера во тие вистини на Божјото слово! Таа голема потреба на Божјиот народ му е постојано пред очите.

Ние живееме во самото предвечерие на овоземската историја – како да го разбудиме Божјиот народ да го сфати и согледа тоа. Ние треба најревносно да тежнееме за таква вера со којашто ќе можеме да се фатиме за моќната рака на Бога.

Духот им се дава само на оние кои понизно очекуваат да го примаат тоа од Бога, коишто непрекинато го бараат Неговото водство и Неговата милост. Оваа Божја сила очекува тие да ја побараат и да ја примаат. Овој ветен благослов, кога ќе Го побараме со вера, ги донесува со себе и сите други благослови. Тој се дава спрема богатството на Христовата милост, и Тој едвај чека да ѝ Го подари на секоја душа во склад со нејзината подготвеност и способност да Го прими.

Pin It on Pinterest