МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(19 – 25 јули: Пријателска дружељубивост)

„На зелени пасишта Тој ми дава починка; при тивки води – ме води. Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради своето име.“ (Псалм 23:2.3; Библија)

Неколку семејства коишто живеат во еден град или на село нека се здружат, нека ги остават своите секојдневни работи со кои, и физички, и умствено, постојано се преморуваат, и нека тргнат на излет во природа, на брегот на некое убаво езеро, или пак во некоја прекрасна шумичка каде што природата е така бујна и привлечна. Едноставниот и здрав оброк, којшто можат да го земат со себе, најдобро би било да се состои од овошје и зрнеста храна, а „трпезата“ нека ја стават во ладот на некое дрво или под ведро небо. Возењето, движењето и природната декорација на околината ќе предизвика добар апетит и тие ќе уживаат во закуската на којашто и царот би можел да им позавиди.

Во таквите околности родителите и децата треба да се чувствуваат слободни од грижите и збунетоста што ја донесуваат секојдневните работи. Родителите, во дружењето со своите деца и самите треба да се однесуваат како деца, правејќи сѐ што можат за да им биде убаво и пријатно. Целиот ден треба да се посвети на рекреација. Движењето на чист воздух ќе биде посебно корисно и здраво за оние коишто работат во затворен простор и седејќи.

Сите оние на коишто можностите тоа им го дозволуваат, треба ова да го сметаат како своја должност. Со тоа нема ништо да се изгуби, напротив, многу ќе се добие. Тие, на своите работни места, ќе се вратат со нова енергија, своите работни задачи ќе ги извршуваат со нова сила и ревност, а ќе станат поотпорни и спрема болестите.

Меѓутоа, само малкумина од нив увидуваат колку е заморна постојаната работа во канцеларијата. Тие со денови и недели поминуваат во затворен простор, додека постојаното напрегање на умните сили неизбежно го поткопува нивното здравје и им го скратува животниот век.

На таквите им се потребни почести промени – по цел ден да ѝ се посветат на рекреацијата со членовите на своето семејство, коишто скоро потполно се лишени од нивното друштво.

Pin It on Pinterest