МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(16 – 22 август: Како да бидам добар ближен)

„На чесните им изгрева светлина во темнината:Тој е благ, полн со сочувство и праведен.“ (Псалм 112:4; Библија)

Секаде каде што спонтано се искажува љубов и милосрдие, каде што срцето тежнее да ги усреќи другите и да им послужи на благослов, се покажува делувањето на Светиот Божји Дух. Во амбисот и на самото дно на назнабоштвото имало луѓе, кои кон Христовите слуги, биле мошне љубезни, штитејќи ги дури и во опасност по сопствениот живот, иако за пишаниот Божји Закон дотогаш ништо не знаеле, а за Христовото име дури и не слушнале. Со своите постапки тие го покажале делувањето на божествената сила врз нивните срца. Светиот Дух ја всадил Христовата благодат во срцата на дивјаците, и во нив разбудил сочувство и милосрдие наспроти нивната природа и нивните навики.

Сите, кои стапуваат во заедништво со Него, Христос настојува да ги воздигне до таа мера да станат едно со Него како што Тој е едно со Својот небесен Татко. Тој дозволува да дојдеме во контакт со бедата, страдањето и несреќата на нашите ближни, за на таков начин да нѐ изведе од затворениот круг на нашата себичност. Тој настојува во нас да ги развие особините на Својот карактер: сочувство, нежност и љубов. Прифаќајќи ја оваа служба, ние се ставаме во Негови раце и влегуваме во Неговата школа за да се подготвиме и да се удостоиме за небесните дворови.

Соработувајќи со небесните суштества во нивното дело на земјата, ние се подготвуваме и за дружење со нив на небо. Ангелите во небото ќе им посакаат добредојде на сите оние кои на земјата живееле не „за да им се служи“, туку тие да им служат на другите. Во тоа благословено заедништво, на своја вечна радост, ќе го искусиме сето она што е опфатено со вечното прашање: „Кој е мојот ближен?“ Секој чин на љубов, секој збор на добрина и благост, секоја молитва за болните и обесправените, се познати пред престолот на Вечниот и се бележат во непропадливиот записник на небото.

Pin It on Pinterest