МОЈОТ ЖИВОТ ДЕНЕС

(19 – 25 aприл: Користење на примените таленти)

„И така внимавајте грижливо како живеете! Не како немудри, туку како мудри; пазете на времето, зошто дните се зли.“ (Ефесјаните 5:15.16; Библија)

Бог луѓето ги обдарил со таленти, не за тие таленти да останат неискористени или да ги користат за себични задоволства, туку да ги употребат за добро и за благослов на другите. Бог на луѓето им го подарил и времето, како посебен дар, за и на тој начин да допринесат за слава на Неговото име. Кога своето време го пропуштаат во себични задоволства, така поминатите часови засекогаш се изгубени. Нашето време Му припаѓа на Бога. Секој момент е Негов. Ниту за еден дар со којшто нѐ обдарил, Бог нема да бара построга сметка отколку за нашето време.

Вредноста на времето е непроценлива. Христос секој миг го сметал за драгоцен, па така и ние треба да го сметаме. Животот е премногу краток за да го препуштиме во лудости. Деновите на милост и проба што ни се дадени да се припремиме за вечноста се кратки и поминуваат многу бргу. Припадниците на човечкиот род само што почнале да живеат, почнуваат и да умираат; и непрекидната работа во овој свет, ако тоа биде причината за да не се информираат за вечниот живот, на крајот нема да значи ама баш ништо. Човекот што правилно ја сфаќа вредноста на времето, и животот го искористува како свој работен ден, навистина се подготвува за горните станови и за живот кој никогаш нема да помине. За него е вистинска среќа што се родил.

Животот е премногу сериозен за да го препуштиме во поминливите овоземски работи; да се мачиме и грижиме за она, што во споредба со вечните вредности, е атомски ситничаво и потполно безвредно. Па сепак, Бог нѐ повикува и во својата работа и овоземските доживувања да Му служиме Нему. Марливоста во нашата работа е дел на вистинската вера исто како и побожноста. Библијата не го одобрува безделничењето. Тоа е најголемото проклетство што го погодува овој свет. Секој човек и секоја жена коишто вистински се обратени ќе бидат грижливи работници. Секој момент од нашето време е оптоварен со вечни последици.

Pin It on Pinterest